Assassin's Creed Brotherhood

Day 1,270, 14:23 Published in North Macedonia North Macedonia by EzioAuditoremkd
TRAILER---http://www.youtube.com/watch?v=zzNs4-kRLaE




Assassin's Creed brotherhood претставува трето продолжение од серијалот на игри од Assassin's Creed.Овој дел започнува со бегањето на Езио и неговиот чико Марио од Ватикан.Тие се враќаат во нивната Вила Villa Auditore,каде што се срдечно пречекани од сите.Таму тој дознава дека Вилата ја опремиле со топови за полесно бранење на ѕидините.Езио на останатите од Атентаторскиот Одред им кажува што видел и што „пророкот“ му рекол.После тоа тој се враќа во неговата соба за да се опушти после „напорниот“ ден.Во неговата соба доаѓа Катерина Сворза која што ја минува ноќта заедно со Езио.Утредента рано изутрина Вилата е нападната од страна на СИНОТ на РОДРИГО БОРГИА , Цезаре БОРГИА заедно со неговите сојузници (темплари).Во таа војна Цезаре (Cesare) го убива Марио Аудиторе и ја заробува Катерина Сфорза и го зема ПАРЧЕТО ОД РАЈОТ,а 1 од неговите војници го ранува Езио со пушка.Сепак тој со помошта на неколку други Атентатори успева да се спаси и да побегне заедно со се своето семејство (мајка му и сестра му) и повеќето од граѓаните надвор од Вилата.Иако ранет тој решава да тргне на пат кон Roma (Рим) за да се одмазди.Но на патот тој губи свест и паѓа од неговиот коњ.


Дезмонд тогаш излага од Анимусот и гледа дека заедно со Луси и нејзините помошници се наоѓа во Вилата на Езио.За да продолжи со своите сеќавања тој заедно со Луси оди низ тајниот премин низ кој што одел и Езио.На крајот доаѓа до „Тајната одаја“ каде што се наоѓал и Арморот на познатиот Атентатор (assassin) Алтаир.Таму Дезмонд и останатите го поставаат својот камп и анимус и продолжуваат со нивната работа.


Езио се разбудува во една просторија,каде што бил лекувал од страна на „една жена“.Таа му објаснува дека бил донесен тука од страна на 1 човек кој што му оставил и облека (aтентаторската облека) и му рекол дека ќе го чека на едно место во Рома.Езио најпрвин оди до најблискиот доктор каде што се долекува,а потоа оди на даденото место.Дознава дека човекот што го има донесено во Рома не е никој друг,туку Nicolo Machiaveli (Николо Макијавели).
Тој му дава малку пари на Езио за да започне свој сопствен бизнис и му ги кажува локациите каде што би можел да се обрати за помош од останати Атентатори.Езио после тоа оди на локациите кои што му беа зададени.Кај the "thiefs" (крадците-шпиони) на чело со La Fox,Лордот Бартолоемо и неговите војници и кај неговата сестра и мајка,кои што отвараат нивен сопствен бизнис


Откако ќе се сретне со неговите пријатели,Езио ја започнува својата одмазда.Првото нешто што ќе се обиде да го направи е да ја спаси Катерина од затворот во кој што се наоѓа таа.Езио успева да ја спаси Катерина од затвор и да ја однесе во својата куќа..Откако ќе го стори тоа Езио ќе почне со собирањето на неговите „Браќа“ атентатори,односно ќе ја започне неговата мисија за ослободувањето на Рома од темпларите.


Откако ќе заврши со Регрутирањето,Езио започнува со уништувањето на Боргиа.
Најпрвин решава да ги убие нивните сојузници и најблиски луге.Прв на листата е „Банкерот“.По неговата смрт Францускиот барон „De Valois" поддржан од Cesare Borgia го напаѓа баронот Бартоломео.Но неуспева да го победи,поради тоа што Езио доаѓа на помош заедно со се неговите придружници (атентатори).Со помошта на Бартоломео Ezio успева да го убие францускиот барон и да ја ослободи жена му на Бартоломео од неговите раце.
После смртта на Баронот,Езио решава да најде начин да влезе во палатата на Боргиа.Тоа ќе го стори со спасавањето на акторот Пиери од смрт во колосеумот (кој што воедно е замешан во некои работи на Боргиа семејството).
Откако тој ќе му го даде клучот Езио решава конечно да заврши со неговите противници.Тој повторно оди во дворецот на Боргиа.И таму дознава дека Родриго Боргиа е убиен,а Чезаре оди кон локацијата каде што се наоѓа "Peace of Eden".За среќа Езио стигнува попрв до локацијата и успева да ги порази војниците од Цезаре и да побегне од таму.


Цезаре иако го нема ПАРЧЕТО ОД РАЈОТ сеуште не се предава,тој се обидува да добие помош од повеќе разни лидери,но насекаде Езио го следи и го спречува во тоа.На крајот Чезаре е избркан од Рома и е уапсен за сите негови зли дела.Но тој успева да излезе од затворот и повторно почнува со неговите зли дела.Овој пат тој решава да ја нападне Шпанија.Тој со огромна војска ја напаѓа Шпанија,но за среќа Езио ја дознава локацијата каде што напаѓа Цезаре и оди го спречи.На ѕидовите од градот Езио и Цезаре се сретнуваат и започнува нивната последна битка.По смртта на Цезаре,Езио го става парчето од рајот во 1 одаите на Колосеумот.


Дезмонд и останатите одат на локацијата каде што е парчето од рајот, и откако Дезмонд го допира парчето од рајот,ПРОРОКОТ (пророчицата) му вели да ја убие Луси,доколку сака да го спаси светот од целосното уништување за да може да продолжи понатаму сам во неговите мисии.Дезмонд се противи на тоа,но... не успева.Со смртта на Луси завршува и оваа игра.


Во играва покрај ова,се среќаваат и уште многу други личности кои што ти помагаат да завршиш некои од мисиите,а еден од нив е и Леонардо.Покрај тоа има и некои мисии со кои што се дообјаснуваат некои случувања од вториот дел на играта,а има и такви мисии со кои што се добива подобра облека.
Покрај тоа во скоро целата игра,THE FOX сметаше дека Николо Макијавели е предавник,но на крај се дозна дека тоа не е тој,туку 1 негов многу близок пријател.


Се надевам дека ви се допадна и ова продолжение од играва,наредна моја статија ќе биде за играта „DRAGON AGE".Линк од каде што можете да ја спуштите играта:овде А СЕГАА КАКО И ВО ПРЕТХОДНАТА СТАТИЈА ЌЕ ИМА 2 НАГРАДНИ ПРАШАЊА КОИ ШТО НОСАТ ПО 25 МКД.ПРВОТО ПРАШАЊЕ Е: Кој од следните непријатели недостасува а е многу близок со фамилијата BORGIA (мала помош го/ја има во некои од ВИДЕЈАТА што се дадени погоре во статијата): Cesare Borgia,Rodrigo Borgia,The Banker,Baron de Valois.