eMacedonian Units & Demons Analysis

Day 1,328, 06:52 Published in North Macedonia North Macedonia by Dushko Avramovski


Почитувани читатели и читателки,

Пред да ја започнам оваа статија сакам да ги поздравам сите кои вчера присуствуваа на забавата, оние кој не ги запознав и оние кои ги запознав.
Мило ми беше сите што ве запознав. Се надевам на нови собири во повеќе масовна бројка!



Да се вратам на новата тема во која ќе пишувам за анализата на сите еМакедонски единици и малце повеќе за мене и моите ДЕМОНИ.


Од следната анализа можеме да увидиме многу работи. Како на пример ке забележите дека Demons котира многу високо според сите три битни карактеристики(XP - Strength - Rank) но сепак според тоталната штета која ја прави оваа единица таа се наоѓа од 9-то, 8-мо до 7-мо место што е максимум за оваа единица, барем досега! И тоа е навистина чудно ако ви кажам дека просекот на оваа единица е веднаш зад водечките и најголемите: Volci, ArMakedon, Chaos Order, PanzeR и MTO. На 6-то следуваат Demons дури пред државната армија и моќните ARM Lavovi.

Да почнеме со ред.
- На оваа слика се впишани тоталниот збир од секоја карактеристика посебно.


Најдоле можете да го забележите тоталниот учинок на сите еМакедонски единици заедно и под нив посебно на Demons. И најдоле имате колку проценти од севкупниот учинок удел имаат Demons.

XP: Според искуството Demons се на 5-то место или пак завземаат 7% од севкупното искуство што го имаат сите еМакедонски единици заедно. Demons на оваа листа се рамо до рамо со Chaos Order и DBK кои исто имаат по 7%. Имено пред Demons на бројка, се само ArMakedon, PanzeR, Volci i MTO.

Strength: Според силата Demons се наогаат на 6-то место и завзема само 6% колку што завзема и DBK, од севкупниот збир на сила од сите еМакедонски единици заедно. На оваа листа повиско рангирани од Demons се Volci, ArMakedon, MTO, PanzeR i Chaos Order додека сите останати тимови се под Demons. Можам да кажам дека DBK ни дише во врат со 153.092. Последни се eVMRO со 27.888 сила.

Rank: Според воениот ранк Demons се 7-мо место или се одвојуваат со 5% заедно со ARMLavovi i ALFI од тоталниот збир на ранк поени на сите еМакедонски единици. Над Demons на оваа листа се Volci, PanzeR, ArMakedon, ARMLavovi и Chaos Order.

-Колку штета или eRep. кажано "influence" нанесуваат Demons ?

На оваа слика како што можете да забележите тоа се 10 дена и тоталната штета направена од еМакедонија заедно со се цивилите и штетата направена од Demons.

Influence: Штетата направена од Demons во однос на тоталната од еМакедонија изнесува 3%. Колку за споредба штетата на Volci на еМакедонија влијае 8%. А доколку би се бореле Demons против Volci зидот би бил 26% - 74% во полза на Volci.



Како за крај според поединечните карактеристики каде отприлика котираат еМакедонските единици и Demons.



-Според направената штета изминатите 10 дена
(некои тимови фалат ради проблеми со пристап до статистиката која не беше достапна)





-Сето погоре беше точна анализа и распределбите на моменталната сила. Но сведоци сме дека некаде има тимови со 20 члена некаде 100 члена. Кој е нивниот просек и каде они котираат?
Погледнете повторно!



-Според податоците погоре и нивната позиција по тие 3 карактеристики ги добив следниве резултати.



Доколку сите имаат еднакво број на членови со истата распределба на силина на ранк и искуство кое и нема влијание во битките, табелата би изгледала вака(сликата погоре)

-Ако Demons се наогаа веднаш после Chaos Order и пред Lavovite од АРМ на шестото место сега се 11-ти.
-Ако PanzeR беа 2-ри сега се 8-ми. АрМакедон се 2-ри а МТО се далеку на 3-то место.

Доколку Ви се допадна ова што го прочитавте ке ве замолам да гласате(vote) или пак да се претплатите(subscribe)
Доколку оваа статија сакате да ја споделите со другите и мислите дека и останатите би требале да ја видат можете да ставите шаут.


" eMacedonian Units & Demons Analysis - http://tinyurl.com/6xtyczf "

како за крај погледнете го ова видео доколку сте во можност секако -"eRepublik - eMacedonia Army DemonS
"





Искрено Ваш,
Душко Аврамовски(Dushko Avramovski)