Pobedata na Svetlinata

Day 2,694, 16:24 Published in North Macedonia Greece by Grifon Dion

Победата на Светлината е близу! Поздрав!
Сојузничка флота
Од инвазијата на Арконите во 1996 година, во Сончевиот систем се одвива интензивна војна.
Веднаш после 1996, здружената драконско-рептилска флота, заедно со многу фракции на тајната вселенска програма на Илуминатите, ја имаат целосната контрола над овој Сончев систем. Многу луѓе биле приморани да работат за нив како робови, ископувајќи руда на астероидите. Драко силите имале намера да ги окупираат колониите во надворешниот Сончев систем, додека Илуминатите повеќе се фокусирале на астероидниот појас, Марс и Месечината.
На Месечината постоела традиционална поделба на блиска (светла) и далечна (темна) страна. Светлата страна воглавно била окупирана од позитивни раси, со исклучок на Архимед базата, која е уништена во почетокот на 1977 год, а и припаѓала на програмата Solar Warden. Драконите, Рептилите и Илуминатите имале свои бази главно на темната страна. Причина за тоа е тоа што сакале да ја прикријаат својата активност од будните очи на човештвото на површината на Земјата, но истовремено не поседувале напредна технологија на прикривање која ја имале Силите на Светлината. Од таа причина, своите тајни вселенски летала ги обојувале во црна боја, при што би ја смалиле нивната рефлективност (albedo), со цел да го избегнат воочувањето од страна на аматери и професионални астрономи на површината на Земјата. Исто така, морале да ги подесат траекториите на летање, за да го минимизираат ризикот од откривање.
LOC (Lunar Operations Command - команда на месечевите операции) која била главно упориште на Solar Warden програмата, а која сега припаѓа на Силите на Светлината, се наоѓа на темната страна на Месечината.
Интересно е тоа што на интернет се појавија некои до сега длабоко скриени информации,оквалификувани како научна фантастика, опишувајќи ги колониите на начин многу близок до реалноста:
http://www.karridian.net/robotech_sc_offworld.html
Исто така, постојат шпекулации за постоење на подземни Лунарни бази во меинстрим медиуми:
http://rt.com/news/242893-moon-lava-tubes-size/
За среќа, после инвазијата од 1996 година, главната база на Силите на Светлината на Ганимед, не била завземена. Базата Ганимед е локацијата на главниот интердимензионален портал кон Сириус во овој Сончев систем и овој портал останал недопрен за време на инвазијата, одржувајќи ја Светлината.
Покрај тоа, во Драко/Илуминатска робовска колонија на планетата Х е организирано Движењето на отпорот. Движењето на отпорот направило физички контакт со Плејаданците, стационирани зад хелиопаузата во надворешниот Којперов појас (Kuiper belt) и со Плејаданска поддршка, организира побуна на планетата Х во декември 1999 год, ги исфрла Илуминатите, ја ослободува планетата и ја префрла својата база во подземната агартанска мрежа на планетата Земја.
Оттогаш, Силите на Светлината ја користат планетата Х како стратешка база во операциите за чистење на Сончевиот систем. Најпрво го исчистиле главното воено упориште на мрачните сили на Харон (Charon). После тоа брзо продолжиле операциите низ надворешниот Сончев систем, го прочистиле и потоа започнуваат жестоки битки во главниот астероиден појас меѓу 2000 и 2003 година.
Во март, 2001 година, завршена е важна операција на Силите на Светлината и Централната цивилизација можела директно да интервенира во Сончевиот систем. Сферичните средишни станици со големина на Месечината ги позиционирале надвор од хелиопаузата на овој Сончев систем за да го стабилизираат приливот на интензивни енергии од централното галактичко Сонце, кое само што не го достигнало својот максимум во својот циклус кој трае 26000 години. Насочувајќи ги хармонично овие енергии во Сончевиот систем, многу катаклизми, вклучувајќи ги и оние на Земјата биле спречени. Кога Илуминатите го воочија присуството на овие сфери, испаничија и го креираа 11 септември.
Во 2003 год, Силите на Светлината започнаа да преовладуваат во Сончевиот систем и во 2012 год, сите негативни тајни вселенски програми, освен оние кои директно се поврзани со Chimera групата, биле исчистени.
Во моментов, единствен проблем надвор од Земјата, се мал број на Chimera поединци и нивни следбеници, кои ги бранат нивните упоришта во Сончевиот систем (главно станици за чување импланти) со помош на плазма стренџлет и топлет бомби. Поради тоа што секој на Земјата има импланти кои ни го блокираат пристапот до тие информаци, сите информации во врска со Химера (Chimera) се наоѓаат во најдлабоките сенки на колективното несвесно, многу подлабоко од SRA , MK Ultra, MILABs или SSP.
После успешното отварање на Isis порталот на 15-ти декември минатата година, со што беше завршена триангулацијата на темнината во локалното јато на галаксии, централната цивилизација позиционирала повеќе сферични средишни станици (некои од нив се со пречник до 48300 км) во хелиопаузата и репозиционирала мали со големина на Месечината внатре Сончевиот систем.
После успешното отстранување на сите физички стренџлет и топлет бомби во јануар, оваа година, иницирана е операција за конечно ослободување на нашиот Сончев систем (со кодирано име MOSS).
Планетата Земја се уште е фокус на прокси војна меѓу многу вонземски раси. Претставниците на многуте раси, влегле во карантинот пред многу инкарнации на Земјата и продолжиле да се борат. Од страната на Светлината, многу светлосни работници дошле од Плејада и Сириус. Многу светлосни воини потекнуваат од Антарес и Арктурус. Поголемиот број претставници на Драгон фамилиите потекнуваат од позитивна фракција на драконската раса. Многу членови на Движењето на отпорот и Позитивната војска водат потекло од Андромеда. Од страна на темнината, Ротшилдови водат потекло од Орион. Рокфелер/Буш/Илуминати фракцијата потекнуваат од негативната фракција на драконската раса. Исламска држава и Blackwater/Xe/Academi платеници, имаат рептилско потекло. Језуитите и Black Nobility фамилиите, потекнуваат од негативна андромеданска фракција.
Општиот план на Силите на Светлината за ослободување на нашиот Сончев систем и грубиот нацрт на позициите на нивните флоти е познат веќе со децении:
http://www.luisprada.com/Pro…/Galactic_Federation_Fleets.htm
Сите бродови на Силите на Светлината во нашиот Сончев систем се скриени со помош на такјон (Tachyon) мембрана, за да избегнат откривање од површината на планетата. Многу од тие бродови следат слична орбита како астероидите на главниот појас и објектите во Којперовиот појас и поголемиот дел од нивните такјон (tachyon) мембрани, проектираат спектрален потпис на обичен хондрит (за бродовите во астероидниот појас) и спектрален потпис на замрзнат метан (за бродовите во Којперовиот појас). Поради тоа астрономите на Земјата ги мешаат со обичните астероиди или со објектите во Којперовиот појас.
Тие бродови не се онакви какви што ги замислуваме, тие се мултидимензионални биосателити, органска интеракција на Свесност и интелигентна светлосна материја. (заб.превод: Како што Толек од Андромеда ги нарекуваше биосфери).
Помалите бродови припаѓаат на Аштар команда, Јупитер команда и флоти од Плејада, Сириус, Андромеда, Арктурус и Движењето на отпорот. Поголемите сферични биосателити и припаѓаат на Централната цивилизација.
Централната цивилизација е древна раса, која се развила во близина на Централното галактичко Сонце и е прва раса во Галаксијата која достигнала спиритуална зрелост пред многу милиони години. Во некои кругови, оваа раса е позната како Wingmakers: (заб.превод: Како што Дејвид Вилкок ги нарекуваше Blue Evians).
http://soulconnection.net/glossary_in_dep…/central_race.html
Понекогаш се манифестирале низ човечката историја како физички ангелски битија со крила.
Една од нивните претставници Иона, ги донела боженствените мистерии на Земјата, за време на Атлантида:
http://2012portal.blogspot.com/…/make-this-viral-aion-porta…
Пред повеќе милиони години, Централната цивилизација започнала да гради интердимензионални портали низ целата Галаксија и создала галактичка мрежа на Светлината. Додека го правеле тоа, наишле на многу раси низ Галаксијата, помагајќи им да достигнат исто ниво на спиритуална зрелост. Сите тие суверени, спиритуално зрели раси создале конфедеративен сојуз, кој е наречен Галактичка конфедерација (Не Галактичка федерација). Како што наговестува и самиот назив, тоа НЕ Е колективна, централизирана федерација, туку слободен, конструктивен, конфедеративен сојуз, на суверени, зрели раси. За разликата меѓи конфедерација и федерација, може да прочитате овде:
http://www.diffen.com/difference/Confederation_vs_Federation
Постои посебна дивизија на Галактичката конфедерација, наречена Аштар команда. Целта на Аштар команда е ослободување на оваа планета. Друга важна дивизија е Јупитер команда. Јупитер команда е чувар на Ганимедовиот (Ganymede) портал и нејзина главна цел е спиритуално ослободување на овој Сончев систем. Таа е главна спиритуална сила која стои позади Редот на ѕвездите (Order of the Star) и позади Синиот Змеј (Blue dragon) фамилиите.
Многу луѓе биле умствено програмирани (mind programed)против Аштар команда после 1996 година. Оттогаш, поголемиот број на канали исто така биле умствено програмирани, нивните трансмисии прекинати и сега, наместо тоа, примаат лажни пораки од Арконската етерична, плазма мрежа.
Клучот е во тоа да се бара Светлината. Ако сакате да остварите контакт со Силите на Светлината, вие ќе го остварите. Ако вашиот избор е секогаш да се фокусирате на негативност, плашејќи се дека СЕ е само уште една лага, вие ќе ја пронајдете. Затоа мудро бирајте на што ќе се фокусирате.
Бидејќи сме влезени во фазата на продорот (breakthrough), целта на Алијансата (друг назив за сојузничките Сили на Светлината) е да продолжи со финалната офанзива и комплетно да го ослободи сектор 3. Сектор 3 е длабоко таен, кодиран назив за Сончевиот систем.
Сојузничките вонземски сили се главната сила која стои позади BRICS/Источната алијанса на површината на планетата.
По завршувањето на MOSS (Multidimensional Operations Solar System) и пропратните лунарни операции, ќе следи Настанот (The Event).
Тоа ќе биде исполнување на древно пророштво, кое е дел од спиритуалната традиција на Централната цивилизација за времето во кое сета темнина ќе исчезне од Галаксијата и кога ќе биде комплетирана галактичката мрежа на Светлината.
Многу информации во врска со состојбата во нашиот Сончев систем ќе бидат објавени на мојот блог и други извори на информации во блиска иднина, како што ќе се одвиваат операциите за ослободување. Поради тоа, од витална важност е да се едуцирате во врска со основните факти за нашиот Сончев систем, за подобро да ги разберете информациите кои ќе бидат објавени.
http://www.space.com/56-our-solar-system-facts-formation-an
Продорот на Светлината е близу!