WTF???

Day 1,446, 08:55 Published in North Macedonia Chile by AlexSkopje

Неверојатно или невистинито, како и да е. Целиов ден гледам како сите коментираат дека кандидатите се несериозни и дека ова е пропаст за еМакедонија, последниот ден на империјата. Па добро драги мои сограѓани, сите вие кои сте политички активни во овие еРепубликански виртуелни партии имавте шанса да се кандидирате за претседателското место односно да дадете предлог за кандидат во вашите партии( се надевам имате внатрепартиска комуникација). Но не , никој не прави ништо конструктивно, се седи пред монитор и се чека коментар или статија од некого за да може да се трола до лудило, и да се КРИТИЗИРА. Позитивна критика прочитав само од Лазароса и од пар други играчи на кои им се извинувам што не се секавам на имињата. Се друго беше, како никој не чини, како не се доарснати, како тимот бил нессодветен, итн итн бла бла бла до лудило.
Потегот на мојата партија да не кандидира човек за претседател исто така го сметам за погрешен, затоа што независно колку пати по ред човек од MRDLjS е претседател, најголемата партија со најголем број конгресмини во конгресот , треба а и мора да даде свој кандидат.
За злото да биде поголемо, одеднаш почнаа нашите драги единици да размислуваат не знам за што, ама од тоа "мозгање" да произлезе дека ќе се селат кој во Перу кој во Кореа и тамо ќе пукале. Сакале да се тргнат од тука, или не знам што. Прочитав и дека еМакедонците биле најголеми лицемери. 😮 Извинете ама никој не е лицемерен ако смета дека PanzeR не треба да ја напушта државата и да замине во Кореа.
истото важи и за Chaos. Се поставува прашање, кој е мотивот на нашите единици да се селат и да си маваат во кој знае кое свирипичино? Сакате да докажете дека без вас, водството на државата ќе биде неспособно и ќе изгуби се, дека ќе не нема за помолку од една недела? ОК и што? Ќе не избришат, ќе се маваме колку можеме, а Вие??? Ќе го гледате сеирот???
АКО Е ТАКА , ВЕДНАШ ЗЕМЕТЕ ДРЖАВЈАНСТВА И ОДСЕЛЕТЕ СЕ, НО НЕМОЈТЕ ДА СЕ ВРАЌАТЕ, а ние "малите" ќе пораснеме и ќе го задржиме достоинството, тука каде што припаѓаме.
пред да следуваат навредувачки коментари, напоменувам дека немам против никого, знамдека е ова игра, секој може да си игра како што сака и посакува, но целта на играта освен забава е и некоја друга, зарем не!?