el1temkd UNDRESSED [КАНДИДАТУРАТА ПРОПАДНА, СЕГА САМО КОЛКУ ДА ЗНАЕТЕ КОЈ СУМ]

Day 1,463, 16:43 Published in North Macedonia Belgium by El1teBE

~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~Кликни на сликата за музичка подлога~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~




Си бара утеха во играва (затворен ко во заграда)
човекот кој сите овие стихови ги донесе на свет,
ја востанови и ја организира еПулицеровата награда,
а во RL не му беше судено да стане новинар, писател или поет.

МОТО: (a propos: „Македонија“ - Анте Поповски) ...а замислете, ни Don Tas не го знае.
(превземено од DBK АЛМАНАХ БР.2 (дај нови деца!!!))
________________________________________________________________________________________

Епа вака дружино: одлучив и јас конечно да станам „славен“ и „познат“. Многу ми беше тешко што бев тотален анонимус до сега (за кого како). Затоа, еве и официјално ви соопштувам дека ќе се кандидирам за конгресмен на престојните избори на 25ти ноември. Ќе може да гласате за мене ако се преселите во Central Greece регионот, каде сум кандидиран преку MO-UP политичката партија иако од партијата се уште нема никаков став дали ќе бидам поддржан како нивен официјален кандидат. Се надевам дека поддршката ќе стигне наскоро! Во статијава не сакам да ве трујам со тоа што ќе направам ако ме изберете. Зошто? Зошто сите истото го зборат - а не сите истото го прават... Затоа јас ќе бидам единствениот кој нема да ветува ништо, и на тој начин ќе бидам сигурен дека во никој случај нема да ве разочарам. Наместо празни политички ветувања, јас ќе ви дадам тотална слика за тоа кој сум и што сум во RL - барем да знаете кој стои зад account-от, ако ништо друго. Причина - реков, сакам да сум поразличен од другите!

Јас сум Златко Стојковски, 27 години (10.10.1984), вага во хороскоп, дипломиран Филолог по општа и компаративна книжевност со македонски јазик (со просек 8,22 - ако и тоа ве интересира), вработен како Restaurant Flоor Manager во СЈ Компани ДОО - Скопје (развоен франшизер за McDonald's за Македонија) - 4 и пол години работен стаж, со надпросечен IQ (според МЕНСА-Македонија, иако веќе не сум нивни член поради тоа што сметам дека не е потребно да плаќам членарина кога ништо не добивам за возврат), facebook status - In a relationship with... (), либерал (понекогаш дури и преголем либерал) - кога се во прашања погледите на светот, но бидејќи не сакам етикетирања, се дефинирам себеси само со едно име - ЧОВЕК (пред се...)

Надвор од играва имам уште една online опсесија - се вика World Song Contest - еден од најголемите и најпознатите online избори за најдобра песна кој се одржува секој месец, и во кој после петгодишно успешно претставување на Македонија и македонската музика (имав дури и една победа - септември 2009, со Фолтин - Везилка), сега имам нов предизвик, а тој се вика Финска. Полека ја откривам нивната музичка сцена која е многу поразновидна отколку што тука ја претставуваат - само како земја на рок и метал. Освен eRepublik, реков дека единствено нешто на кое сум посветен online е потрагата по нова музика (сега од Финска), и слушање на музика од целиот свет - секојдневно! Омилени музички правци ми се alternative (indie) rock (Klaxsons, Muse - омилени бендови), gothic (symphonic) rock (Evanescence, Nightwish, Within Temptation - омилени бендови), но сакам и electropop, synthpop, new wave и речиси се останато 😃

Во играта се обидувам да си направам да ми биде интересно мене - можеби најмногу ме знаат како креатор и организатор на еПулицеровата награда, но и како авторот на ДБК Алманахот, и „плукач“, како што ме оквалификуваа некои, иако немав намера да станам тоа - се што сум напишал сум го напишал од забава, а не со намера да испровоцирам или омаловажам некого. Екс заменик командант на DBK Elite - голем дел на работи од почетоците на (под)единицата и дел од успесите на истата беа и моја заслуга. Тука пред се мислам на: каналот на единицата, на ботот elite кој кика и банува се што ќе стигне таму (јас го истренирав 😛), на листите за поделба, на формуларот за направен инфлуенс, на статутот на (под)единицата, на огромниот број поделби, акции, донации, пукања... Се откажав сметајќи дека и по се направено, не го добив местото кое го заслужував - не сакав никој да ми рече фала или да ми даде нешто за возврат, сакав само respect, а се почувствував како да не го добивам...

И најважно од се - она што најмногу ми смета во еМакедонија е плукањето кон нашиот јужен сосед - реков, либерал сум, мразам национализам (национал-шовинизам, расизам и фашизам), и имам прекрасни пријатели од Грција во RL, и не сакам кога некој ја етикетира цела нација (Грците) со погрдни називи и изрази, зошто, како што реков, никогаш не ставам се под една капа - ако не чини групата не значи дека има лоши поединци во неа... (токму затоа е и моето кандидирање баш во Central Greece направено - симболично...)

За се бев 100% искрен. Таков сум, каков сум - и не ми е проблем да си го покажам своето вистинско лице, зошто јас не сум дел од онаа група на луѓе кои се кријат зад своите профили и лажни создадени идентитети. Јас, каков што сум тука, таков сум и во RL - тие што ме знаат можат да го потврдат тоа. Оваа „приказна“ за мене ја раскажав зошто во моментов сметам дека е така најдобро!

Многумина сигурно ќе речат - гајле ми е кој си, што правиш во RL, што си постигнал во играта и каква музика слушаш. Епа знаете што? И мене ми е гајле што мислат другите за мене - јас сум таков каков што сум за себеси, не за другите, затоа и не ме засега...

И за крај, само ќе ве замолам на да се преселите во Central Greece на 25-ти ноември, и да гласате за el1temkd преку MO-UP политичката партија! Ви благодарам од се срце на сите кои ќе го сторат тоа, а единственото ветување кое ќе ви го оставам е дека никогаш нема да ве разочарам!

о7

ЗА SHOUT:
el1temkd UNDRESSED [КАНДИДАТУРАТА ПРОПАДНА, СЕГА САМО КОЛКУ ДА ЗНАЕТЕ КОЈ СУМ]
http://www.erepublik.com/en/article/el1temkd-undressed--1909506/1/20