Huston we have a problem

Day 1,256, 16:30 Published in North Macedonia North Macedonia by Cool Hunter

Фамозниот план Б за спасување ако може да се каже веќе е во реализација.Но,повторно сме нападнати од сите страни.Можеби ова не е најдоброто решение,но е најоптималното.Сепак,тука не ми е јасна долгорочната стратегија на нашите избраници.Како ќе ги вратиме оригиналните територии.Ќе чекаме милост од нашите сојузници?Каде е сега ентузијазмот од времето кога ја рушевме Италија?
Некој тука треба да преземе одговорност.Од пацифисти во реалниот живот,во играта станавме вистински освојувачи и аспиранти за територии,па токму затоа што сме посеале тоа ќе жнееме.
Сакам да кажам дека имавме големи пропусти во нашата надворешна политика бидејќи сеуште недоволно развиени појдовме во ризични походи негледајќи ја големата слика.Италија е слаба,но сојузниците не се.Во оваа игра победува оној кој има најдобри сојузници.Соло проводите дефинитивно водат кон пропаст.Би требало некој од одговорните лица,мислам на оние зад кулисите а не нивните ПР претставници да се произнесат за ова прашање, и навистина се надевам дека причината не е нечија лична и себична корист.

Your text to link here...