ApocalipseMNA:Имам српско државјанство поради економски и политички причини

Day 2,053, 08:14 Published in North Macedonia North Macedonia by Darko555

Можниот иден премиер на Македонија кој припаѓа во тимот на Akconel има српско државјанство.А1 успеа да го контактира заради големиот број на револтирани државјани кои сметаат дека поради моменталната состојба со Србија не смееме да дозволиме иден премиер да биде со српско државјанство,иако тимот и програмата на аckonel e еден од најдобрите затоа што во него има вклучено посебно значење на
МОД тимот,формирање на ракетна единица,субвенции за помладите а со тоа и
задржување на новите играчи.Исто така тој и неговиот тим акцентот го ставаат на МОФА тимот со што би се задржале досегашните сојузници но и би се формирале нови.
Во продолжение целото интервју со ApocalipseMNA:

1.Зошто имате српско државјанство.Во реалноста по националност си Србин или има некоја друга причина?
1.Интересно прашање, по националност сум инаку Македонец, а српско државјанство имам од неколку причини. Првата е економската бидејќи за издржување на акаунтот и воената единица на која сум командир е потребно тенкови, едноставно ми требаат ресурси за да произведувам. Втората причина е политиката која се водеше, но несакам детално да навлегувам во ова прашање и да обвинувам, потенцирам и кажувам како требаше да се постапи, можеби и не сум ја тој кој што треба да го каже тоа. Третата причина нека остане тајна, ќе ја кажам јавно покасно во мандатот 🙂 .
2.Како стигнавте до положбата да бидете кандидат за премиер на Македонија?
2.Хехе, па искрено многу лесно. Акцонел ме праша, т.е ми кажа Апо тебе ти е судено да ми бидеш премиер, а јбг од судбината не се бега 😛 . Малку шега, ама нешто така беше у тој стил.
3.Ако станете премиер на Македонија би го промениле ли државјанството?
3.Изрично НЕ ! Бар не засега, отпрвин бев во дилема на почетокот на мандатот да се вратам, ама по некои работи што се случија нема да се вратам, бар не за тие луѓе за кои сум предавник.
4.Какви промени би требало да очекува Македонија додека вие постанете премиер?
4.Кога би имале средства со кои да работиме, би рекол ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ, но со оглед на тоа што располагаме првенствена цел ќе ни биде враќањето на карта, и закрепнување во економијата колку тоа ќе биде можно. Ги разбирам јас сите и не ми е првпат да сум во некоја влада, знам, сите ние сакам да освојуваме, покоруваме, и да бидеме надмоќни над некого, ама да бидеме реални не располагаме со толкава воена сила(Мастер Кард, Плато), па ќе видиме како што ке биде во однос на можностите кои ги имаме.
5.Би ги зближиле ли односите помеѓу Македонија и Србија?
5.Кога ја би ги тегнел конците, никогаш и не би ги разлошил, но што е тука, ќе се направи обид од наша страна да се подобрат односите, но тоа секако треба да биде обострано. Доколку другата страна не покаже знаци на такво нешто, односно несака, ништо неможам ја тука, едино можеме да заземе друга положба и да го направиме она што неверувам дека некоја еВлада досега го има направено, а мислам дека тоа е јасно да не објаснувам, може нема да има потреба за такво нешто.