PRIME LORDS [MU]

Day 2,294, 12:46 Published in North Macedonia North Macedonia by YoYo.M

Почитувани,

во изминатиот месец дена, Фантоми како единица активно се заложија за реактивирање на своите редови. Иницијативата дојде пред се’ од фактот што се јави потреба од финансиски стабилна единица да влезе и да се промовира како пример на Македонската сцена на воени единици.

Нјапрво се ангажиравме да направиме можеби најчудна регрутација во историјата на Македонија, а тоа е членство со партиципација.
Фантоми – Регрутација http://www.erepublik.com/en/article/-1-2369534/1/20
Одзивот иако слаб ги исфилтрира правите кандидати за членови, но тоа задоволи само половина од планираниот капацитет – 40 души.

Благодарејќи на оваа влада PhantomMKD и Akconel, се предложи директна иницијатива за укрупнување на воените единици. Се предложи контакт со неколку единици од кои PRO и Predators беа доста топли и пријатни во нивниот настап, можеби затоа што секој од нив имаше по некој пријател и ние кај нив.

На заеднички состанок на сениорите се усвои развојна програма и начин на кој што ќе се вложува во инфраструктурата на единицата. Сметаме дека овој договор ќе вроди со меѓусебна доверба, па затоа начинот на кој е подготвен е токму таков. Истот нема да можеме јавно да го споделиме, но станува збор за сума од 1.000 злато и проект од 3-4 месеци, по што единицата ќе има вкупно пет Q7 фабрики и повеќе од 140 гумари на располагање.

Името под кое заеднички ќе настапуваме е PRIME LORDS.
Ова е грбот http://prntscr.com/2x7cs5
и рамките http://prntscr.com/2x7ecy - http://prntscr.com/2x7erv


Единицата делува во следниве структури:

- Редовни членови кои немаат никакви обврски спрема единицата, ќе се обидеме да обезбедиме по 15-20 тенкови неделно (во вторник), но сепак немаме обврска истите да ги поделиме.
- Членови по принципот на партицпација, кои покрај привилегиите на редовни членови допринесуваат за развој на единицата со свои средства и имаат дополнителни загарантирани 35 или 56 тенка неделно, зависно од пакетот кој го одбрале опишан во погорниот текст за регрутација, исто така имаат обврска да работат во фабрика на единицата.
- Бебиња кои добиваат средства за развој на теретаните (повратни средства без камата) за кои веќе се обезбедени 170 голд за наредниот попуст. Бебињата се охрабруваат да не пукаат и за возврат им се делат комплети за ракети, за да не биде ептен двокликашки настапот. Ја користам приликата да посочам дека за некои од членовите сум многу задовлен од нивната активност и дружење и сум многу позитивно изненаден.
- Сениори е специјална група на членови кои ја формираат инфраструктурата на единицата. Единицата има одбрано редундантна инфраструктура за да може да се поднесе евентуална несакана загуба или повлекување на некој играч. Приходите се распределуваат во трошоците на единицата и во инвестиции. Многу сме горди што во другите единици најдовме луѓе достојни за во оваа структура.

Начин на делување:
Сега за сега политичкото делување е на база на индивидуална основа и немаме намера да се организираме во таква структура, објективно се поддржува настапот на оние кои имаат што да понудат, иако како и сите може да не се сложиме со сите предложени постапки.

Воено како единица веќе тропаме на вратата на топ 10 и во скоро време (околу 1 месец) очекувам да бидеме опремени доволно да атакуваме на погорните места со постоечкото членство. Успехот да посочам е заеднички.

Економски планираме да обезбедиме сопствен пазар уредно организиран со атрактивни цени на производите, пред се на крајни производи, додека суровините (RAW) ќе ги експлоатираме интерно. Исто така овој пазар ќе има и ставка побарувања, групирани од нашите членови за да може на едно место да се понуди тоа што ни треба.

За крај сакам да им се заблагодарам на сите членови, стари и нови, како и доприносот на оние кои заради реални причини не се веќе во eСветов.

Со почит,
PRIME LORDS