Економијата во добро и лошо

Day 1,398, 13:14 Published in North Macedonia North Macedonia by SaveAss

Веќе подолго време немам напишано статија, нормално дека причината е јасна. Весникот не е веќе тоа што беше, има се’ повеќе наградни игри него реални теми... но еве малку да резонираме околу мојата тема Економија.

Откако ги шитнав житарите, малку подетално завлегов во пазарот на еРепублик. Пред се’ ќе говорам за пазарот на ресурси, зашто пазарот на готови производи е поделикатен.
Пред да почнеме да губиме територии златото си држеше константна цена околу 620-650 МКД и нормално како паралела сега кога сме пак на оригиналните територии истото рипна на околу 750-770 МКД или за некои 15-20%.
Единствена работа што се случи во овој период беше намалувањето на производството на нашите фирми и тоа тому за овој процент.
Значи повеќе од логично е да се претпостави дека постои линеарна поврзаност помеѓу количината на произведени ресурси и производи со цената на златото на пазарот.
Спречувањето на увозот со регулирање на таксите остава простор да се заклучи дека самите ние индректно вршиме увоз. Од она што можев јас да го анализирам атрактивни дестинации се Словенија, Шведска, Романија и сл. Што би значело дека на овој или оној начин правиме увоз, но сигурно тоа го прават и другите.
Трета и многу важна работа е дека немаме грам трговска култура и ја забораваме целта на трговијата, па тепаме 24 часа збирајќи денар по денар и кога ќе се земе ROI на инвестицијата поарно е никогаш фирма да не си отворел. Е тоа не го разбирам, но од овој синдром лек нема и во РЖ.
Значи да пробаме да го лечиме она што може да се лечи, каде пред се’ под лечење подразбирам враќање на курсот на денарот на завидно ниво.
Интересното е што преку анализа на домашниот пазар заради факторот увоз, во можност сме да го анализираме и глобалниот пазар т.е.
- Постои дефицит на железо – глобална цена 0,38 мкд
- Постои суфицит на жито – глобална цена околу 0,32 мкд
Веројатно ова е последица на подарокот од админите кој го имаат сите играчи, распределбата на бонусите и сл, но сепак можеме позитивно да го искористиме. Верувам дека сите ќе увидат дека инвестирањето во железо е многу по бенефитно од инвестирањето во жито, иако јас ви тврдам дека ние имаме проблем со дефицит на жито.
Поентата е едноставна, да се гледа малку надвор од кутијата. Доколку треба да произведете 300 железо или 300 жито, подобро е да инвестирате во рудник за железо. Оние на кои им е потребно жито ќе треба да почекаат да го продадат железото и да си купат жито и тоа до 40 единици повеќе отколку кога би отвориле житара.
Нормално стравот е дека цената на железото би паднала и стравот е оправдан, но повикувајќи се на точка 2 трговците ќе ги изнесуваат сите количини кои се со цена под 0.40 МКД во државите каде има дефицит.
Тука може позитивно да се вклучи и државата:
- Стратешки да ловиме индустриски бонуси
- Да потпомага во отворањето на фирми за ресурси
- Да направи критериум, услови и стратегија за развој на стопанството и мерки за казна доколку играчот не се придржува до истите или награда доколку ги исполни
- Да се стреми кон јакнење на денарот, но и штитење на количината злато преку девалвација во периоди како овој (ова е малку во делот на финансии)
Реално тука е местото каде би пробал да го охрабрам симнувањето на таксите за увоз, зашто сакале или нејќеле тој постои. Неговото легализирање ќе надмине некои проблеми кои сега ги имаме, а бенефитот ќе отиде во државната каса. Истите пари би можеле да отидат во јакнење на домашното производство.
Откако ќе ги преземеме овие чекори можеме да се стремиме и кон јакнење на независноста од надворешни ресурси од друг тип, но да почнеме со ред.

Со почит,
SaveAss