eBrainiac [Промоција] (03.12.2010)

Day 1,109, 00:09 Published in North Macedonia North Macedonia by KennyGj
Што е eБрејниак?
eБрејниак е македонски еВесник, чии нови статии излегуваат еднаш до два пати неделно, специјализирани за помош за еГраѓаните. Овој весник го прави посебен од другите весници за помош на еГраѓаните тоа што за да се освои некоја од вредните награди мора да се заслужи истата преку тогашната еЗадача.

Што претставува еЗадачата?
еЗадачата претставува загатка која Вие треба да ја решите во зависност од нејзиното барање. Таа нема да биде едноставна и ќе биде потребна добра логика, снаодливост и пред сè знаење за нејзино решавање. Нејзините правила ќе бидат наведени секогаш во статијата во која се наоѓа, а решението на истата ќе биде објавено во истата статија.

Што да се направи откако ќе се открие решението?
Во случај да успеете да ја решите загатката, решението заедно со накратко објаснените постапки за добивање на истото пратете го единствено преку лична порака на основачот на овој весник односно тука.
Напомена: Да не го праќате решението преку коментар на статијата или да го објавувате на било каков начин, поради зачувувањето на неговата тајност и со тоа автоматски си ги зголемувате шансите за добивка на награда. Вака се надевам дека повеќе до израз ќе излезат подобрите играчи на еРепублика. Доколку биде напишано некакво решение во коментарите, истото ќе биде занемарено.

Колку време имам да ја решам еЗадачата?
Имате цел викенд со оглед на тоа што статиите со еЗадачата најчесто ќе бидат објавени сабота наутро, а резултатите во истата статија понеделник.

Како ќе дознаам дали моето решение е точно?
Откако ќе го пратите решението преку лична порака, повратна порака најчесто нема да Ви биде вратена туку во истата статија со еЗадачата ќе бидат објавени сите учесници со точни решенија и добитниците на наградите кои ќе бидат одбрани по случаен избор преку random.org

Дали само учесниците со точни решенија ќе бидат наградени?
Не, но тие ќе имаат многу поголеми шанси за добивка на награди и тоа со доста поголема вредност. Другата варијанта за можна награда е преку „стариот начин“ т.е. со глас и претплата кој верувам дека добро го знаете.

Какви се наградите?
Наградите ќе бидат разновидни, но секогаш со висок квалитет за учесниците со точни решенија, за разлика од останатите кај кого ќе бидам по скромен и секогаш ќе бидат објавени заедно во статијата во која се наоѓа еЗадачата.

Зошто да учествувам кога немам сигурна награда?
Можете да учествувате од проста причина да докажете дека не спаѓате во тие играчи во кои не сакате да мислат дека спаѓате, туку во побистрите и ако ја извршите добро еЗадачата, вашето име ќе се најде меѓу нив.



Сите забелешки, прашања, идеи и слично во врска со весникот пратете ги во коментари или преку лична порака.
KennyGj