DBK ви открива!!! [Panzers busted]

Day 1,328, 17:16 Published in North Macedonia North Macedonia by Voix of Macedonia

Драги граѓани на еМакедонија!!!
Јас како директор на тајната служба на еМакедонија, ДБК сметам дека ми е должност да ја известам јавноста околу некои работи црни бизниси кои ги водат, единиците, граѓаните, политичарите и други кои се застапени во еМакедонското општество. Немојте да прашувате од каде го знам сето ова што ќе ви го кажам, само треба да верувате затоа што сепак, ние сме единствената тајна служба во цела еМакедонија ако не и во цел ерепублик. Значи нема да должам повеќе туку ќе ве насочам кон фактите кои го докажуваат моето тврдење(секако некои работи неможам да ви ги прикажам затоа што ми се кажани од доушник во самата единица Панзери).
Драги читатели спремете се да дознаете многу информации!!!
Да започнеме! Прво ќе ви ги претставам неколку од лидерите на Панзери(или пак тие што се застапени во самиот врв на единицата)

1. kojoti2


Врховен командант на Панзери, основач на единицата, воен профитер, робовладетел и демонстрант. Откако ги основа Панзер се бори против секоја влада која доаѓа на власт во еМакедонија, Откривач на сите црни тајни на владите и голем противник на лижачите и АрАмиите.

2.darkan7


Исто мисленик на којоти2, но не е многу застапен во јавноста и поради тоа е слабо познат на сите. Ако неможете да го најдете којоти2 а ви треба некој од Панзери можете да му се обратите на даркан, затоа што тој е десната рака на којоти2.

3. BlackMK


Најголемиот поборник против власта о страна на Панзери и директор на бирото за контраразознавање на единицата. Сака психички да ги малтретира жртвите, жеден е за крв и психичко уништување на неговите жртви. Личност со голем авторитет во единицата и тие членови што не го слушаат, после тоа им се губи секаков траг. Ако ја видите личноста што е на сликата погоре, бегајте и не гледајте назад!!

Во ред споменав само неколку од главната команда од единицата Панзери, поради мои лични причини (едниот од нив ми е шпијунот така да неможам за него да пишувам)! Сега ќе ви презентирам како работи Панзер!!!

Да се разбереме ако мислевте дека само АрМакедон има развиено криминална мрежа(иако секако никој неможе со нив тие се криминалци на големо) тогаш сте во многу голема заблуда, сега ќе ви ја кажам целата мрежа на Панзери и како таа работи!!!

Не ви споменав на почетокот на статијава затоа што сакав да го сочувам тоа за овој дел. Панзери бројат 150 луѓе од кои 50 се регрути(црнци)! Тие им се главен извор на профит на командантите во единицата. Главна задача на регрутите им е да работат и само да работат. Нивните тенкови ги земаат “членовите“ на единицата и тие што прават поголем инфлуенс. Се прашувате како ги тераат регрутите да им работат без пари??? Тука веќе настапува BlackMK кој прави анти-владини канпањи и збори против власта и им кажува дека само Панзер мисли добро за нив, секако тие сакале нејќеле мораат да го слушаат поради карактеристиките кои ги има, а ги напоменав погоре. Друга стратегија им е да ги рекетираат АрМакедон со заканите дека ќе извадат многу информации за нив во јавноста, после кои нема веќе да се качат на власт. Тоа исто така им е голем дел од профитот!!!
Мислите сето ова што ви го кажувам е измислица??? Влезете во земјиштата на којоти2 (има линк погоре) и видите што фирми има направено со оваа негова стратегија!!!

Народе ви благодарам што читавте се гледаме нареден пат во емисијата “ДБК ви открива“.... Специјален поздрав до mandanata, кој ми даде добар дел од информациите!!! Фала брат ќе си добиеш тоа што ти ветив 🙂

ПОЗДРАВ МАКЕДОНИЈО!!!