JUST FOR LAUGHS!

Day 1,188, 18:56 Published in North Macedonia North Macedonia by Risto Van Kenobi



РЕГРУТАЦИЈА

На зајко, лисицата и мечката им стигнала покана за војска. Бидејќи не сакале да одат да ја бранат татковината зајко си ги пресечил ушите и после некое време стигнало писмо во кое пишело:

- Зајко неспособен за војска, нема уши.
Лисицата си ја пресекла опашката и истигнала писмо дека е неспособна за служење војска, нема опашка.
Медо се мислел што да направи и на крај решил да си го пресечи к...т. После некое време стигнало писмо:
- Медо неспособен за војска, има рамни стапала.


ВРЕМЕ ЗА КАЕЊЕ!

Се разбудила Мара сред ноќ и гледа го нема Блажо во постела. Почнала да го бара низ цела куќа и го нашла во кујна како седи на маса, пие кафе, тажно гледа во белиот sид и му течат солзи низ лицето...
-Што ти е бе Блажо, што е работата љубов моја?
-Се сеќаваш ли Маро, кога се запознавме пред 20 години, тогаш имаше само 16 години.

-Да се сеќавам.
-А се сеќаваш ли кога татко ти не фати како се сексаме во гаражата.
-Како да не се сеќавам љубов моја.
-Се сеќаваш ли кога ми стави пиштол на чело и кога ми рече дека ако не те земам за жена дека или ќе ме убие или ќе одам во затвор 20 години.
-И на тоа се сеќавам.
Ги избришал Блажо солзите и тажно рекол:
-Е па Маро, денеска би излегол.

ПТИЦИ ПРЕСЕЛНИЦИ

Еден наркоман ја води својата ќеркичка во градинка. Ќеркичката сакала да се пошегува со таткото, со прстот покажала нагоре и извикала:
- Тато, тато! Види! Крокодил!

Наркоманот погледнал нагоре и одговорил:
- Есен е миличка, одат на југ.

БОНУС ВИЦ!

Малиот Трпе добил новогодишна честитка :
,,Дедо Мраз не постои ,родителите ти ги купуваат подароците"
Поздрав Џулијан Асанж 😃