Biseri [TSRS]

Day 1,695, 11:12 Published in North Macedonia North Macedonia by Truth of the Sixteen Rays Sun
Статија #12 11.06.2012


Здраво живо Македонијо!

Нема многу да тупам, едноставно сакам да ги споделам со вас БИСЕРИТЕ од моето секојдневије со цел да ве насмеам.

Да почнеме (во заграда ќе го сатвам изразот на кој се мислело)


1. Да играме една картија парти (партија карти)
2. Цицето не е пилач (пилето не е цицач)
3. Pas maker, stand by (мислејќи на бајпас)
4. Светла темница
5. Текстуален текст
6. Ме нозат болеве (болат нозеве)
7. Имаме исто вакво моторче само што е од иста фирма (различна фирма)
8. Психопатија (телепатија)
9. Кастирање (кастрирање)
10. Крупна ама ситна
11. Подмрзнат мраз
12. Грипси (нешто меѓу гризини и чипси)
13. Патриција (партиција)
14. Полека ке ја посееш песокта ко песок
15. Наќоро те гледаат (остро те гледаат)
16. Колана е поткрената на колца (трупци)
17. Како се викаше циганот што свири РЕФУС? (Ферус)
18. Жена со трудно дете
19. Кор стар (хард рок)
20. Кажи боја. Инфра црвена!
21. Геометриско тело? Штица
22. Тратко краат (кратко траат)
23. Што дожд дувашеее... (ветер)
24. Еј торбицана уште торбит? (збират)
25. Најлонче со најлон залепено!

Епа на тие се сеќавам...
Пишете го вашето омилено од тука или од вашиот РЖ.
Поздрав, засекогаш вашеПреспански Абер.