Економијата во добро и лошо
SaveAss
Веќе подолго време немам напишано статија, нормално дека причината е јасна. Весникот не е веќе тоа што беше, има се’ повеќе наградни игри него реални теми... но еве малку да резонираме околу мојата тема Економија.
Откако ги шитнав житарите, малку подетално завлегов во пазарот на еРепублик. Пред се’ ќе говорам за пазарот на ресурси, зашто пазарот на готови производи е поделикатен.
Пред да почнеме да губиме територии златото си држеше константна цена околу 620-650 МКД и нормално како паралела сега кога сме пак на оригиналните територии истото рипна на околу 750-770 МКД или за некои 15-20%.
Единствена работа што се случи во овој период беше намалувањето на производството на нашите фирми и тоа тому за овој процент.
Значи повеќе од логично е да се претпостави дека постои линеарна поврзаност помеѓу количината на произведени ресурси и производи со цената на златото на пазарот.
Спречувањето на увозот со регулирање на таксите остава простор да се заклучи дека самите ние индректно вршиме увоз. Од она што можев јас да го анализирам атрактивни дестинации се Словенија, Шведска, Романија и сл. Што би значело дека на овој или оној начин правиме увоз, но сигурно тоа го прават и другите.
Трета и многу важна работа е дека немаме грам трговска култура и ја забораваме целта на трговијата, па тепаме 24 часа збирајќи денар по денар и кога ќе се земе ROI на инвестицијата поарно е никогаш фирма да не си отворел. Е тоа не го разбирам, но од овој синдром лек нема и во РЖ.
Значи да пробаме да го лечиме она што може да се лечи, каде пред се’ под лечење подразбирам враќање на курсот на денарот на завидно ниво.
Интересното е што преку анализа на домашниот пазар заради факторот увоз, во можност сме да го анализираме и глобалниот пазар т.е.
- Постои дефицит на железо – глобална цена 0,38 мкд
- Постои суфицит на жито – глобална цена околу 0,32 мкд
Веројатно ова е последица на подарокот од админите кој го имаат сите играчи, распределбата на бонусите и сл, но сепак можеме позитивно да го искористиме. Верувам дека сите ќе увидат дека инвестирањето во железо е многу по бенефитно од инвестирањето во жито, иако јас ви тврдам дека ние имаме проблем со дефицит на жито.
Поентата е едноставна, да се гледа малку надвор од кутијата. Доколку треба да произведете 300 железо или 300 жито, подобро е да инвестирате во рудник за железо. Оние на кои им е потребно жито ќе треба да почекаат да го продадат железото и да си купат жито и тоа до 40 единици повеќе отколку кога би отвориле житара.
Нормално стравот е дека цената на железото би паднала и стравот е оправдан, но повикувајќи се на точка 2 трговците ќе ги изнесуваат сите количини кои се со цена под 0.40 МКД во државите каде има дефицит.
Тука може позитивно да се вклучи и државата:
- Стратешки да ловиме индустриски бонуси
- Да потпомага во отворањето на фирми за ресурси
- Да направи критериум, услови и стратегија за развој на стопанството и мерки за казна доколку играчот не се придржува до истите или награда доколку ги исполни
- Да се стреми кон јакнење на денарот, но и штитење на количината злато преку девалвација во периоди како овој (ова е малку во делот на финансии)
Реално тука е местото каде би пробал да го охрабрам симнувањето на таксите за увоз, зашто сакале или нејќеле тој постои. Неговото легализирање ќе надмине некои проблеми кои сега ги имаме, а бенефитот ќе отиде во државната каса. Истите пари би можеле да отидат во јакнење на домашното производство.
Откако ќе ги преземеме овие чекори можеме да се стремиме и кон јакнење на независноста од надворешни ресурси од друг тип, но да почнеме со ред.
Со почит,
SaveAss
Comments
Економијата во добро и лошо
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1865702/1/20
sakas da kazis drzavat da stane trgovec???????(ako dobro te razbrav)
kitce
ништо не си го разбрал а и тој лута со мозокот анализирајќи ја економијата во еМакедонија.
Здрава економија за силна и јака еМакедонија
http://www.erepublik.com/en/article/-32-1--1865482/1/20
kitce, ne da stane trgovec nego aktivno da uchestvuva vo razvojot na ekonomijata.
Svmihail, svetec ili ne tebe te imam chitano no nema da komentiram vo tvoj stil. Vprochem toa shto go imash napishano veke postoi odamna vo mojot vesnik. Ako mislish deka lutam zashto nemam ponudeno konkretno reshenie, toa e zatoa shto ima bezbroj reshenija.
pozz do site.
Dobra analiza...
steta sto nema da vleze vo top5 : /
„Тука може позитивно да се вклучи и државата:
- Стратешки да ловиме индустриски бонуси
- Да потпомага во отворањето на фирми за ресурси
- Да направи критериум, услови и стратегија за развој на стопанството и мерки за казна доколку играчот не се придржува до истите или награда доколку ги исполни
- Да се стреми кон јакнење на денарот, но и штитење на количината злато преку девалвација во периоди како овој (ова е малку во делот на финансии)“
Нашава држава никогаш немала економска стратегија затоа што играта ја водат економски аналфабети кои секојдневно повторуваат „Шо сака Плато тоа прави со економијата“. Ај што тие неможат да го видат коренот на проблемите, ама барем да дозволат некој што го гледа да предложи решенија.
Иако мислам дека 95% од читателите нема да ти ја разберат статијава убаво е да остане во архива за да се види дека некој знае што се случува во економијата.
о7
Мене ме ни се битни тие 95%, битни ми се тие 5%.
Затоа не делам тенкови 🙂
о/
SaveAss
Твоето лутање на мозокот е повеќе твото погрешно размислување за пазарот на пари поради погрешната анализа што си ја направил.
Извини незнаев дека покрај светец си и психијатар.
Слободно коментирај на темата, помалку на мојата психа.
Ако нешто не ти е јасно слободно прашај, не е срамота.
Искрено очекував повеќе од тебе. До сега имаше интересни анализи но оваа повеќе ми изгледа како некоја раскажана лекција.
Сепак добро е да се прочита дека некој сеуште се секира за економијата во играта.
Во моментов имаме министерство за финансии кое што работи со донации и дневн извештаи. Смешка жива. Немаме предлози идеи за стабилизација.
Каква и да е економијата треба да и се фати некој крај.
Инаку забелешка.... коклку и да има нови фирми за WRM цената си останува иста. Секој сега инвестира во таа суровина. И покрај намалувањето на бројот на вработени од бесконечен на 5 цената си остана иста.
Во играва потребни се луѓе кои ќе дадат здрави идеи и кои ќе се нафатат да ја водат економијата, а не да даваат извештаи каде отишле парите.
Секоја чест за бобан и екипата негова, но тоа не спаѓа под министерство за економија.
Потребна е свежа крв, свежи идеи и акција...
Дечки без навреди,ама појма немате никој.
Благодарам за убавите зборови.
- ако давав и конкретни идеи ќе беше „Војна и мир“ наместо статија.
- околу цената на ресурсите... тоа е токму тоа што е дел од анализата, дека домашниот пазар има големо влијание од светскиот. Исто така DW фирмите сеуште функционираат, па бројните работници се заменија со редица сменети работници. Сепак во целина бројот на играчи што работат е ист. Тука улога игра и балансот во играта, но тоа е друга приказна.
- Луѓе има, само јас не можам да се самопрогласам за надлежен на нешто.
Ете газдата на Рамстор се јави директно од Турција. Поздрав и до тебе и до сите кои имаат некаква врска.
Само заборави да го спомнеш админскиот БОТ. тој ја дефинира економијата. а ако доволно си играл ќе забележеше дека во зависност од бројот на ресурси со кои располага државата и бројот на играчи, се штима ботот.
Колку помалце ресурси има државата толку на повисоки цени земам ботот. Со тоа се зголемува внесот на странска роба кај нас, златото се остава кај странските играчи, а се зголемува значително количеството домашна валута, а со тоа најдиректно се влијае на ММ и цената на златото...
Значи муабетов ми е дека џабе вие кревате даноци, отворате фирми, се договарате на приватни канали за картелски цени, ботот т.е админите ја креираат економијата.
Ако сакате да се намали цената на златото, ќе треба да се испотиме и да освоиме ресурси, за да поевтинат суровините и да се намали увозот од странство, а со тоа ќе се намали и откупната цена на ботот.
И како што кажа Шмеќерот: "Кој разбра, разбра"...
о7
Хахахах ајде kocc друже паметен Еве јас не сум економист не се навредувам. Ама дај ако си паметен пиши некоја реченица.
Просветли не нас и државава еднаш да ја оправиме економијата.
Ако има некој предлог или идеа јас прв ке ја пробам приметам.
Сите чекаме други (bo meklebovcki) да дојдат да ни ја оправат дрзавата....
Ајде да ги земеме работите во наши раце....
Во ред значи спас ни се територии... Во моментов не можеме да ги земеме... Имаме само тенкови...
Јас се израдував едно време кога ми се продадоа денари по 0.003.
Ајде таа опција паѓа во вода... Дајде друго некое решение.
Мене искрено преку глава ми е од оваа состојба во економијата.
Имам фирми ама не ги вртам работниците за да бркам парички.
Дајде предлози еве и смекерот и стратсниот заедно со савеасс имаат предлози и желба нешто да се направи...
Дајте некоја голема идеа да од главите кои што се разбораат од екон омија... Може оваа не е таа како од РЖ ама вреди да се проба. Тука барем не губиле вистински пари
Страшниот... за ботот сите знаеме, но мислам дека тука поголемо влијание имаат т.н. шверцери, не дека се баш тоа ама ете.
Значи играчите во потрага по поголема заработка се во состојба да купат роба од една земја и да ја продадат во својата. Со тоа го оставаат златото на својата земја кај нас, нормално сега се случува обратното. Впрочем линеарноста посочена погоре покажува дека ботот и реално не постои.
Доколку ботот навистина „штампа“ денари кај нас, треба со помош на даноци да го изрегулираме тој прилив и да ги гориме денарите со тоа темпо.
Ме интересира некои мислење од одговоринете во државава на оваа тема..
Ајде ако не да му се придружиме сите на ботот. Да се објават цените закои што ги купува производите и да ко искористиме до максимуму неговиот потенцијат. Ке се има пари за отворање на крави и сол ке се зголеми производствотот ке се намали побарувачката и ќе се крене цената на златото.... јас барем тоа успев да сватам од коментарите ?!?!?
Стварно ве гледам се мачите нешто економски да кажете ама пак ќе кажам дека појма немате.Цела економија на играта паѓа на товар на играчот,државата нема врска што може да направи или што да прави.Го качивте импортот и ќе ве прашам зошто? Која е разликата дали ке биде 50 или 75,кој тоа го решава и зошто.Труби сте.Кај помалите држави тоа е еден од поголемите начини на приход,а што добивме ние? Малку ли е 50+5 данок ако некој сака да продава кај нас.Ајде одговорете ми кој го смени импортот и зошто!!
Тајните на бизнисот нема да ви ги откривам,оти нешто и да ви кажам пак нема да разберете.Тупете ја вие пак што фали повеке у Македонија жито или железо,смешки.
@kocc
Злато си нема што...
Многу ми се допаѓа како размислуваш како безрезервно сакаш да помогнеш на државата и да дадеш нешто повеќе на играта.
Јас како што кажав не сум економист ама барем барам некои решение и некој излез. А ти што правиш... Навредуваш а уште се правиш паметен..
Продолжи само напред.
Коч, само да ти кажам дека играва ја направиле програмери, а не економисти. FAIL
Не кажуваш ништо што не знаеме. За трговија со препродавање знаеме сите како се прави. Те молам не биди толку напорен, или постави прашање или дади сугестија.
MeDs Leinad
никого немам намера да навредам,само пак ке прашам кој го смени импортот и зошто,која е целта на оваа промена и сакам конкретен одговор да видам како и дали воопшто некој размислува,а ако те интересира нешто повеке може слободно да ме прашаш на пм.
@kocc
Јас не ни знам дека е менуван закон... Јас сум војник... Пукам по цел ден... Реков не се занимавам од економија.
Импортот го смениј некој кој мислел дека е правилно а нашиве телетаписе го изгласале...
Треба да има дебата околу таков закон..
Ја читав сега програмата на дон тас... Ветени се многу раноти ништо не е исполнето..
Не иде вака... Доста се кубеме за коси како некои девојки...
Еве место за иде, дајте да правиме нешто нели гледате дека нема луѓе веќе кои ја играат играва. Мора нешто да се прави..
Ако се предложи некој економски план и се изгласа референдум за него како што беше што да се прави во војната со ИТ и ГР тогаш ќе може да се притисне конгресот да го изгласаат законот.
Само треба убаво да се предложи и да се објаснат позитивните и негативните страни.
Ако не бива ќе се вратат даноците назад.
Луѓе нема место да се плашиме за нешто.. Како и да е касата е полна. За донации ќе има за неколку дена додека се исправи грешката - доколку настане некоја
SaveAss
Извини што мислев дека размислуваш со својот мозок, очигледно сум погрешил.
- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -- - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - -
( Доколку ботот навистина „штампа“ денари кај нас, треба со помош на даноци да го изрегулираме тој прилив и да ги гориме денарите со тоа темпо.)
Ме интересира како мислиш да ги гориш денарите?
@kocc
Се сложувам со тебе дека подобро си ја сфатил монетарната свера во играва од некои други, не можиш да кажиш за другите дека појма немаат. сите по нешто знаат.
Жими све се откажувам од вас...
Невозможни сте... секој со своето его...
Over and Out...
- па СвМихаил вака... исто како што гориш голд кога вежбаш. Значи ако отвориш житара гориш денари, ако користиш пари за преселба гориш денари, ако купиш склад гориш денари. и.т.н.
Ако ги субвенционираш овие постапки, значи го подржуваш горењето.
Очекувам други прашања.
MeDs Leinad
Проблемот со економистите е што тие разбираат економија но ги мрзи тоа убаво да им го раскажат на народот. Тие ги советуваат политичарите а не народот. Така ги учат у школо и затоа те фаќа нервоза додека сакаш да воспоставиш нормална дебата со нив, бидејќи тоа е практично невозможно : )
Јас ќе кажам еден предлог кој може уште од оваа минута да го применува владејачката структура и на тој начин да извлече повеќе денари од промет. Државата е сопственик на НБРМ. НБРМ е организација која спаѓа во категоријата „државна организација“. Разликата на овие организации со обичните е во тоа што „државните организации“ можат да донираат и да примаат неограничени донации во злато додека сите останати смртници сме лимитирани на 10 злато донации дневно. Автоматски на овој тип на организации им се овозможува да тргуваат на ММ со злато. Јас со НБРМ во следните денови би го купувал целото злато што се продава пониско од 800 МКД и би го продавал за 800 МКД. На тој начин ќе ги стимулирам странците да си го продаваат нивното злато на нашиот ММ за да купуваат поефтина стока од нашиот пазар.
Ова до сеа никоја влада не го пробала како мерка бидејки се плашат од нешто а и они немаат поим од што. Ако не го продадат златото по 800 МКД пофторно за некој ден нека го продадат по 750 МКД и нека си ги вратат парите назад. Просто како боза а со голем ефект во македонската економија. Треба да има еден дечко шо постојано ќе си игра на ММ со парите од државата. И не само на нашиот ММ туку посебно и на ММ на непријателските држави. Тоа е уште по фраерски : )
@smekerot.
Ете дечко со тебе може муабет да се прави... Ајде пиши една статија.. Јас ќе те поддржам околу тоа. Ќе спроведеме дебата ем ќе се извади непотребното злато од каса.
Ќе видиме народот што сака а што не... Ќе се направат пари за повеќе рефунд. Ќе има за тенкови и за храна.. Ем пак ке се полни каса со пари од даноци. Волкот сит и овците на број.
Во продолжение на Шмекерот ќе се повикам на една Јапонска поговорка:
Ако го научам царот сам да си лови риба, целиот свој живот ќе биде најаден. Во спротивно ќе треба да го хранам секој ден.
ЗНачи добар начин да се практикува рефунд. Во принцип околу 3 компании за железо би обезбедиле ПОСТОЈАН рефунд за еден војник од 6 тенка. Значи оние војници кои немаат Mercenary медал можат да им се довери инвестиција од 3*7.500 МКД за да имаат постојан рефунд.
Во рок од неполни 12-18 дена зависно од бнус ресурсите и сл. оваа инвестиција целосно би се исплатела.
За оние кои сакаат да отворат сами фабрика за RAW нека биде поддржан овој процес со тоа што би оставале гаранција од 5 голд и отплата на рати од 4.500 денари за да добијат 8.500 мкд. Всушност за 5 голд добиваат фирма која сама ќе си се отплати и ќе почне да им носи профит за неполни 10 дена. (ова е повеќе за младите играчи кои многу брзо добиваат 5 голд и потоа 10)
има уште многу вакви примери кој со малку евиденција многу ќе ја подигнат економијата.
Гледам дека оваа статија е од пред 2 дена а има само 30 гласа : )
Не е лошо тука во коментари да дадеме идеи за економијата и секоја интересна идеја да биде убаво објаснета во статија за да можат момците шо не се разбираат во економија да ја сфатат.
Финтата со играва во овој момент е да се најдат повеќе начини со кои ќе се извадат денари од економијата и ке се употребат за градење на фирми за рав од 7.500 МКД. Тоа е клучниот момент што економската политика треба да се фокусира за да направи повеќе фирми кај своите граѓани но ПОСЕБНО КАЈ ВОЈНИЦИТЕ
Денари од економијата можат да се извадат на 3 начини:
1. Со закон да се донира од Treasury во НБРМ
2. Со закон да се купуваат болници или одбранбени системи за 99.999 МКД а на сопственикот да му се даваат пристојни суми со кои ќе му се купат болниците или системите а останатите пари да ги донира во НБРМ
3. Со мешетарење на ММ со „државни организации“
Државата до вчера го употребуваше само бр.1, после моја интервенција на кандидатурата на Дон Тас со коментар сеа гледам дека активно се ангажираат и за бр.2 (бараат момци што имаат болници и одбранбени системи за продажба), но сеуште никој не се испробал во бр.3. Е за таму треба поштен дечко а и да му сече црпката да не направи утка и да изгуби многу пари.
Истовремено заради суфицитот на железо повеќе би се работело во фабриките за тенкови за плата. Така ќе има и повеќе тенкови.
Шмек, твојот весник има далеку повеќе читатели. Мојата идеја е да дадам иницијатива. Има повеќе кои ја разбраа тематиката (дури 30). Ако требаат идеи ехее има еден куп.
Али овие кои ги спомнавме се доволни за почеток.
Можеби не само државата, него и самите MU треба да го исфинансираат ова, за да останат повеќе работници за тенкарите.
SaveAss
Не се работи за тоа кој колку читатели има туку на кој начин ќе му го презентираш на читателот тоа шо го имаш во главата. Тука публиката се тинејџери и студенти на кои играта им е издувен вентил од секојдневните обврски и несакаат да се замараат околу неа со непотребни „глупости“.
Тие сега живеат во системот наречен РЕФУНД и на тој систем се прилагодуваат секојдневно. Бегаат од единица во единица барајќи поголем РЕФУНД. Командантите привлекуваат нови војници ветувајки поголем РЕФУНД. Јас ја водам Тигри и секојдневно се соочувам со тоа. Сеа ќе биде многу тешко на тие дечки да им кажеш дека тој РЕФУНД ја труе еМакедонија однатре. Дека РЕФУНДОТ е тумор или рак рана на државава која полека но сигурно ја убива.
Ај кажи им ја јапонската поговорка на момците кои имаат по дваесетина години и се со нај јаките акаунти во државава а не дале ниту денар реални пари и немаат ниту една фирма а пукаат секојдневно како луди. Тој РЕФУНД ги направи криминалци децата во една виртуелна игра. Направи да крадат од сопствената држава и станаа толку силни што можат да ти кажат, и ти кажуваат да си ја ставиш таа јапонска поговорка каде сакаш бидејки нив не ги интересира. Тие се хранат од овој систем наречен РЕФУНД и не се за промени, а не се свесни дека овој систем ги направил преваранти и криминалци. Дека РЕФУНДОТ им ја зел честа и моралот. Ама не го сфаќаат сериозно ова бидејки е игра. А игра е, зарем не? : )
SaveAss
Со твојте примери денарите единствено го менуваат сопственикот а не се горат.Истите тие денари повторно ќе дојдат во оптицај и истите повторно ќе ги гориме на ист начин!?????
smekerot
Тие сега живеат во системот наречен РЕФУНД и на тој систем се прилагодуваат секојдневно. Бегаат од единица во единица барајќи поголем РЕФУНД. Командантите привлекуваат нови војници ветувајки поголем РЕФУНД. Јас ја водам Тигри и секојдневно се соочувам со тоа. Сеа ќе биде многу тешко на тие дечки да им кажеш дека тој РЕФУНД ја труе еМакедонија однатре. Дека РЕФУНДОТ е тумор или рак рана на државава која полека но сигурно ја убива.
Убаво си кажа , само го пропушти најважното , дека ти како нивен командант ги направи такви какви што ги опишуваш а го испушташ деталот колку всушност тие тебе те збогатиле и колку ти заедно со своите војници-робови сте ја оштетиле еМакедонија.
За осум месеци со поштена игра ти ниту некој друг да стигне до 29 LvL и да има 15 фирми. Ти се уште добро не ја познаваш играва уште си млад играч.
Svmihail probaj da so gi povratish vlozenite sredstva pa da vidime dali ne se gorat. Deka ke ima novi denari za gorenje znam no ke ima novi igraci I ke ima stari koi ke se otkazuvaat, no isto taka ke ima I novo zlato.
Shmek mislam deka optimalen nacin da zemat (Momentalno) do12 tenka e toj. koj nudi tolku refund neka pise.
Ostanatite prepukuvanja Nema da gi komentiram. No pred da gi prodadam 4te zitari I jas imav 15tina firmi
SaveAss.
botot navistina postoi i adminite go stimaat celo vreme. imase momenti koga se pravea po 6-8 zlato dnevno (ah zlatni vreminja 😃). taka i si otvoriv q5 tenkara na sosema legalen nacin.
Smekerot e vo pravo koga veli deka drzavata mora da vmesa prsti na MM. Za da se spreci preprodavanjeto roba, mora da se krene kursot na denarot na 800-820. I plus merkata za subvencii za firmi, bi trebalo da se potsredime malce.
A realen refund koj moze da si go dozvoli sekoja edinica bez subencii e 4 tenka po covek. Zosto momentalno eden vraboten proizveduva 12 tenka, nego mora da go pokrivaat uste 2 vraboteni vo raw firma. Znaci, imame 12 tenka za trojca t.e 4 tenka po covek.
Ova e matematika za paravoena vo koja ne zavisi od multivitamini i drzaven refund.
svmihail
Јас како командант ако сакам да ги задржам војниците во единицата која ја раководам треба да се прилагодам на системот кој го креира државата. Јас не го креирам тој систем и не го сакам туку сум дел од него исто како и ти и сите ние заедно. А тоа дали јас сум млад или стар играч или криминалец или робовладетел е најмалку битно бидејки јас не сум предмет на дискусија туку економскиот систем во еМакедонија наречен РЕФУНД.
SaveAss
Јас сум за моделот со субвенции за изградба на нови фирми со кои би се изгореле денарите од македонската економија, а сум против рефунд
Strastniot
Точно е тоа за математиката за Воена Единица во овој момент дека секој војник треба да зема толку колку што произведува односно 4 тенкови. Но со субвенцијата за изградба на рав фирми секој војник би произведувал дополнителен рав кој би го продал и би купил дополнителни 3-4 тенка. Со оваа мерка опремата што војниците би ја добивале во било која единица ќе се изедначи на 4 тенка, а војникот ќе бира каде да влезе најмногу поради друштвото за муабет бидејки секаде ке добива иста опрема.
Сега играчите лутаат од единица во единица по поглем рефунд бидејки единиците што прават поголем инфлуенс можат да си дозволат да им дадат дополнителна опрема (поголема од 4 тенкови) на војниците бидејки земаат РЕФУНД од државата.
Со тоа лутање од паравоена во паравоена играта се претвори во гонење на материјалното (злато, пари, медали, тенкови, леб... ) а не она поради кое сите се вклучивме во оваа игра а тоа е да и се помогне на нашата татковина Македонија во борбата со непријателите. Затоа и бегаат играчите од играва бидејки таа веке не е тоа поради кое се вклучиле да ја играат.
smekerot
Извини малку повеќе претерав револтиран од фактот дека се осниваат воени единици со една цел да се дојди до евтина работна рака и од неговите последици.
Со нешто ако не се сложувам тоа и не го правам и не влегувам во таква положба да морам да го правам она со што не се сложувам .
Јас сум против моделот за субвенции за изградба на нови фирми но сум за субвенции за надградување на постоечките фирми.
SaveAss
Јас парите само ќе ги потрошам нема да ги изгорам тие само ќе станат сопственост на некој друг па нека се тоа и самите Админи во играва и самиот платон. Дали јас ќе си ги повратам потрошените пари не е битно. Тие се уште ќе се во опток.
Ако на пазарот купам тенк и тој тенк го потрошам во една борба ќе останам и без пари и без темк.Ама не значи дека се изгорени, и ако никогаш нема да ги повратам.
Не знам со сигурност што станува со парите и имотите на банираните граѓани и на граѓаните кои ја напуштаат играва. Имотите сигурно се уништуваат а дали и парите или нив повторно ги пуштаат во опток
Значи, прво мило ми е што почна конструктивно да се прави муабет.
Шмек, јас фала богу не сум видел рефунд веќе 2 месеца 🙂 Дали е тоа ОК или не незнам, али мразам од други да зависам. Во секој случај мислам дека Q5 фирмите треба да ги работиме максимално.
СвМихаил, значи кога инвестираш во RAW максимум можеш да повратиш 50% од парите т.ш. тие пари се изгорени, башка купуваш земјиште кое не можеш да го повратиш во пари. Исто така за склад не можеш да направиш повраток т.ш. и тие пари се изгорени. За обичниот пазар нормално е дека не ги гориш.