My Sexy Sunshine!!

Day 2,820, 13:38 Published in North Macedonia Indonesia by Golden Boutique


Ведро и свежо утро...бледи сенки од немири...звук на осаменост,поглед кон копнежот и вракање на бесконечноста...Ми смрди мирисот на разделбата...тапа болка во градите и невини солзи во очите...болно чувство во душата...Проклета празнина и во мене и надвор...Талкам по патеката на секојдневието...Се е водено,илузија...сон...



Дозволи ми да гледам додека дождот се топи врз нашата облека...Да се топам и јас додека ме галиш,ме бакнуваш...Дозволи и на нежноста да ја одигра својата улога...Дозволи си да се задоволиш со мене...Знам што да очекувам од тебе,ти си слободна и своја но сепак безгранично моја,нежна и внимателна но сепак сигурна и цврста...Месечината е остров на небото закотвена како пред поаѓање...Ронам ѕвезди и се прашувам дали има план оваа галаксија за моите очекувања...Нема ништо само празни дострели а сепак убави глетки...Магија низ воздухот...комета која раѓа нови сплетки и ти како Маестро на универзумот мој следиш се што се случува и со прстот ме насочуваш кон нови возбудувања...


🙂 Me And Tasha 🙂