Потребна (ли) е инфлација...

Day 1,074, 05:27 Published in North Macedonia North Macedonia by Great White Ajkula

еМакедонија има сериозно малку ресурси. Нешто камен на исток, Блага количина железо на запад и се друго е многу мала количина. Битен момент во играта би било нашиот производ да стане поконкурентен, односно да имаме таков тип на економија што ќе им овозможи на нашите фирми да се ориентираат извозно, односно да можат да вршат прилив на злато во Македонија. Со сегашниот курс на еМКД ова е малку тешко. Неосвојувањето на странските пазари во догледно време ќе не доведе до банкрот на нашите фирми, слабеење на државата и со тоа до големи проблеми. Сметам дека е време за инфлација. Во моментов имаме курс на денар кој е еден од најјаките во еRepublik.... Да не претеруваме...