Katar Ke bara nafta u MKD

Day 1,588, 09:53 Published in North Macedonia Turkey by Patlayamamismisir

Катар ќе истражува нафта и гас во Македонија
Понеделник, 26 Март 2012 17:35
Сподели
106

Споделете ја веста со Вашите пријатели
Катар е заинтересиран за истражување на нафта и гас во Македонија. Ова произлезе од последната средба на македонската владина делегација со катарскиот министер за енергетика и индустрија Мохамед бин Салех Ал-Сада.


Ова произлезе на последната средба со министерот за економија во Катар, а беше споменато и предложено од нивна страна.

Премиерот Груевски кој е во работна посета на Катар, вели дека е задоволен од посетата која до сега е над неговите очекувања.

Груевски исто така истакна дека во Катар има голема заинтересираност за инвестирање во Македонија во повеќе сектори како што се туризмот, градежништвото и енергетиката.

- По вчерашните средби со најкрупните компании овде во Катар, денеска имав средба со eмирот, а синоќа и со премеирот на Катар. Вчера ги посетивме Диар Катар, ја посетивме компанијата Катар Холдинг и Катар Хасад, компании кои се со огромна капитализација и се најкрупните тука во Катар. Едната од нив е специјализирана за инвестиции во недвижностите, другата за голем број инвестиции, а третата е специјализирана за инвестиции во земјоделството, изјави премиерот Груевски денеска во Доха.

Од средбите со претставниците на компаниите, но и со премиерот и емирот, како што посочи, може да се забележи голем интерес и политичка волја за инвестирање во Македонија.

- Ние им понудивме повеќе можности, повеќе проекти. Разговаравме за многу конкретни проекти. Не само општо за можностите за инвестирање, за условите за правење бизнис, туку презентација на правење специфични проекти, како што се слободните туристички зони што ги планираме или пак проекти поврзани во енергетиката или проекти каде може да се изградат поголем број згради, куќи и резиденцијални објекти, истакна премиерот.

Интересот ќе треба да се конкретизира и со доаѓањето на специјална делегација од Катар која ќе има единствена задача да ги анализира проектите и да се донесе одлука во кои од нив би почнале инвестиции.

- Со емирот разговаравме за повеќе значајни работи, за повеќе значајни проекти, за кои вчера разговаравме поединечно и со најкрупните државни компании, изјави премиерот Груевски. На средбата со емирот станало збор и за отворање амбасада на Катар во Република Македонија, но и за нивната заинтересираност за повеќе проекти особено во енергетскиот сектор, во делот на недвижностите, проекти поврзани со земјоделството и други сектори.

Груевски вели дека е задоволен од постигнатото во Катар, и оти резултатите се над очекуваното. Тој денеска и утре ќе има средби со владини претставници и економска презентација пред повеќе бизнисмени, но и поединечна средба со претставници на Катар Петролеум за инвестиции во нафтена индустрија, бензиски пумпи.