Day-Work (ден работа) Зошто, кога, како?

Day 1,109, 06:25 Published in North Macedonia North Macedonia by Great White Ajkula

Се соочив со левичарски ориентирани типчиња кои немаат поим од економија, туку исфрлаат бројки од ракав. И тоа е логично нивното, ама во еден чекор. Па сум бул капиталист, алчен, дрн дрн јариња. Која е нивната логика во еден чекор:
„Јас работам за 8 денари, произведувам 175 парчиња пченица, која се продава по 0.08, значи 14 денари. 6 остануваат на газдата - значи тој е ѓубре, капиталист и треба да се убие (комунистичка глупост).“ Ако истите (кои бараат некаква логика) размислат подлабоко, како би требало да размислат (ќе земам помали бројки, за да не математицираме премногу):
1. Има на пазарот 5 компании и тие не прават DW, значи ќе произведат 15000 (горе долу) пченица.
2. Ќе се продадат 10000... И што мислите, кога ќе ја видат брзината на продажба, газдите ќе ја остават цената на пченицата? АПСОЛУТНО НЕ! Ќе ја качат одма. Инстант! ако е 0.08 при количина на пазарот од 15к, за 5к тоа ќе е барем 0.15 ако не и повеќе. И уште полошо, бидејќи комании нема, ако нема DW, ќе се купи и целата пченица и за некои лебари ќе нема ич! Значи тогаш тичиња што пцујат зошто цената била 0.08, ќе треба да се самоубијат на цена од 0.15 (особено е деликатно што тогаш ќе ви се натопорат стрнски компании и ќе ви прават одлив на злато!!!)
3. Како да се намали цената: Епа тука се реагира вака: Прво одите според пазарната логика и DW - создавате капитал. Одите со заработка која е капиталистичка и незгодна (и дотичните типчиња плукаат по вас и пцујат, ама ќе издржите, ќе ве утеши профитот). Кога ќе створите доволно капитал, гомилате количина пченица и не ја нудите на пазарот. И во погоден момент, ја спуштате цената (строго со голема количина, инаку нема успех). И намалувањето не може да оди рапидно. Нема шанси да намалите од 0.09 на 0.07, затоа што исплашени од претходните цени, лебарите ќе ви ја купат цела, пред таа да влијае на пазарот. Дури и кога ја спуштате, ако нема доволно компании, уште е потребен DW, за да може да одржувате цена, затоа што ако нема понуда на пазарот - види точка 2 (и пак типови објаснуваат дека сте трул капиталист)

Јас на претходната статија од некој бот кој наводно се срамеше од мене, заработив дури и unsubscribe (согласно со принципот за козата и комшијата). Типчето не ја сфати поентата и ме изнарече со погрдни зборови, изблува и си отиде. А всушност да му ја пратев приватната комуникација со уште две компании, ќе видеше дека се работи за обид за стабилизирање на пазарот - АМА СЕГА НЕМА ДОВОЛНО КОМПАНИИ за да е пазарот стабилен! (Глуп ли сум јас да барам нови компании, ако не ми е грижа за еМакедонија - види преходна статија)

Така мили мои плукачи, лутачи и unsubscribe-ри, оваа привремено мачна ситуација е за еМакедонија. Мислите дека ми е ќејф цел ден да изгубам пред компјутер и да отпуштам луѓе? Нема врска. Ми одговара пристоен профит, пристојни плати, ама да има пченица и леб за сите по нормални цени! За да дојде до тоа, мора да помине овој период, и мора да има луѓе кој ќе ве пцујат (ѓоа стаж изгубиле)...