Macedonian Embassy In Chile

Day 1,787, 13:15 Published in North Macedonia North Macedonia by Goramn

Здраво Македонци,
На око е доста долга статијава но вреди да се одвои неколку минути за да се прочита. Станува збор за Чиле, држава со многу млади војници желни за победа и големи достигнувања. Статијава ја пишувам со помош на човекот кои успеа да ги зближи односите помеѓу Македонија и Чиле, господин Chivas Regal 31809, или попознат и како Guest_31809 пред Платон да воведе промена на идентитетот. Уживајте.

Чиле е доста „висока и тенка“ држава која граничи со Аргентина на исток и Боливија на север. Многу пати низ историјата си имаат играно пинг-понг војна со Аргентина и немаат многу добри резултати во истата. Поради големиот неуспех, се одлучија на бејби бум. Бејби бум кој го засегна „Новиот Свет“. Илјадници нови играчи се регрутираа и вработуваа во фирмите на Чилеанците кои им посакаа топло добредојде. Моментално, нивната цел им е да се ослободат од Аргентина и комплетно да ја окупираат Аргентина со главен град Пампас.


Со бејби бумот, популацијата на Чиле драстично се зголеми. Ден по ден, нивните играчи се повеќе се докажуваат во битките низ еСветот. Пример за тоа се прва и втора дивизија. Чиле е држава која ветува многу. Во четврта дивизија, тие бројат околу 70 играчи, 230 во трета дивизија, 1,400 во втора дивизија и околу 700 во прва дивизија. Бројкиве не се многу големи но Чиле, како држава која е многу поволна за живеење во вистинскиот живот гледано од финансиски аспект, има играчи кои се активни на рецепција кај Платон или така наречени, МастерКард/Виза играчи. Ги има околу 80 и удараат организарно нанесувајки милиони и милиони штета кај противникот. Со тоа се имаме уверено и ние, кога ни помогнаа пред некој ден во битките и востанијата што ги имавме на Апенинскиот полуостров.



Граѓаните на Чиле „се поделени“ на десет политички партии. Претходните претседателски избори беа едни од најинтересните за следење. Edreams ги изгуби изборите за само пет гласа. Наводно, според играчите кои се одамна во Чиле тврдат дека ова било мулти-битка (мултивитамини) за тронот.
Целите на моменталнот претседател, како и на народот во Чиле е да ги вратат регионите кои им се окупирани. Сепак нивната армија е млада и не доволно организирана. Нема многу искусни играчи кои би им ја „средиле“ армијата но се надеваат дека успеат во нивната цел, најдобро организирана армија во еСветов.



Армијата на Чиле успеа да ја окупира Австралија, да не заборавиме дека нивните оригинални територии се под окупација, бидејки Австралијанците не се доволно силни за Чилеанциве. Можеби не знаете, но Хрватска и Романија „и' пуштија“ воздушен напад на Индонезија поради тоа што Австралија е окупирана од страна на Чиле.



Чиле „уживаа“ во 8 од утописките 10 ресурси во еСветов благодарение на окупацијата врз Австралија и нивните оригинални територии, но бидејки сакат да останат во пријателски односи со Австралија, им одстапија еден регион притоа изгубивајки го „мостот“ со Нов Зеланд и нивните оригинални територии. Во моментов Чиле поседува 4/10 ресурси.
Голем дел од граѓаните на Чиле ја подржуваат операцијата „Австралија“ во кој пишува Вечна окупација на Австралија и произведување на залихи додека останатите го подржуваат другиот план. Враќање на своите првобитни региони кои моментално припаѓаат на Аргентина.

Конгресот им функционира перфектно. Не се поделени. Сите се едно цело. Сите закони поминуваат без задоцнување. Имаат неколку неуспешни закони кои повеќето се "ради реда" закони. Еден од нив е и обидот за Алијанса со западниве. Тој закон беше пуштен од претходниот претседател кој не е баш стабилен. Чилеанците се пријателски насочени кон нас и нашите алијанси. Затоа листата на нивните сојузни држави е доста голема. Погледнете ја овде.

Владата на Чиле има контрола кон добар дел на играчи од втора дивизија. На моменти, на нивниот армиски канал за втора дивизија, бројката достигнувала и повеќе од 200 војници што е ептен многу. Нека ви текне ние колку имавме за време на првиот напад на Софија во студениот Јануари во 2011та. 🙂

Кога сме кај природниот нептријател (NE), тие ја имаат Аргентина и последниов период нон-стоп војуваат. Аргентина сака да им ги превземе регионите на Чиле кои ги имаат „земено“ од Австралија но овие се упорни и не им ги даваат XD
Прва и втора дивизија им е загарантирана, додека во третата и четвртата им помагаат Бугарите. За се' треба време и трпение. Истото важи и во случајов на Чиле. Малку да си поиграат со Аргентинците, додека ние не ја средиме работава со Американците и западниве. Доколку се би одело по планот, Чиле и сојузниците би требало да ја држи окупирана Австралија, да си ги врати оригиналните територии и да удри јако на Аргентина и секако, да ја освои.

Разменувањето на студенти... играчи е возможно и во играва. Веќе имаме неколку Македонци кои поседуваат Чилеанско државјанство и Чилеанци кои гордо живеат под Македонското сонце. Доколку некој е заинтересиран за живеење („уживање“ во ресурсите кои ги нуди Чиле), нека се обрати кон Амбасадорот задолжен за тоа.
http://www.erepublik.com/en/main/messages-compose/6164274

Или пак нека се обрати на мене доколку не му иде англискиот. 🙂
http://www.erepublik.com/en/main/messages-compose/6221169

Доволно колку за воведна статија. 🙂
Очекувам позитивен фидбек кон горе напишаново.

До следно читање. o7

За крај, еве едно перфектно видео од Чиле. (клик)


Para siempre Chile y Para siempre Macedonia