Koj e kriv povece?

Day 1,946, 08:00 Published in Poland Poland by kojoti2

Да пишуваш статија у последно време на еРепублик е глупост зошто новинарскиот модул како и повеќето други е уништен (со помош на вотерс клуб секој си плаќа за гласови така да глупи статии се секогаш у топ 5 и ретко има да се прочита нешто интересно како порано). За сето тоа кривицата лежи 50% кај администратори на играта а 50% кај играчите подолу ке образложам и зошто.

На времето можеше да се види кој какви фирми има со едноставно кликање на профил на играч исто и какви работници има, исто можеше да се проверат донациите тука фалеше да може да се проверат и трансакциите на маркет и на тој начин играчите сами ќе можеа да ги решат мулташите но од причина (најверојатно) што играта пополека умира и се намалува бројот на играчи секојдневно Админите ги укинаа тие привилегии и на некој начин дозволија да се мулта што допринесе уште повеќе играта да го изгуби жарот што го имаше некогаш.




Ако погледнеме на пазарот на пари ке видиме дека најголемите продавачи на злато се национални организации уште еден начин за перење пари од мулти акаунти кои Админите не го санкцинораат.



Ненормални понуди на маркет исто допринесува за перење пари од мулти акаунти кои Администраторите го игнорираат масовно се продава на пример WRM 1= 10000 ЦЦ и се перат пари кои понатаму се користат за да се добијат важни битки и да се тенка ненормално се изгледа легално а Аднинистраторите ги затвораат очите пред вакви работи особено ако тој што продава е купувач на злато.




Има многу интересен сајт каде може да се провери исплатливост на фирми и со која фирма имаш профит а со која имаш загуба со која може да се види дека и у државата во која сум моментално производство на q7 оружјето што најмногу се користи како и WRM производство води во чиста загуба освен ако немаш мулти акаунти кои ке ти работат за минималец.

http://www.erepublikanalyzer.com/RentabilidadFabricacion.aspx

Со глупите промени како work as manager, еден маркет за цел еСвет итн Администраторите на игра допринесоа 50% да пропадне играта за руинирање на останатиот дел се погрижија самите играчи кои допринесувааt играта уште повеќе да пропаѓа..