Alexandar Makedonski

Day 1,731, 14:22 Published in North Macedonia North Macedonia by Stoica vasev

„Забележувам, господа, дека кога би ве однел на нов пат не би ме следеле со стариот дух. Ви кажав да дојдете тука за да дојдеме до одлука заедно: дали сме подготвени, според мене, да одиме напред, или според вас, да се вратиме назад? Ако имате некоја жалба за резултатите кои ги постигнавме или за мене како ваш водач, нема потреба од понатамошен разговор. Но, дозволете ми да ве потсетам: со вашата храброст добивте споственост над Јонија, Хелеспонт, Кападокиа, Пафлагонија, Лидија, Сарија, Лициа, Памфилија, Фоеника и Египет, грчкиот дел од Либија е сега наш, заедно со поголемиот дел од Арабија, Сирија, Месопотамија, Вавилон; Персија и Медиа со сите териотории или се контролирани од нив или не се во вашите раце; станавте господари на земји подалеку од Гаспијанските Порти, подалеку од Танаис, од Бактрија, Хирканското Море; го протеравме Ситијците назад во пустината, останатите Индуси шетаат низ земји кои се наши. Со се’ тоа постигнато, зошто се предомислувате да ги проширите силите на Македонија- вашата сила- до племињата на другата страна? Се плашите дека неколку домородци ќе ви се спротистават? Ајде, ајде! Овие домородци или ќе се предадат без борба или ќе бидат фатени во трката- или ќе ја напуштат земјата за да ја земете; и кога ќе ја земеме, ќе биде подарок за оние кои ни се придружија самостојно и се бореа за нашата страна.

За човек кој е човек, според мене, ако е насочен кон благородни цели, нема ништоосвен тоа, сепак, ако некој сака да знае кои се границите на кампањава, дозволете да ви го кажам регионот кој е сеуште пред нас, од тука до Ганг и источниот океан, е мал во споредба. Без сомнение ќе откриете дека океанот е поврзан со Хирцианското море. Дополнително ќе ви докажам, мои пријатели, дека Индиските и Персиски Голфски струи и Хирицијанското море се поврзани. Нашите бродови ќе пловат кружно и цела Либија и источно од неа ќе биде наше наскоро, исто така и цела Азија, и за оваа империја нема да има граници освен самиот Бог кој го направил светот.

Но, ако го свртите грбот сега, ќе има останато неосвоени луѓе на многу места, па ако се повлечеме сека има опасност дека територијата која сеуште не ни е сигурна да се обедини во револуција . Треба ли тоа да се случи, со оглед на се’ што направивме и страдавме ќе стане безплодно – или ќе се соочиме со задачата да го правиме истото од почеток. Господа Македонци, и вие мои пријатели и соработници, не смее да биде така. Стојте цврсто; бидејќи добро ја знаете опасноста на славата, и слаткоста на храбриот живот по смртта.

Не сте ли свесни дека ако Херакле, мојот предок, не стигнал подалеку од Тирин или Аргос – или дури Пелопонес и Теба? Дури и Дионис, кој е Бог, не достигнал многу, а ние направивме повеќе од двајцата. Ајде тогаш, додадете го остатокот од Азија на она што веќе го поседувате – мал придонес на многу освојувања.

Нема да можев да ве обвинувам дека сте првите кои го изгубивте срцето, ако јас, вашиот водач, не помогнав во вашите уморни марширања. Вие и јас, господа, го делевме трудот и ја делевме опасноста, и наградите ќе бидат за сите нас. Освоената територија ни припаѓа нам, а поголемиот дел е ваш. Кој сака да оди дома, ќе му биде дозволено, со мене или без мене. Тие што ќе останат ќе ги направам љубомора за оние кои ќе се вратат. “