V̶a̶l̶e̶n̶t̶i̶n̶e̶D̶a̶y̶ ! На 14.02 според Македонската, православна и вековна традиција, се прославува СВ ТРИФУН !

Day 2,643, 06:56 Published in North Macedonia North Macedonia by KRISTIJAN MAKEDON

Сакам нешто да ве прашам ? Прашајте ги вашите баби и дедовци, па еве и вашите родители, што се славело на 14-ти февруари пред 15-20 години ?! Тогаш воопшто немале слушнато, за некој си ден на вљубените, а камо ли да го слават ! Тој празник во Македонија почна да се слави од пред неколку години.

Мислам дека не е во ред, да се слави некој сосема друг празник, на истиот ден кога со векови, на овие простори се славел СВ ТРИФУН ! Сте се запрашале ли, какви верници сте ? Дали воопшто може себе си да се наречете верници ? Зарем не е срамно, зарем не е грев со славењето на туѓиот празник, да се газите својот ?

Ќе речете никој не го гази својот празник. Па јас да ви кажам право кај 90 % од младите, сретнав статуси за Валентин, а нигдека за СВ ТРИФУН. Барем ако ништо друго да напишеа 2-3 реченици. Изненаден сум од многу портали од многу веб страници, каде свесно се издига Св Валентин, а СВ ТРИФУН се става во сенка ! Прочитав многу наслови денес од типот: Среќен нека е денот на вљубените а и за многу години Св Трифун ! Уште во самиот наслов, СВ ТРИФУН се става во сенка…

Некои луѓе ќе речат: ”Не гледам ништо лошо во тоа да се слави Св Валентин, па виното и љубовта идат заедно” ! НЕ Е ТАКА ! Замислете што би било за 10-15 години. Кога младите, што се во заблуда и тераат некој западен тренд, со некои католички празници, ќе пораснат, ќе основаат свои фамилии, и кога на нивните деца ќе им го пренесат истото. Замислете што ќе се случи тогаш, кога се помалку и помалку луѓе ќе го празнуваат СВ ТРИФУН и на тој ист ден, ќе слават некој си ден на вљубените.

Зарем на саканиот/саканата, само на тој ден треба да им се подари нешто ? За оние кои се сакаат, секој ден им е ист, во секој момент, во секоја пригода можат да си подарат нешто меѓусебно. Зад ова наметнување на вакви празници, се крие голема работа. Целта е јасна, сакаат да го уништат ПРАВОСЛАВИЕТО !

Исто така не ми се допаѓа и она, Св Трифун, ден на пијаниците. Апсолутно не се сложувам со тоа. Бидејќи нема никаков ден на пијаниците. СВ ТРИФУН е ден на лозарите. СВ ТРИФУН се смета за заштитник на земјоделците и лозарите.

Затоа браќа и сестри Македонци, бидете достојни на својата вера, и продолжете да го правите она, што го правеле и ви го оставиле вашите предци. Верувам во бога, јас не сум католик јас сум ПРАВОСЛАВЕН ХРИСТИЈАНИН. Денес, освен СВ ТРИФУН, за мене друг празник не постои…Да го прославиме денешниот празник како што доликува, со закројување на лозниците, со малку вино и добра Македонска музика…Секој вистински Македонец, секој ПРАВОСЛАВЕН ХРИСТИЈАНИН, ќе се сложи со мене и ќе го направи истото…

ЗА МНОГУ ГОДИНИ СВ ТРИФУН, МИР И СПАСЕНИЕ СЕКОМУ ! ДА ЖИВЕЕ ПРАВОСЛАВИЕТО, ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА !!!

Да живее Македонија и Православието!

за шоут
http://www.erepublik.com/en/article/v-a-l-e-n-t-i-n-e-d-a-y-14-02--2497211/1/20