From LAVCAN with love !!!!!!!!!!!!!! x2

Day 1,163, 14:18 Published in North Macedonia North Macedonia by Arch1monde

АПЕЛ ЗА МИР НА БАЛКАНОТ!----ЛавЧан
Здраво,пак од кај арчи и фала му многу,немам весник,нема ни да отворам.
Што се деси со војнава????Ништо посебно,пиштевме вриштевме за војна,еве ја,се заеба економијата,пари за сол вочи да си туриме нема,се напрајвме за нигде,не само ние,исто и бугарите,малку се постари(незначи помалку зелени дека се од нас) ама и тие лошо поминаја.Апел да завршат сите војни на балканот...ало луѓе со цело злато што се потроши(фрли) можевме ние да одиме до Индија,а тие до америка...Катастрофа.Се е исто само него го нема?(златото)...А да за искуството и за ранк поени,не сме ни во тоа многу подобри пошо многу злато летна на тенкови,не само наше и нивно,ќе се нормализира се ке видите,правете математики.
Муабетот ми е да се тргни настрана реален живот,да гледаме да уживаме во играва.не ми се отвара да читам весник,само пцуење навредување,фиромци,татари,гејци,усташи,четници...ало 100% овде има и интелектуалци---срамота е,барем јас искрено се страмам.
Ајде да се соединиме како најјаки,знам нема шанси,али еднаш засекогаш тргнете политика,негледате,од политичарите сите патиме,барем тоа нека не соедини.Дали знаете до каде можеме заедно да стигниме?,незнам ни јас ама вреди да се обидеме.Ние сме млади,ние можиме светот да го промениме(барем есветот).Еве да тргниме од нас,не живееме ни со бугари,ни со грци,ама зошто да не пробаме.ако можиме ние можат и хрвати со срби и бугари со грци....Ништо нема да изгубиме,вреди да се проба.!Барем јас така мислам...
И да некој ќе ме обвини,предавник,ваков таков,не сум,само гледам реално на работите.Ќе има некои негативни коментари,ве молам само без вреѓање,цивилизирано.
Немам време да преведвам,многу би ми било мило да се преведи статијава на сите балкански јазици,барем ме интересира да знам што мислат другите,кој сака да ја преведи,слободно без да ме праша може.Поздрав до крвавиот Балкан...