From LAVCAN with love !!!!!!!!!!!!!!

Day 1,155, 08:42 Published in North Macedonia North Macedonia by Arch1monde

Еве сакам и јас една статија да напишам,несакам никого да навредувам,само некој работи да објаснам како јас ги сваќам.
Значи,фала за владата,што ни овозможи доста средства претходниве денови.Малку имаше молење,дебати,ама сепак јас,а се надевам и целиот Chaos Order,е горе доле задоволен.Но да напоменам,стварно засега немаме ние наши средства за секој однас да обезбедиме по 300 health,но на почеток сме.Верувајте според мене ние се развиваме повеќе од сите очекувања,само ни требаа малку средства од ваша страна.За некое време ако продолжиме со вакво сложно играње,секојдневно донирање од секој играч(како што е досега),за брзо време ке купиме и q5 оружарница,а ке можеме да обезбедуваме и повеке health, а се разбира и influence.Јас лично ве уверувам дека секој дониран денар од владава е потрошен на бојното поле,значи никој не заврши во нечиј џеб.Со тоа ние сме уште појаки и помоќни.
Никогаш,никој нема ни на крај памет помислено дека можно е да ја напуштиме Македонија како паравоена единица.Секогаш ќе бидеме тука да ја браниме и сакаме МАКЕДОНИЈА.
Сакам само да појаснам,вложените пари во нас,а и во другите паравоени единици,се вложени пари во Македонија.Утре ние ке сме тие кои ке и требаме на оваа земја.Секоја чест и за турските и српски тенкови,многу ни помогнаја,не викам нетреба да се донира злато и на нив,меѓутоа пред се треба да се вложува и во нашите граѓани,затоа што тие и се единствениот потенцијал на оваа земја,друг сватете немаме.
И само уште нешто,не да се фалам,ама вчера Бугарите плачеја по форуми и на нивниот Мирц,како е можно толку да се крени ѕидот во 1 мин во последната рунда(решавачка за нас).Можно е браќа кога удираат истовремено сите паравоени единици,се разбира и плус тенковите.Така се добива битка и војна,за 1 мин од 43,кренавме ѕид на 58,па после се разбира беше недостижно.Колку врви времето,со помалку средства од државата ѕидот ке го креваме се погоре,а се надевам и дека ке успеваме да креваме и повеќе граѓани без разлика дали ке бидат нови регрути или само обични смртници.

Фала за Arch1monde и за неговиот простор во весников,само да напоменам дека ова е мој личен став и секој коментар негативен ќе го сносам јас како одговорност...

Само напред Македонијо, дури не имаш нас, нема за што да си загрижена. Мислам на сите Македонци!!!!!

Ваш Лавчан