Guerrilla Warfare - Бебињата се најопасното оружје

Day 1,152, 09:33 Published in North Macedonia North Macedonia by Mijak33

Си бил Трпе и си живеел во имагинарен свет! И пошто си живеел сам со женичка му, си рекол: а да си направам јас неколку БЕБЧИЊА, не бива вака сами со женичкава само “куча посао, посоа куча” нема некако радост куќава. И фрлил еден осмех на Трпеица под мустаќ, а Трпеица подигнала гајтан веѓа и истрчала одма во одајата кај што спиелееее 🙂. По неколку недели отишле Трпе и Трпеица во ординација “Сител” и се консултирале со “Д-р Он.нет”. Докторот влегол целиот збунет и запотен и седнал позади бирото и незнаел како да почне. Кога ја виделе реакцијата на докторов, двајцава се исплашиле малце, па Трпе ги земал работите под негова контрола и му се обратил на докторот:
-Добро докторе, кажете шо е работава? Шо ќутите? Се ли е во ред?
-Абе Трпе.... како да ти кажам. Трудни сте!
Трпеица подскокнала од радост, малце се подмочала и почнала да го гушка Трпе, многу ќеиф и се направило. Но Трпе уште бил збунет. Зашо докторов вака реагира, нешто овде не е како шо треба, па повторно го прашал:
-Добро докторе! – се подзамислил.
-А зашо сте исплашен, па тоа шо го зборите е убаво, ние на тоа се надевавме!
Докторов почнал да се чеша, да крши прсти, челото му се наросило.
-Види Трпе.... не е едно!
-Лелееееее близнаци! – извикал Трпе и почнал сега он да ја гушка жена му!
-Ма не се ни близнаци!
-Лелееее тројка! – извикала жена му и од радост почнале двајцата да скокаат и да се гушкаат сред ординација!
Но јанза го јадела докторов и си рекол да ја каже вистината па ќе му ја мислат потоа!
-Ма не е ни тројка! – извикал одлучно докторот.
Двајцава подзастанале се погледнале најпрвен меѓу себе, па го погледнале докторов и Трпеица му спискала:
- Е колку се де КОЛКУ СЕ ?!?
-Пааа... 7000 се !
Двајцава паднале на земја, како да ги кутнал некој! Трпеица се подзапотила и само бледо гледала во една точка! Трпе одма почнал да прави математика, ама шо да прави, шо да чини, која проклета математика на 7000 бебиња!?!? Се соземал набрзина Трпе и повторни му се обратил на докторот:
-Е добро бе докторе, како е можно 7000 бебиња? Да не ја грешите работава?!?
-Е Трпе шо ОРЕВИ ќе имаше? И јас кога ги видов резултатите се зачудив и одма ги пратив назад да се проверат повторно, ама тоа е, толку се .... 7000 !
Трпе повторно се замолчил. Како ќе ги расне, како ќе ги храни, ама како во чколија ќе ги прати? Ја погледнал Трпеица, ја прегрнал повторно, ја бакнал во челото и И рекол:
-Ами жено тоа е! Шо да праиме! Наши си се, ќе ги гледаме сите и ќе ги сакаме како очиве, а за пари... ќе му го береме гајлето!
Трпеица го слушала внимателно цело време и кога завршил Трпе со муабетот му спискала:
-Море БУДАЛО една, како ќе ги раѓам, ја не сум СЛОТ МАШИНА па да ги исплукам сите наеднаш!?!? Се слушаш ли што зборуваш! П.... ти м...... говедо едно неартикулисано! Како ќе ги раниме КРЕТЕНУ еден! Шо ќе им правиме на 7000 бебиња? Како ќе ги раниме, со на татко ти нивата ??? Како ќе ги раснеме, во шупана шо ја викаш куќа?? А за чколија ?? Кај ќе го бараме крајот? – Трпе ја наведна главата, му се насолзија очите, во право беше Трпеица. Како ќе ги израсне 7000 бебиња?? Од каде пари за пелени и за храна и за игрчки и за облека и за доктори и за градинки и за чколија и за книги и за .....
Докторот цело време мудро молчеше, ги остави да се средат малце со емоциите и им се обрати:
-Вака сега ќе ви кажам на двајцата! Најпрво доста се расправате и вреѓате, има чајре за се!
Како второ, нема сите 7000 бебиња да се родат живи, моја проценка е дека само 15% ќе преживеат, односно 1000 бебиња ќе родиш ти Трпеице! Како трето, државата е тука да ви помогне за се! Секое бебенце шо ќе биде гладно државата ќе му даде лебче! За школо не се секирајте има даскали на секој чекор! Тие ќе ги научат на ред и памет! Ама ќе ги воспитате бебињата и да не се срамат, се што нема да им биде јасно да си прашаат некој постар и да им се ОБЈАСНИ се!
-Убо збориш докторе! – промрчел Трпе – ама од каде пари за куќата да си ја средам, ами не се малку 1000 бебиња?
Се подзамислил докторот малце! Имал право Трпе, од каде пари за голема куќа? Ама докторов учен и шетан па му дошла идеја:
-Види вака Трпе. Во љубовта и војната се е дозволено!
-Ќе ги израснеш бебињата да наполнат 2-3 “годинки” а може и постари да бидат, и ќе ги пуштиш на печалба на ИСТОК или ЈУГ кај вулгарите или гејците! Таму да работат занат и таму да растат! Ама ќе им кажеш ДА РАБОТАТ цело време со МАЛКУ ЗДРАВЈЕ и да трошат колку да не умрат, ДРУГОТО ДА ГО ШТЕДАТ и пред да си дојдат дома, злато за мајка им ДА КУПАТ, а после може и да си отворат фирмичка некоја, бизнисмени да станат! А за патот карта од “Лазар со Оса” да си купат!
Се изгушкаа Трпе и Трпеица! Живи среќни ФАМИЛИЈАТА ќе им се прошири, а и азното ќе им се зголеми! Мореее чајре имало за се, само некој треба да се сети!
После некое време Трпе ги собрал сите деца околу него и им кажал:
-ДЕЦА ДРАГИ! Секој да си заработи за карта до вулгарија, не е скапа околу 8 денари е, а ако некој нема, нека го праша “Лазар со Оса” или пак некој друг, дали ќе му даде карта на црно по пониска цена! После ќе си кликне на неговиот аватар(сликичката што сте си ја ставиле) и одма под него ке се појави Location (change), ќе стиснете change, ќе изберете вулгарија или гејција,ќе си одберете еден регион подалеку од војната(Варна или Пелопонес) и ќе си се преселите! Таму нема да има потреба да се лечите и да работите со 100 здравје! Таму ќе си работите со колку сакате, ама ако ме слушате, ќе работите со околу 30 здравје! Паричките шо ќе ви ги даваат за плата ќе ги трошите само за лебче колку да не ми умрете, а другото се на страна! После кога ќе соберете троа повеќе ќе си купите злато и ќе си се вратите дома кај МАЈКА ВИ ! А ако некој го фати носталгија, не се секирајте, доколку не го смените државјанството, ќе си читате цело време Македонски весници, исто како дома!
Ајде сега деца драги.... СО ЛЕСНО НЕКА ВИ Е ! И писмо да ми преќате редовно!

За “Смрт и Слава” браќа и сестри!

Ако ви се допадна статијава и ако ја подржувате дајте еден V+S !