Monetary Market ( ТУТОРИАЛ )

Day 1,087, 11:13 Published in North Macedonia North Macedonia by Dragan Naumceski

Драги пријатели,

- Оваа статија ја посветив на Monetary Market. Содржината ќе биде малце по обемна, па, земете нешто за пиење и грицки. Во главно, ќе пишувам за почетниците, како да влезеш во Monetary Market, како да смениш некоја валута, како да поставиш своја итн. Па, да почнеме 🙂

Monetary Market - како да го најдете

- .. многу лесно и едноставно ( не се сомневам дека знаете каде е 🙂 ) ама за секој случај .. Во плавата лента, каде што се наоѓаат My Places, Market, Info итн., ќе застанете со стрелката на Market, ќе се scroll ( лизне ) на доле еден слајд и ќе видите Monetary Market.


Monetary Market - основна функција

- На сликата подолу можете да забележите дека некои по важни броеви ги имам заокружено.. еве образложение зашто 🙂
Првото кругче означува која валута сакате да ја купите ( во примеров еГОЛД ) во замена за некоја валута ( во примеров еМКД ). Доколку сакате да ги промените валутите, кликнете на стрелкичето надоле и одберете ја посакуваната валута - p.s. сакам да знаете дека доколку сакате да го продадете голдот, морате да го исполнувате условот 15lvl+.
Второто кругче означува вредноста на посакувана валута, односно во нашиов пример 1еГолд = N/A еМКД .. p.s. во моментов, курсот на еМКД е нестабилен и неможе да се одреди точната вредност, затоа е N/A ..
Третото кругче, и последно од овој поднаслов ги покажува моменталните понуди на играчите во еМакедонија. На сликата се гледа дека играчот под име Kamen Vlahov понудил 1.9еГОЛД, со размер на 1еГОЛД = 28.98еМКД, што значи, за да ги купите тие 1.9еГОЛД потребни ви се 28.98еМКД ..


Monetary Market - основна функција 2

- Истото од претходната слика, само што ги имам променето валутите, кај buy = еМКД, а кај sell = еГОЛД..
- Можете да забележите дека играчот под име NobleCorps понудил 514еМКД во замена за еГОЛД, со размер 1еМКД = 0.035еГОЛД. Што значи, доколку сакате да ги купите сите 514еМКД, треба да дадете 17.99еГОЛД.. p.s. Ве советувам, пред да направите нагли чекори, ДОБРО да размислите за последиците.


Monetary Market - како да поставите своја понуда

- Ќе кликнете на "дугмето" Post new offer. Ќе забележите дека ќе се отвори нова подтема, во првото кругче ( на сликата дадена подолу ) повторно ги гледате валутите еГОЛД и еМКД.. Подолу гледате нова функција, односно го гледате моето име Dragan Naumceski. Десно од името гледате празно квадратче каде што треба да ја ставите сумата на валутата еГОЛД, а потоа размерот, односно 1еГОЛД = колку што сакате еМКД. Потоа, доколку имате проверено стиснете на "дугмето" Post и вашата понуда ќе биде поставена на Monetary Market.


- Посебно, сакам да ви кажам дека во Monetary Market можете да заработите, односно да ги "натерате" вашите пари да прават пари.

Како се прави тоа?

- Тоа е сложен процес, можеби и најсложената работа во еРепублик. Јас лично, слабо владеам со ова поле па затоа неможам да ви препорачам што да правите.. Имам пробано, и потоа, позната македонска изрека - " кој пробал се усрал " 🙂 .. хахах .. но така е .. изгубив 5-6 голд за 1 ден .. затоа не ви препорачувам да влезете во овие води без да се консултирате со повозрасните, поискусните играчи.

Толку од мене, па до следната статија бидете ми здрави и живи. 🙂
Ваш, Dragan Naumceski