99 причини зошто да не си одите од државава :)

Day 2,253, 18:39 Published in North Macedonia Venezuela by Mr Santinoo



Ногу ми се аресува да живеа ф студентски дом шо личи на плевна.

Искам да дишам гаден воздух.

Обожавам да пија хлорирана вода од р‘жџасали цевки.

Искам да умра од рак на 45 години.

Неверојатно сам солидарен и не ми пречи да го плашчам надворешние долг на државата кој не сам го направил јас.

Убаво ми е да работа цел месец за 9.540 денари.

Добро ми е да не ми плашчаа социјално и здравствено.

Радуваа ме сметките од 6000 денари за парно ф Скопје.

Чеф ми е куга сметката на телефоне ми е погулема од претплатата.

Свршувам куга цело лето збирам пари да си купа мобилен на втора рака од Италија –
скоро нов, малку гребнен.

Да сонувам за половно џерманско возило од 1500 евра 16 години старо.

Комшиите да са ми идиоти.

Искам секој ден да се караме сос комшиите оти некој си не е платил 250 денара месечно за чистачка ф зградата.

Страшно ми е убаво да ме понижуваа новопечените богаташи секојдневно!

Тоалетите по сите студенски домови са ми фетиш.

Дупчите по улиците са неповторливи.

Јако ми е куга комшијата цапи дрва на терасата.

Пријатно ми е куга комшиите под мене готват манџа на терасата и на мене ми флази фоф дневната.

Филм ми е да политичарите за кои сам гласал да доносат глупави закони.

Сречен сам куга истите тија политичари кажуваа оти законо шо са го донели е виновен за состојбата ф државата.

Горд сам куга се осигурувам здравствено и куга дојде ред да се разбола никој да не го боли кур за мене.

Искам сос мојте пари за здравствено осигурување да се градат споменици.

Искам политичарите кои сам ги гласал секоја година да си купуваа нови коли и станове.

Навивам за ошче повече даноци да се измислат и да ги дигнат постојните.

Искам да плашчам џубрарина колку две пензии на баба и после па да си ода по улиците претрупани сос џубре.

Свршува ми се куга закасна да плата струјата 0,14 мин и одма ме откачат.

И после от ка плата да ми наплатат приклучок 3000 денара и да ме уклучат после три дена.

А некој шипок од западо не е плашчал никугаш струја.

Радува ме шо пензионерите се возат без пари ф јавен превоз, а јас студент се шверцам оти неам динар ф џебо.

Сречен сам куга гледам деца бездомници ка мрзнат голи и боси по булеварите.

Јако се усишчам куга плашчам гориво поскапо од мојта кола.
…и ставам на бензинската максимум за 278 денара.

Искам инфлацијата да ми изеде се шо имам.

Привилегија ми е да се дружа сос смрдливи створенија збогатени од сомнителни бизниси.

Ошче поубаво ми е куга тија створенија колата ми украдат.

Најубаво ми е шо полицајците мушица не ги лази за това.

Корумпираните полицајци са ми идоли.

Царинарниците са ВРХ!

Бендисува ме това шо сите дека не треба са корумпирани.

Сречен сам куга слушна оти е силувана момичка сношчи од некои мршави скитници.

Весело е куга BMW-тата газат народ и се извлачат сос казна за прекорачена брзина.

Весел сам само на турбо-фолк.

Искам да си купувам втора употреба гардероба на кило.

Искам да имам фрижидер настаро купен.

Искам и перачка настаро.

Искам и телевизор настаро.

Јако ми е куга ме ограбуваа барем двапати ф годината.

Крв нека им се направи на истите и ајваре од фрижидере шо са го изели.

Адреналински ми е да гледам некролози на деца шо не са могли да се оперисаа ф странство оти родителите са немали пари да платат операцијата.

Филмски е да гледам некролози на тинејџери деца застрелани од припадници на АЛФИ или други специјални единици.

Рипам од радост ка гледам некролози на 16 годишњаци умрели од предозираност.

Убаво ми е да гледам некролози на старци шо са се обесили само да не живејат ф мизерија.

Убаво ми е да гледам некролози на старци кои не са можели да си платат за лекарства.

Пријатно ми е да ме замараа бездомници на секој чекор.

Аресува ме куга ми кажат ф болницата оти нема вече вакцина против беснило.

Интересно ми е да се тортурирам фоф возовите.

Јако ми е куга ми кашлаа ф лицето фоф автобусите.

Секси ми е да ме лажат на пазаре.

Секси ми е да ме лажат насекде.

Баш е фенси думата „Кај си бе Пе*ер“ да звучи гордо.

Неодоливо ми е куга од канализацијата смрди на лајна и никој не се грижи за това.

Обожавам да гледам монтирани вести.

Гордост ми е да ме троват сос турски серии и дебилски културно-образовни емисии сос мутави водители.

Искам да ги гледам истите серии по трипати на ден.

Преродувам се куга слушам блесаво радио.

Искам го ношние живот ф државата.

Искам ги сите домашни филмове.

Сите дневни весници ми прават невероватен чеф.

Ногу ми е убаво куга гледам убав филм да снема струја.

Одушевувам се куга фоф 21 век снемува вода по три дена (најавено).

Царски е куга сите пијат отровна хемија фоф флаша на која пиша ВИНО.

Убаво искуство ми е куга ида да јада сендвич и падна болен три месеца од тровење.

Весело е ка гледам баба ка живее сос 2500 денари пензија.

Задоволство ми е да гледам контролорите ф јавние превоз ка се тепаа сос патници.

Задоволство ми е куга мене ме тепаа.

Џепарошите по улиците ме инспирираа.

Убаво ми е да си седа по цел ден пред компјутеро и да нема едно убаво место дека
мога да испија едно кафе.

Убаво ми е кафето од второ цадење сос употребувана лажичка.

Бездомните деца куга са гладни уше толку ме радува.

Јако ми е да гледам пудлици сос фризури од 100 евра.

Убаво ми е на душата куга си купа лекарства сос изминал рок на траење.

Весело е куга ослободуваа убијци од затворо за да си стават пломба на забо.

Јако е куга се разболиш па треба да тераш врски да идеш на преглед при
специјалист.

Прекрасно е куга ти опнат погрешна инекција и ти остави трајни последици.

Радува ме куга на пешачки некој за малку не ме згази.

Убаво ми е да користа фалш парфеми од кои ми се прави краста по кожата.

Баш е царски шо немога да си купа ни оригинал патики.

Пријатно ми е куга психопат стане пратеник или градоначалник.

Ногу ме усречува куга гледам оти родителите живеат само на заеми.

Баш е убаво куга идеш фоф друг град с колата и одма ти лепнат казна.

Радуваа ме вести куга некој политичар си купи вила ф Шпанија.

Интересно ми е професорки сос купени дипломи да ми учат децата.

Умирам од среча комплексирани го*на да ме газат като роб.

Нема погулема наслада да уча да заврша факултет, а да знам оти немога да најда
работа.

Ногу го искам екстремние спорт “прошетка до браната и назад“.

Ногу ми е јако куга нема с кој да пија кафе, сите другаре ми са вонка од
државата.

Јако ми е куга банките им веруваа на клиентите а го врзуваа пенкалото за шалтеро.

Најслатко ми е да изедувам по цел леб, оти кат’ко е скап.

Интересно е куга сос партиска книшка одиш да тераш работа.




99 причини зошто да не си одите од државава 🙂
http://www.erepublik.com/en/article/99-1-2365198/1/20