Патот надвор од рецесија

Day 1,180, 16:46 Published in North Macedonia North Macedonia by SaveAss

Значи сите сме свесни дека тапкаме во место. Веќе два дена луѓето малку се опуштени и почнаа да веруваат во пазарот. Новиот елемент е дека покрај монетарен сега постои и пазар на недвижности и многу веројатно дека истиот ќе биде понатаму развиван и од админите, како останува да видиме.

Се постигна баланс на цената на трудот, цената на ресурсите и крајните производи. Она што не се реши е цената на златото, буџетната политика а земјата иако има некои напори за тоа да се оствари (http://www.erepublik.com/en/article/-1-1675678/1/20) како и болните теми на стопанството околу неговата стабилна работа.

Значи како Држава треба да се вмешаме во економијата доволно за да создадеме ред и да гарантираме фер конкуренција на сите пазари (пазар на стоки, пазар на трудот, монетарен пазар). Субвенција, потпомагање, интервенција и сл. барања се сведуваат на краткорочни, селективни и нетранспарентни акции и тоа веќе сите го знаеме.

За таа цел се потребни повеќе типови на промени во законите од кои некои се во ингеренции на конгресот па затоа ќе пробам да ги изведам двете како посебни фази. Истите секако дека ќе бидат предмет на дискусија на јавен ИРЦ канал кој ќе се отвори во меѓувреме.

1. Инфлација на денарот на 85 денари за 1 златна паричка. Има повеќе причини зашто да се направи ваква инфлација, но и повеќе начини како истата да се постигне. Првиот и побезболен начин е со помош на откуп на злато од монетарниот пазар. Вториот начин би бил со печатење на пари, но лично сметам дека овој начин е грешен и треба да се напушти. Предлогот е ова да се направи во фази од кои првата фаза е инфлација од 25%, втората и третата ќе бида далеку по благи со по 5 злато во наредните 3 недели или вкупно од 63 златото ќе рипне на 75, па на 80 па на 85. Ќе се сложам со економистите дека чекорот е радикален, но верјатно самите до сега видоа дека ова не е РЖ и дека книгите тука не важат, секако дека кантарот е тој шт ќе каже дали има корист или не од оваа интервенција.
Првата работа што ќе се постигне е дека златото ќе се направи по недостапно. Тоа значи помалку луѓе ќе имаат луксуз истото да го „горат“ за отворање на фирма или за бустер без притоа длабоко да размислат што прават.
Стабилизација на монетарниот пазар, значи откако ќе се постигне саканата вредност ќе се постави одредена сума на злато на саканата вредност и тоа ќе биде тоа. Секоја сума со вредност од 0,1 под оваа ќе биде автоматски откупена од државата. Така сите ќе имаат сигурен пласман и фер цена по која ќе можат да го продадат златото.
Заштита од надворешна конкуренција, покрај тоа што заради конгресот не можеме да интервенираме со закони за данок, оваа промена ќе биде двоен лост за пласман на нашите производи, прво ќе се спречат странските фирми да створат нелојална конкуренција заради тоа што на крај златото што ќе го добијат за продаденото ќе биде многу мал износ т.ш. нема да им се исплати да конкурираат на нашиот пазар. Од друга страна ние на нивниот пазар би заработувале повеќе злато, па опцијата за извоз би била многу бенефитна.
Свесен сум дека негативната страна е што нема да можеме да се расфрламе со злато, но повторно од текстот на НБРМ се гледа дека златото и те како е приоритет на државата.
Очекувани резултати од ваквата промена е дека платите ќе пораснат, оние фирми кои ќе можат да извезуваат надвор ќе ги насочат своите производи тами и ќе остваруваат дополнителна заработка, а со тоа и пласманот дома ќе опаѓа т.е. и внатрешните цени ќе растат што значи по поволни услови за младите играчи да ја отворат својата прва фирма на пазар со стабилни цени.

Искраено очекувам доста остри реакции по основ на оваа точка, но стојам цврсто на оваа одлука и ќе пробам да ја проведам на дело. Сите други решенија се земени во предвид, но едноставно ова е она што ни треба.

2. Во соработка со министерството за информации и општо на каналот #berza ќе се побара изготвување на туторијал за фирми, неделни совети за како да се развиваат младите играчи и како да постапуваат оние кои сакаат да отворат фирма. Знам дека довербата на владата во очите на граѓаните е нарушена, но верувам дека иницијативата ќе роди со плод и доверба, мора да се обезбеди потранспарентна комуникација. Туторијалите и информациите ќе се однесуваат на економскиот аспект на играта. Значи нема да им се ограничи правото на ниеден граѓанин да прави што сака, но ќе бидат понудени некои совети кои ќе сметаме дека ќе бидат корисни за граѓаните. Посетувајте го каналот #berza за да си помогнеме меѓусебно.

3. Заштита од камикази. Во услови на рецесија камиказа и те како може да направи штета. За таа цел ќе предложам некои промени, но за тоа потребно е цената на трудот да биде најмалку 10 денари за најмалку продуктивните работници. Верувам дека првата точка ќе допринесе кон реализација на оваа точка со допонителни измени во законот кои се носат од конгресот. Идејата се заснова на 10 кратно намалување на платите во понудите на пазарот на трудот т.е. 10 денари плата да соодвествуваат на 1 денар понудена цена на пазарот на трудот. Бенефитот е дека работодавецот ќе може транспарентно да понуди цена и дека ќе биде сигурен дека ако дојде камиказа дека истиот нема да направи ршум зашто почетната плата е 10-нка од онаа што треба да се даде. Од друга страна работникот ќе може да го гледа пазарот на трудот и да добие добра плата зашто нема да постои ризикот од камиказа. Бенефитот е взаемен и исклучува било каква камикази акција од непријател или несовесен играч.

4. Промена на даночната политика. Моментално не е новина дека Државата за некои е мајка за некои е маќеа, во очи на данокот. Затоа ќе се залагам за итно менување на данокот во единечна ставка во облик на VAT или попознат кај нас како Данок на Додадена Вредност = ДДВ. Данокот на примања и онака се избегнува па неговото подесување или ослонување на него е нелогично. Нормално и за ова треба конгрес, па сега за сега е онака како што е.

5. Издвојување на листа од играчи кои доколку сметате дека горните промени се издржани ќе можете да ги гласате со што ќе има сигурен кворум за гласањето на законите. Така ќе имате јасна претстава дали некој за кој сте гласале размислува како и вие.

6. Реактивирање на програмата #misii со измени кои ќе одат во заштита на средствата за мисии: ваучер во износ од најмалку 80% од вредноста во златни парички и 1 денар кој ќе оди во манипулативни трошоци и осигурување. После враќањето на производите ќе ви биде вратена сумата во злато, а тој денар ќе остане во сопственост на организацијата за да се развие. Во секој случај и да пробате да ги продадете производите ќе бидете во загуба повеќе од 1 денар т.ш. поентата на акцијата се задржува и сега дополнително ќе се одржува.

Ова е сериозно долг текст и се надевам дека стигнавте до самиот крај.

Ќе има и дополнување на оваа статија со Вашите барања и се надевам дека истите гласно ќе ги кажете за да се слушне Вашата масовност.

Со почит,
SaveAss