Oколу Kонгрес, Македонија на воено поле, МПП`а [Фантомот]

Day 2,424, 10:34 Published in Chile North Macedonia by Phantom MKD



Sorry my Chilean Friends this is for Macedonian people only o7


Добар ден Македонијо.

Пред се статијава ја пишувам чисто инспиративно заради настаните кои се случуваат моментално во Македонија како на воен план така и на политички.
Во последно време не сум многу активен но најбитното го пратам а тоа се законите кои што се предлагаат, прифаќаат, како и весниците во Македонија.

А)Конгрес!

Пред се на оваа тема можам да кажам дека пред се лошо се води работата. Нема координација, нема визија и не се гледаат нештата правилно. Зошто?

1.Прво немаме пари за МПП`А што значи дека имаме неколку опции:
- Враќање на системот за донации кој е исклучително важен.
Овој систем мора да го води некој кој што е добар за евиденција и да има статии секоја недела кој колку донирал и слично. Без СИСТЕМОТ ЗА ДОНАЦИИ Mакедонија ќе нема пари за МПП`А и се сведува до банкрот. Мислам дека сите ние кои што бевме и дониравме пари еднаш неделно не ни е проблем тоа повторно да го сториме али ЕВИДЕНЦИЈА СЕКОЈА НЕДЕЛА! ЗНАЧИ АКТИВЕН ЧОВЕК!

2. Конгесот е без координација.
- Му советувам на секој претседател на еМакедонија како и на претседателите на партите во Македонија да си направат пораки со конгресманите кои ја застапуваат Македонија. Претседателот МОРА да има Групна порака со сите конгресмани.

3. Законот за ISSUE MONEY
- Што чекате и зошто негативно го гласате?! Златото нема никаква важност во трезорот ни требаат ПАРИ со кои ќе можеме МПП`А да потпишуваме или тие пари да ги вадиме од трезорот. Значи ПРЕДЛОЖЕТЕ ЗАКОН И ГЛАСАЈТЕ ГО СО УES.

4.Околу МПП`Ата.
- Овдека предлагам да се прифаќаат МПП`А од типот на Аурора и Сириус. Другите МПП`А да се отфрлат. Ако ве прашаат зошто? Ќе одговорите Македонија е со слаби финансиски средства во овој момент и не можеме да прифатиме МПП.
За тие што незнаат едно МПП кошта 10 000 МКД.


Б )Воен Аспект

-Македонија моментално е во добра позиција во врска со воениот аспект.
Прво Териториите во Австралија ни се осигурнаи т.е Бонусите се ресетирани што ни дава варијанта да играме на друго место.
Како предлог го давам следново:

1. Ослободување на оригиналите територии и заедно со Чиле превземање на иницијатива над Грција.
- Верувам дека овде може многу да се оствари со оглед на тоа што Чилеанците веќе им се нафрлија на Грците и исто така Македонија веќе има добри МПП`А со Сириус и тоа придонесува кон зчачително добар DAMAGE и можност за добра иницијатива.
Добра координација со нашиот сојуз Аурора и со Чилеанците верувам дека може да се дојде до успех.

2.Што се однесува до нов АС

- Мислам дека сега тоа не е потребно затоа што имаме огромна шанса со Чилеанците над Грците. Така да ако не го искористиме тоа сега нема никогаш. Сега е шанса да се притисни Грција. Исто така мислам дека е добро да се присобери уште некој леб (лебни единици) за да нашиот АС биде потполно собран т.е 100%.


(Исто така на ПРЕТСЕДАТЕЛОТ му советувам да направи Групна порака со сите командири од сите Македонски единици на тој начин ќе се знае што ќе се прави.
Добро е и да се користи google document кој единиците ќе го имаат и во него да се кажува што се прави на воен план.
)

Македонија има потенцијал но и требаат активни луѓе кои што секој ден ќе пишуваат статии и ќе се грижат за интересот на нашата еДржава.
Ве молам бирајте активни луѓе кои што имаат свој план, визија и што треба да прават понатаму.
Неактивноста придонесува за откажување на луѓето!


Тоа е све од мене засега се надевам дека нешто разјаснавме!



Фантомот о7


==================================================================

За Шаут

Oколу Kонгрес, Македонија на воено поле, МПП`а [Фантомот]
http://tinyurl.com/q37bdqs