Additional regions for Macedonia. [Poll]

Day 1,213, 13:36 Published in North Macedonia North Macedonia by Dragje



Additional regions for Macedonia.

Артиклов го пишувам како додаток на овој артикл, напишан од Ilija93 пред 5 дена.

Во кратки црти се работи за барање за додавање на нови региони во Македонија. Се на се да бидат 5 региони, наместо досегашните 3.



Она што ме испровоцира да го напишам овој артикл и на некој начин да го дополнам оној на Ilija93 (што многу ретко се случува) е бројот на гласови на анкетата овде.

-Во моментов кога го пишувам артиклот има 711 гласови ЗА, и 67 гласови ПРОТИВ, вкупно 778 гласови.
-Артиклот на Ilija93 има 1029 гласови.
-Македонија има 13603 жители. Но, еве да речеме во тие жители има и такви кои се во окупираните делови од страна на Македонија и не се преселени во нивната матична земја, па да речеме дека има ~10000 жители.

Confuzed?


Да дојдеме до целта на артиклов: На што се должи нашата пасивност на eRepublik форумот? На што се должи нашата пасивност во изгласување на артикли?

Доколку сакаме да не забележат повеќе, не само на воен план, мораме да бидеме гласни. Јакото новинарство е исто така важен сегмент во напредокот на една држава. Доколку останатите играчи од останатите држави секој ден забележуваат во Топ 5 артикли по еден Македонски артикл, сигурно ќе имаат различна слика за нас. Дека нешто се случува во нашата држава, дека сме активни, дека не премолчуваме и дека има што да кажеме.

Затоа, еден апел до сите Македонци. Не бидете љубоморни "зошто неговиот артикл има повеќе гласови од мојот/повеќе претплатени од мојот весник". Бидете активни во новинарството и на форумот, поддржувајте ги квалитетните статии, ништо нема да ви наштети еден глас или еден шаут. Нека види светов дека имаме што да кажеме. Доколку ние самите не се "фалиме", џабе очекуваме некој друг да не "фали".

Гласајте на анкетава, нека има 10.000 гласови. Го можеме тоа. Сами работите нема да се сменат. Ние треба да ги смениме!

Бидете активни говорители!