Ko to tamo peva....

Day 1,355, 16:32 Published in North Macedonia North Macedonia by Boban Panovski

Насловот ми е намерно на Српски јазик бидејќи опсипани сме со статии на разни певаљки кои ни ветуваат се и сешто, пуцаат рефунди, промена на даноци, ке победиме а мене се ми мириса дека на крајот пак ке го јадеме стапот како порано. Кај нас у Куманово се вика с ким си такав си така да знаејќи го искуството на влади од ист ков (проневери огромни количини голд без око да им трепне а не па некаков извештај да има, осакатени со давање на Апулија иако имало склучен договор за ненападање (потврдено од Хрватска страна) на крај пак нечии оргови ќе се наполнат (сигурно се подизпразнети) а народот ке се радува на 2 тенкчиња кои ке им ги дадат да им замажат очи.



Значи да видиме што и како се случува у МК.

Првин да почнеме од нашиот национален канал. Истите лепливи прсти се сопственици и на нашиот национален канал, се сеќавам на времиња кога тој канал беше доста активен и имаше многу јузери и баш беше забавно дали стануваше збор за препирки, препукувања, плукања или општо терање мајтап со некои од играчите. Нашите незаменливи го направија канал за 20 души (полн со потрчковци и вазелинци кои ке направат се да добијат или веќе добиле ОП) и на крај си останаа сами на каналот како да е приватен а не национален канал. Нивното најголемо задоволство е кога ке почнат да банираат ( и оваа е занимација за незаменливи мора да има кловнови кои ке ги занимаваат) само како оди ситуација наскоро ке останат само тие на канал па ке мора да се банираат меѓу себе инаку ќе се отвори акцес листа....

Воени единици се посебен случај и сега не можам, уште да разберам што е разлика меѓу државна единица и паравоена освен што некои од државни си спечалија бесплатни фирми платени од народни пари. Не ми е јасно зожто се форсираат како државни кога некои од нив се составени од мулташи (еден играч игра повеќе акаунти) па уште им се даваат тенкови како помош. Многу од Државни војници дури немаат ни македонско држављанство ( се за профит малку им е државни средства сакаат да лапаат уште) ако не верувате проверете сами...
Исто така факт е дека државни единици најмалку почитуваа наредби во претходниот мандат (тука некаде се и незаменливи кои цел месец се вадеа дека се по одмори за при крај на мандатот на АМинта одеднаш како магија се појавуваат на арми канал).

За на крај ја прочитав и статијата на министерство на економија (уште се смејам) дечкото кој се чукаше у гради дека е економист (колку е добар погледнете по негови фирми тој себе не се оправил не па држава) конечно доби шанса. Парите се толку добро распоредени милина за нивно исчезнување али тука е антикорупциска која ке биде назначена и одберена од министерот за него да го проверуваат(замисли).

За крај пак ке кажам штета за Лавчан човекот е фер и нема дамки од минато така да верував дека ке ја води државата добро со овие само молете се да немаме повторно магично исчезнување на средства или пак да ни се случи нова Апулија (за некој да грабне фотеља у команда на ONE).

Затоа сите пуканки у раце ни предстои добар месец може ке научиме некои нови арамиски финти.....



Поздрав