Aкција да ги запознаеме најјаките еМакедонци- part 8 (PhoenixMK)

Day 1,174, 01:12 Published in North Macedonia North Macedonia by The Last Knight


Почитувани Македонци!

Гледам дека полека напредувате со вотирање ,но треба уште малце да повежбате.Интервјуто со чичко Грозни помина одлично,а и имаше доста позитивни комнтари што многу ме радува.Но акцијата ‘’Да ги запознаеме најјките еМакедонци’’ нема да застане тука одиме понатака со part8 па нека ни се множат...




Во парт 8 како што ви ветив интервју со легендарниот не заборавниот и најјакиот еМакедонец PhoenixMK.



PhoenixMK е 23ти левел има 2 064 е.п ,има 11 медали и е дел од АрМагедон! Доколку гледаме според статистиките и не е баш во најјаките еМакедонци ,но доколку гледаме според неговата активност неговите статии и одлично познавање на играта и политиката во неа тој стои одлично.Па затоа PhoenihMK од овој момент ти посакувам добредојде во друштвото на најјаките еМакедонци и ти посакувам еден ден 227то место според националниот ранкинг да го замениш со прво !

А сега да видиме што ни кажа PhoenixMK!



Најпрвин, да Ви се заблагодарам на поканата и покрај тоа што не сум меѓу најјаките (по сила) Mакедонци но сега се чувствувам како таков хаха (пазете се од мене)

1.Кое е вашето РЛ име ? Вашата РЛ возраст?И РЛ професија?
-Се викам Бојан, имам 23 години и сум постдипломец на правен факултет

2.Од каде сте ?
-Чистокрвно струмичанче сум но последниве 5 години сум натурализиран скопјанец

3.Како и кога почнавте да играте еРепублик?
-Ја заиграв прв пат играва летото 2009та година. Ја дознав преку Eddie Rebbel и заедно се еродив со неколкумина познати играчи овде како мојот пријател Ivan Vancho Makedonski и други со кои сеуште комуницирам редовно. Сите се еродивме во еБугарија (јас во Видин), работев таму а подоцна постојано бев на релација еИндија-еПакистан-еИндонезија. Поради низа причини пред формирањето на познатата Македонска Фаланга во која требаше да бидам дел и јас, ја напуштив играта и сеа почивам во мир во еПакистан .Година подоцна, кога ме известија дека еМакедонија е додадена во еРепублик (Ванчо ми се закани дека ќе ме убие ако не се вратам) еве ме пак, воскреснат како Феникс. Инаку никнејмот нема врска со сојузот, не ни знаев дека постои Феникс сојуз .

4.Дали некогаш сте помислиле да се откажете?
-Еднаш се откажав, но сега си ја имаме нашата мајка Македонија па не ни помислувам на тоа

5.Која е вашата цел во еРепублик?
-Играва не ја играм толку за себе колку за еМакедонија. Уште од самиот почеток покажав дека сум тимски играч и дека сакам да помогнам во градењето на еМакедонија. Сакам да ја видам мојата земја цврсто на нозе, со добра економија, силна армија, задоволни и сложни сограѓани. Можеби некој ден, ако станам претседател на земјава ,првата приоритетна цел ќе ми бидат новите играчи односно спречување на огромен морталитет. Без нив, нема иднина за еМакедонија, постојано ќе назадуваме на долгорочно ниво. Затоа, како актуелен министер за образование па и како новинар се обидувам што повеќе да допрам до нив и да ги упатам во играва. Тие за мене се приоритет, а не освоените територии.

6.Кој настан од играва најмногу ве израдувал?
-Самото додавање на Македонија во играва е верувам за сите нас најсреќен момент но ако го исклучиме тоа за мене најсреќен момент беше освојувањето на Софија и Видин односно атмосферата на #emkd која ја направивме над 400тини присутни луѓе. Овде може да го сместам и секој бејби бум без разлика во колкав обем е.

7.Дали сте за потпишување мир со Бугарија?
-Имам пишувано многу на таа тема. На почетокот бев неутрално настроен спрема Бугарија но денес, со оглед на тоа што таму владее анти-македонска настроена еВлада, сум за војна со нив.

ТВРДО НЕ! Можеби во некоја друга прилика кога ќе прекинат да сеат омраза кон македонскиот народ ќе има мир меѓу нас.


8.Кратка анализа на состојбата во Македонија според вас?
-Полека но сигурно ги шутираме бугарите од нашите територии (ќе ја вратиме Западна Македонија каде и да е) и економијата и политиката ни се на критично ниво па потребна ни е целосна ревитализација односно план за реорганизација. Во последно време животот во еМакедонија толку многу почна да наликува како оној во реалниот ВМРО vs СДСМ па и тоа мора да се промени, сепак ова е игра. Тоа најмногу ме загрижува.



9.Каков тип на музика слушате?
-Најмногу слушам техно и хаус но македонските народни песни се the best 

10.Омилен филм ..или некој кој ви оставил впечаток во последно време ?
-Трилогијата "Господарот на прстените" ми се all time favorite. Од поновите филмови би го издвоил Inception.

11.Омилен лик од свеtската политика во РЛ?
-Владимир Путин ми е идол Таква политичка фаца ретко се среќава.

12.Дали сакате да се врати СФРЈ?
-НЕ! Воопшто не сум југоносталгичар. Поубаво од независна и суверена држава како Македонија НЕМА!

13.За кој фудбалски тим навивате ?
-FORZA JUVE!! За нив навивам од кога знам за себе

14.Порака до сите Македонци
-Ценете го туѓиот труд и сето сработено досега. Само со работа и сложност се постигнуваат резултати, не со пусти зборови.

15.гратис прашање ...(доколку нешто не ве прашав)
-Покрај еРепублик обожавам да играм и Heroes of might & magic (третиот и петтиот серијал) па ако има други што ја играат баш би сакал да се пресметам со нив



Тоа почитувани мои читатели кои сте ми верни и ги читате сите мои артикли беше се од нашиот драг PhoenixMK сигурен сум дека уживавте во читањето на ова интервју и дека научивте многу за него.

Во наредниот број ќе има кратка анализа на досегашните интервјуирани и општо за текот на ‘’Акција да ги запознаеме најјаките еМакедонци’’од part 1 до денешниов part 8 ,а потоа наредниот артикал ќе биде парт 9 или интервју со еден од реалнo најјаките е Македонци добро познатиот Macedonian_Lion!

Па очекувајте !





И сосема за крај да ве потсетам да ги праќате вашите идеи поврзани за оваа акција,а имам и една молба до вас доколку некој знае добро да работи да направи едно лого за акцијата ,сите заинтересирани може слободно да ми пишат во приватна порака овде Patriot Kicevo

На истиот линк може да се обратат и сите заинтересирани кои сакаат интервју со мене ! И кои сакаат да бидат дел од јубилејниот part 10 од “Aкција да ги запознаеме најјаките еМакедонци”



Патриот.kK