Nova paravoena edinica >ImmortalS< REGRUTACIJA [lll]

Day 1,346, 10:53 Published in North Macedonia North Macedonia by Felllix





1345 ден од настанокот на еСветот, некаде на брегот на Црвеното море...

Петорицата бесмртни, по долгомесечното залагање за доброто на Македонија,
безпоштедна борба до последно лепче, до последниот тенк, до последниот денар... изморени од жештината, облеани со солена пот, решија да одморат.
Се изгаси и последниот тенк... молк.
Во далечина се слушаат татнежи, пукотници. Сеуште трае борбата за Red See Coast...
Се гледа и огномет, нашите слават. Стигнуваат гласини дека главниот град е преселен.

Далечните Италијански колонии паѓаат една по една, немаме доволно војници за три фронта.
На источниот фронт добро стоиме, непријателот е на колена и во прашање се часови до нивна дефинитивна капитулација.
Тежиштето на борбите во глобални рамки е префрлено на брегот на Егејското Море. Таму борбите се жестоки и исцрпувачки за “двете” страни. За среќа Македонија ја има иницијативата.Состојбата е под контрола.

Меѓутоа, петорицата бесмртни се незадоволни. Со нем израз на лицето седат и размислуваат...
Веќе дуууури еден ден не се во паравоена единица, откако претходниот ден се поздравија со своите довчерашни соборци (DukeS).

Оддеднаш изнервирано станува WarlOr, шутира еден камен и несакајќи го погаѓа Vasko Premier во глава...без да се извини влегува во својот Австриски тенк и по кратко време излегува со вреќа полна со злато.

Ќе правиме паравоена!- извикува. Сите ги креваат главите, дури и на лицето на Vasko Premier се забележува промена на расположение.
Влегувајте сите во тенкови!...Тргнуваме!

Се крева прашина...По некое време се губат на хоризонтот...Повторно молк.


1346 ден од настанокот на еСветот...






Објавува регрутација за прием на нови членови.

За да влезете во друштвото на безсмртните потребно е:

∞ да имате 1200+ strength,

∞ да работите во фирмите на единицата за минималец,

∞ да сте редовни и активни,

∞ да ги слушате наредбите на претпоставените, да работите за доброто на Македонија,

∞ и да носите аватар на единицата

АВАТАР




Единицата располага со:

∞ Q5 Тенкара;

∞ Q5 Лебара;

∞ 2Q5 Weapon Raw materials фабрики и

∞ 2Q5 Food Raw materials.

Лидер на единицата : Forsaken WarlOr

Линк од Military Unit

Chat канал: #ImmortalS



҉ WE SHALL PREVAIL ҉


o7