eBrainiac - еЗадача 02 [ЗАВРШЕНА] (11.12.2009)

Day 1,117, 01:31 Published in North Macedonia North Macedonia by KennyGj
ОВАА еЗАДАЧА Е ЗАВРШЕНА!
ТОЧНОТО РЕШЕНИЕ И ДОБИТНИЦИТЕ СЕ ПОДОЛУ ВО СТАТИЈАТА!



Добро утро еГраѓани, еве ја и втората еЗадача.
Напомена: Оние кои ја немаат прочитано статијата во која е објаснет еБрејниакот, задолжително да ја прочитаат за да им се разјасни целта на овој еВесник.
http://www.erepublik.com/en/article/ebrainiac--1592554/1/20


http://hotfile.com/dl/88725610/3117aa2/eBrainiac.rar.html (66кб) (не е повеќе достапен)

Следниот код ќе ви помогне до разрешувањето на денешната еЗадача: 6b6f6761206e656d61206461207a6e61657368207368746f20706f6e6174616b612c2073657469207365206e61206d656e65202d2057696e72617220

ПС: Кај вистинското решение ќе Ви биде нагласено дека тоа е КОНЕЧНОТО решение на еЗадачата!
ППС: еЗадачата е составена од повеќе чекори кои сами ќе ги откриете и кои ќе Ве водат понатаму до конечното решение.
ПППС: Вистинското решение никогаш нема да биде некое од решенијата од претходните еЗадачи!
ППППС: Конечното решение заедно со накратко објаснетата постапка за тоа како го добививте истото пратете го единствено преку лична порака ОВДЕ, решението пратено без објасната постапка е неважечко!
ПППППС: Играјте фер, добиеното решение сочувајте го само за Вас. Со тоа си ги зголемувате шансите за добивка на една од наградите.


Можни награди за точно решение ─ 5 пушки со 100 моќ за 5 употреби.
Можни награди преку бројот на глас и претплата ─ 3 пушки со 60 моќ за 3 употреби.

Напомена: Предност ќе имаат учесниците кои претходно нe биле избрани за добитници на некоја од минатите еЗадачи.





Вкупно двајца учесници целосно ја завршија првата еЗадача и сега се сопственици на Q5 пушка, секоја чест! Хронолошки:
1. Maked0ner - http://www.erepublik.com/en/citizen/profile/3978700
2. Koteska - http://www.erepublik.com/en/citizen/profile/3974893
Нивните решенија – ОВДЕ. ПвП хД

Другите кои до некаде успеаа да ја решат добија по еден Q5 оброк...

Решение на денешната еЗадача:
Линкот кој Ви беше даден најгоре состоеше рар фајл кој при откакување бараше лозинка, кодот кој беше даден беше енкодиран во хексадекаден код, и доколку го конвертиравте во текст со едноставен онлајн конвертер ќе добиевте:
"koga nema da znaesh shto ponataka, seti se na mene - Winrar"
Од тука се забележуваше дека “Winrar” ја претставува лозинката која што се бараше, и кога ќе се отпакуваше рар-от ќе добиевте слика во јпг формат со име:
„потсети се... одговорот во мене е сокриен“
„потсети се“ се мислеше на претходниот чекор во кој беше нагласено тоа што доколку „заглавите“ да употребите Winrar, а „одговорот во мене е сокриен“ не посочуваше да барате нешто во сликата туку буквално се мислеше „во него“. Овој чекор можевте да го завршите на повеќе начини од кои некои се:
- при отворање на сликата преку програмата Winrar
- менување на екстензијата од .јпг во .рар и потоа поново отпакување
- менување на екстензијата од .јпг во .тхт при што ќе добиевте „хинтови“ дека содржи датотека
Како и да пробавте требаше да се добие нова датотека во текст формат во кој се состоеја сите информации заклучно со кодот кои требаше да ги пратите преку лична порака.

Решението можете накратко да го проверите во следните чекори:
- од хексадекаден во текст:
http://www.string-functions.com/hex-string.aspx
- линк од рар фајлот (не е повеќе достапен):
http://hotfile.com/dl/88725610/3117aa2/eBrainiac.rar.html
- последниот чекор е објаснат погоре.

Доколку не успеавте да ја решите оваа еЗадача не разочарувајте се, ќе има уште многу други!

Добитници на Q3 пушки преку глас и претплата се:
1. Hristijan Tasevski - http://www.erepublik.com/en/citizen/profile/3954239
2. e Vladimir - http://www.erepublik.com/en/citizen/profile/4124619
3. Ivan Vancho Makedonski - http://www.erepublik.com/en/citizen/profile/1730806



Од сабота ќе има измени за повеќе еГраѓани да можат да ги решат еЗадачите, односно да има повеќе добитници. Се читаме следната сабота со нов предизвик!


Сите забелешки, прашања, идеи и слично во врска со весникот пратете ги во коментари или преку лична порака.
KennyGj