Stand-up Comedy : Почетници

Day 1,457, 09:09 Published in North Macedonia North Macedonia by EzioAuditoremk


Во играва секој од нас на почетокот логично бил почетник.Е проблемот е во тоа што има повеќе видови почетници.

1.Има некои што постојано ги прашуваат постарите играчи за некои работи во врска со играва (што е и многу логично), но не и за вакви :

-Каде се гледа колку пари имам?
-А што е тоа мисија?
-Еј гледам Македонија и Грција се во војна.Од која страна да „МААМ“?
-Зошто играва се нарекува Ерепублик, а не Републик?


Мислам стварно... нека проработи малце логиката ако веќе си се регистрирал како Македонец нормално дека ќе „МАВАШ“ од страна на Македонија или пак од каде останатите да знаат зошто играва се нарекува Ерепублик а не некое сосема друго име...


2.Постојат такви почетници кои што се фалат за безпотребни работи како на пример :

-Да видиш Цане, играва ја почнав пред 20-тина минути и одма оппп... 9-ти левел кренав и 4 фирми вкупно си отворив,а не оној Х неможе 6 ти левел да дигне а игра веќе 1 ден
-Јас само што влегов во играва одма претседателот ми прати покана како да се однесувам и што треба да правам И СЕ ГОРДЕАМ со тоа ... е така треба да е и во РЖ претседателот
-10 дена играње : 200 пријатели, Ранк Lieutenant*** , Весник со 50 претплати и 6 фирми.. мислам ТОППП сум нема подобар од мене


Значи сватите дека играва не ја играте за такмичење туку за забава и тоа што сте успеале да достигнете некое ниво за кратко време не значи дека сте најдобри или нешто слично... Мој совет : Спуштете се на земја


3.Има и такви почетници кои што ПОСТОЈАНО ја критикуваат играва дека не чини, а продолжуваат да ја играат :

-Абе ич не чини играва Мафиа МК е многу подобра од оваа
*Ако не ти се свиѓа зошто ја играш:
-Е то ти е бе брат... шо да правиш веќе сум почнал... ама Ич Не чини


No Comment за ова...

4.А има и такви лажни почетници кои што претставуваат мултиња на некои постари играчи и постојано ги додаваат останатите за пријатели и потоа објавуваат шаутови:

-Ајде сега сите да ми пратите малце пари или голд... НОВ СУм бидете солидарни
-Пратете храна за 100 хп или повеќе не ми остана ништо во Storage а и немам пари да си купам
-Дајте некој тенк за да земам БХ, не не ве зафркавам озбилен сум... само пратете вие и ќе видите


Дај не ги лажите другите... се гледа и од Марс како е и што е работата

ИИИ да... доколку некој се препозна од овде и се налути, нека се напие неколку чаши вода за да му помине лутината пошто ова е само за Забава НИШТО ДРУГО и доколку имате некои забелешки во врска со начинот на кој се изразувам или нешто слично ве молам напишете ги во коментар за да можам во следната статија да се поправам доколку е тоа можно.
Останете ми со здравје и чекајте нов дел


Best Wishes EzioAUditoremkd