Ambient on/off

Sign up

 

Continue

Continue By creating an account you agree to the Terms of Service & Privacy Policy
Resend email   |  Can't find the email? confirmation@erepublik.com

Resend the confirmation email to this address

Resend email Can't find the email? confirmation@erepublik.com

89 години од смртта на Тодор Александров

Day 2,111, 05:31 by FA.97

Тодор Александров Поп-Opушов е роден во Ново Село, 4 март 1881 а починал во Сугарево, 31 август 1924.
Бил еден од водачите на ВМРО. Во 1898 година се приклучил во ТМОРО. Бил учител и раководител на месните комитети во Кочани, Виница, Кратово, Ново Село и Штип, секретар на четата на штипскиот војвода Мише Развигоров (1905) и на кочанскиот околиски војвода Симеон Георгиев - Кочански (1907), окружен војвода на Скопскиот револуционерен округ (1907), член на ЦК на ВМОРО (1911), член во Штабот на III македонска бригада во Балканските војни и во Штабот на партизанската чета на III бригада на XI македонска дивизија во Првата светска војна.
По војната, заедно со Александар Протогеров и Петар Чаулев, ја обновил организацијата под името ВМРО (1919) и во 1920 ја зацврстил во Пиринскиот дел на Македонија, каде што создал организациона и воена база и оттаму ги обновил оружените четнички акции во Вардарскиот дел на Македонија.

Според верзијата на ВМРО, која најмногу се базирала на кажувањата на неколку лица, директни учесници во тие настани, а пред се исказот на Динчо Мицев Сугарски. Според него Алеко Василев - Пашата, пред Гоце Манолев, Петар Говедаров, Гогата Полски и Никола Хаџиев, во куќата на Говедаров, му наредил нему да отиде од селото Горна Сушица, преку Мелник, во селото Деремислим за да пречека едно лице, коешто требало да го спроведе во селото Лопово. Во наведеното село со него дошле и војводите Штерју Влахов и Динчо Вретенаров, коишто биле блиски со Алексо Василев - Пашата.
Вечерта на одреденото место пристигнале три лица и целата група заминала во селото Горна Сушица, каде што во куќата на Гоце Манолев пристигнал уште и Динчо Марков Балкански. Овде Вретенаров и Влахов го повикале Динчо Сугарски и Динчо Балкански надвор од куќата и под заклетва им соопштиле, дека дојдените лица биле Тодор Александров и Александар Протоѓеров, им објасниле кој е едниот, а кој другиот и им кажале дека по патот ќе го убијат Тодор Александров. Уште, според овој исказ, им било речено дека убиството требало да се изврши по наредба на Алеко Пашата.
Околу 11 часот, претпладне групата во состав: Тодор Александров, Александар Протоѓеров, телохранителот на Александров, Панзо Зафиров, Штерју Влахов, Динчо Вретенаров, Динчо Балкански и Динчо Сугарски, на коњи се упатиле кон селото Лопово, каде што требало да се одржи Окружен конгрес на Серскиот револуционерен округ на ВМРО.
По настојување на Вретенаров и Влахов се тргнало по потешкиот и пострмен пат кон селото, што веројатно било дел од заговорничкиот план. По патот атмосферата била весела и опуштена, при што Александров не претчувствувајќи ја опасноста, си разговарал со Протоѓеров и останатите. Во еден момент групата била престигната од едно момче, кое имало задача да донесе одморени коњи, но тоа незабележано од Александров било запрено од Штерју Влахов, којшто веднаш го вратил назад.
На едно планинско изворче, групата застанала да ги освежи своите сили со храна. За цело време на ручекот се воделе разговори по однос на плановите на Организацијата и по однос на борбата на истата со претходната земјоделска влада на Бугарија, при што Александров бил љубезен со сите и на неколку пати ја делел храната со другите негови соборци.


Панзо Зафиров
По јадењето групата го продолжила патувањето, при што Александров му ја дал на носење својата пушка на Динчо Сугарски, со што останал без оружје. По извесно време, тие пак застанале со цел да ги одморат коњите, а воедно и тие малку да отпочинат, што било искористено од страна на заговорниците, секавично да дејствуваат. Штерју Влахов и Динчо Вретенаров, застанале над Тодор Александров и стрелале со пушките во него, при што разбуден од истрелите неговиот телохранител Панзо Зафиров се обидел да ја дофати својата пушка, но и тој бил застрелан од страна на Динчо Балкански.
Александар Протоѓеров изненаден од брзината на дејствијата се онесвестил и со таа своја постапка останала нејасна неговата улога во атентатот врз Тодор Александров. По убиството телата на двајцата убиени набрзина биле закопани во блиската шума.

Дејствувал против политиката на Земјоделската влада на Александар Стамболиски за зближување со Кралството на СХС. Го потпишал Мајскиот манифест за обединување на македонските револуционерни сили во единствен македонски револуционерен фронт (1924), но пред убиството јавно се откажал од својот потпис.

 

Comments

Jurukov
Jurukov Day 2,111, 05:34

1
sub 1 V 1

Slava mu

Cesar Vialpando MNE
Cesar Vialpando MNE Day 2,111, 11:12

Величање на ова говедо?

FA.97
FA.97 Day 2,111, 15:59

Aleksandrov ne bil kodos toa e sigurno toa se bugarski izmislici istoto sto go zborat i za Goce Delcev

Romanticen
Romanticen Day 2,111, 16:03

Изгледа не си ја знаеш македонската историја .

FA.97
FA.97 Day 2,111, 16:06

Ajde proveri vistinski dokazi ne wikipedia i fb gluposti...

Romanticen
Romanticen Day 2,111, 17:15

wikipedia никогаш не користам за историски факти , а имам вистински докази но ме мрзи да ги набројувам сега .

Romanticen
Romanticen Day 2,111, 17:24

Тодор Александров, една од водечките личности на десното реакционерно крило на ВМРО. За време на младотурскиот режим организирал терористички чети и атентати станувајќи најизразен претставник на терористичките методи на борбата. Во 1911 год. е избран за член на ЦК (Централниот Комитет) на десното крило на ВМРО. Со својот одред учествувал во балканската војна , а потоа емигрирал во Бугарија. По Првата Светска војна, раководел со вметнувањето на терористички чети од Бугарија во Македонија. Како експонент на крајната реакционерна влада во Бугарија, со окружните чети учествувал во загушувањето на револуционерното движење во Пиринска Македонија во 1923 и 1924 година.

Извадено од Британика-Енциклопедиски речник .

_________________________________________________________________________

Колежот во Петричко , повеќе можеш да прочиташ во учебникот за Трета година средно . Се ти објаснува таму.

________________________________________________________________________

Има многу докази во учебниците за историја за основно и средно образование. Сега тие учебници или ми се вратени или ми се продадени , па не можам ништо да ти кажам, но треба да си малку поинформиран за да напишеш ваква статија .

Cesar Vialpando MNE
Cesar Vialpando MNE Day 2,112, 03:58

Атентатот и верен поданик на Софија. Самите луѓе од "Ново Село" кажуваат како он си се фалел дека е ГОРД Б'ЛГАРИН.

Romanticen
Romanticen Day 2,112, 04:07

Точно така , како што кажа Cezar

FILIP VI Makedonski
FILIP VI Makedonski Day 2,112, 05:16

Aleksandrov, za razlika od Ivan Vanco Mihajlov se borel za nezavisna Makedonija sozdavajki drzava vo drzava vo Prinskiot del na Makedonija, sto ne im odgovaralo na Bugarite, zatoa i go ubile. Toa "govedo" bilo edinstvenata licnost sto mozela nesto da napravi za nezavisnosta na Makedonija, kako obedineta drzava. Po se izgleda bil vo zabluda (po kojznae koj pat, Bugarite gi izlazale nasive revolucioneri) deka Bugarija ke pomogne vo osloboduvanjeto, pa sorabotuval so Bugarskata vlada, no ... koga rabotite izlegle na videlo .. Bugarite og ubivaat i si postavuvaat svoj covek, nesto slicno kako sto Srbite go ubivaat Metodija Satorov Sarlo. Ete toa e istorijata, taka sto Romanticen ... prouci si ja istorijata podobro.

pesticid
pesticid Day 2,112, 06:37

FILIP VI Makedonski @ Тодор Александров создава држава во држава во пиринско баш со поткрепа на Бугарската власт се со цел да се спаси колку што се може во Вардарска Македонија, во егејот било потешко поради егзодусот, имало останато малку македонци. Тодор Александров не бил сеуште на јасно каква ја сака Македонија како независна или како дел од Бугарија за разлика од Михајлов кој јасно се бори за Македонија како Швајцарија на Балканите. Измешани ти се малкиу фактите.

pesticid
pesticid Day 2,112, 06:40

Неговата смрт е предизвикана затоа што се замерил со Комунистичката Партија на Бугарија. Затоа и подоцна со Ванчо Михајлов на чело на ВМРО-то поблиски се до фашистичката идеологија

Romanticen
Romanticen Day 2,112, 06:58

А колежот во Петричко каде што се убиени многу македонски револуционери како што и е Димитар Влахов, за тоа си прочитал Filip VI makedonski ?

Cesar Vialpando MNE
Cesar Vialpando MNE Day 2,112, 23:59

И атентатот на Ѓорче Петров. Он е нарачател..

pesticid
pesticid Day 2,112, 06:33

Ако не било ова "говедо" сега македонци во вардарска македонија ке немало, ке сме се кажувале срби оти тој спречил директна колонизација на Македонија од страна на србите.

FA.97
FA.97 Day 2,112, 06:53

Ubavo objasni brat, ne si ja znaat istorijata na svojata tatkovina...

Romanticen
Romanticen Day 2,112, 07:18

Овде си во грешка .
Тито ни ја даде вардарска Македонија како своја земја, т.е. била Република во Југославија.
Да не беше битката кај Срем кај што загинаа илјадници македонски војници за време на Втората Светска војна, Македонија денес или ќе беше под Србија или под Бугарија или под Грција .
Има и уште мн причини , како на пример Методија Андонов Ченто итн., но сигурно не е заради Тодор Александров.

Krle Sekulovksi Day 2,112, 18:27

Comment deleted

Krle Sekulovksi
Krle Sekulovksi Day 2,112, 18:33

"Тито ни ја даде вардарска Македонија како своја земја" bre majkata Tito ni ja dal Makedonija !!! A podole kazuvas zaginale iljadnici makedonski vojnici, kontradiktoren si. Btw covekot bil dovolno pameten da uvidi deka tie iljadnici ne se nitu srbi nitu bugari i deka ako sozdade drzava vo koja Makedonija bi bila vo sklop na Srbija nikogas ke nema mir vo taaa drzava

Romanticen
Romanticen Day 2,113, 02:54

Ти глуп си или глуп се правиш Крле ?
Откако загинаа илјадници војници на Сремска Битка, и откако Нацистичка Германија изгуби, тогаш СФРЈ не прими во неа
(Тој и претходно не прими кога во 1943 год. беше Второто Заседание на АВНОЈ, но кога се докажавме дека се бориме за нашата татковина, дека се бориме против непријателот, заради сето тоа , Македонија стана Република и покраина во СФРЈ)
Републики и покраини беа : Словенија, Хрватска,Србија,Црна Гора, БиХ и Македонија.
Само покраини беа : Косово и Војводина.

FILIP VI Makedonski
FILIP VI Makedonski Day 2,112, 23:48

@Pesticid Александров во една статија не не знам сега кој новинар е опишан како многу опасен човек и многу способен политичар, така што не е битно како и што создал, битно направил многу за Македонија. Дали имап јасна слика што сака да прави со Македонија, ние баш и не знаеме, затоа што нема јасни и пишани документи за тоа.

Romanticen
Romanticen Day 2,113, 02:59

Направил "многу" за Македонија. Атентатот на Ѓорче Петров, убиствата на многу македонски револуционери , и уште треба да го славиме како македонски херој ?
Вие треба да се лечите во Бардовци и така има таму многу празни простории, бар да ги пополните .

FILIP VI Makedonski
FILIP VI Makedonski Day 2,113, 03:16

Романтичен ..... малку скрати си го јазикот, а продолжи си го паметот. Тодор Александров во секој случај е контроверзна личност од нашата историја, ама е личност од нашата историја, а за Бардовци ... празни простории има, затоа што ги испуштија таквите како тебе, недоизлечени.

VardarEgejPirinMacedonia
VardarEgejPirinMacedonia Day 2,113, 05:12

bidejki nema jasni dokumenti sto napravil za Makedonija, moze da zaklucam deka ti si mu fan zatoa sto bil opasen covek ))) LOL

FILIP VI Makedonski
FILIP VI Makedonski Day 2,113, 05:34

Абе романтичен, јас не сум ничиј фан, само си ја читам историјата онака како што треба. Александров бил опасен човек и многу способен политичар, што значи дека не бирал средства да дојде до целта, а негова цел била независна Македонија. Него го убиле луѓе на Ванчо Михајлов, а тој пак бил инструиран од Бугарскит власти. Откачи се веќе еднаш од локалната историја. Таа е пишувана „по договор“. Читај си независни историски извори, а ги има на нетов. Сигурно нема сега да ми кажеш и дека Словените се дојдени од зад карпатите ....

Romanticen
Romanticen Day 2,113, 06:03

Од нет никогаш не читам факти, само од посебни историски книги .
Ако сакате славете го , баш ми е гајле , но си го кажав моето мислење околу тоа.

pesticid
pesticid Day 2,113, 16:12

За сите оние што не им е јасно што направил Тодор Александров за Македонија уште еднаш ке пофторам: Ја спасил Македонија од Српска колонизација преку константни атентати во вардарска бановина, така успеал да го држи македонското прашаење отворено и покрај букурешкиот мировен договор. Секако тоа одело со голема поткрепа на Бугарија која го отстапила пиринскиот дел на Тодоровото ВМРО со надеж да се спаси Македонија.
Тодор Ачександров и Ванчо Михајлов не се контрадикторни личности тие се македонски херои. Контрадикторни се комунистичките историчари затоа што селективно бирале кого ке славиме како херои а кого ке анатемисуваме се со цел да се додворат на Белград. Точка! Читајте малку независни историчари а не пропагандисти и проучувајте ги фактите. Толку!

pesticid
pesticid Day 2,113, 16:18

ВМРО-то на Дамјан Груев немало јасна визија што со Македонија дали автономија во склоп на широка балканска федерација или припојување на Македонија со Бугарија.
Дури и Тодор Александров немал баш најјасна визија каква Македонија сака да види, за разлика од ВМРО на Ванчо Михајлов кој зборува за македонска држава како Швајцарија на Балканите. Германците му ја понудиле, но веке било касно и се повлекол бидејки не сакал да страда невино население затоа што го предвидел кобниот крај на германците во вторатѕа свестка војна.

FILIP VI Makedonski
FILIP VI Makedonski Day 2,113, 23:03

@Pesticid ... има тука нешто, не дека не, но и улогата на Ванчо Михајлов не е до крај разјаснета. Можеби на крај ќе излезе дека тој е најголемиот патриот . Шега на страна, наместо да се расправаме, кој како, време е да си ги прифатиме сите историски личности од Македонската историја, добро да ги проучиме и да ги оквалификуваме онака како што треба.

vip1215
vip1215 Day 2,111, 21:32

ето нещо за любителите на историята извън учебниците - Народността на старите македонци http://chitanka.info/text/27011/2#textstart

sasimak
sasimak Day 2,112, 22:50

So e poentava deka starite makedonci bile bugari?

FILIP VI Makedonski
FILIP VI Makedonski Day 2,113, 03:35

Малку Бугарскиов ми е тежок за разбирање ама теоријата е многу издржана и според мене точна. Јас уште поодамна ја поддржувам. Ако Словените биле тооолку силни и уништиле половина свет, зошто тие би ја наведнале главата и би станале робови на Византија, а во историјата не постои ниту една битка, каде што Византија ги поразува тие тооолку силни Словени. За поминувањето на Дунав, дишејќи преку трска ... тоа веќе и да не зборуваме. Значи, Словените се домородно население на Балканот и тоа е факт. Ај еве ти и тебе нешто за читање во поддршка на ова што го зборувам: http://www.unet.com.mk/ancient-macedonians/govrlevo.htm. Се надевам дека ќе го прочиташ и ќе дознаеш дека во Говрлево се најдени остатоци од кирилско писмо (тогаш и не се викало така) што значи кирилицата постои веќе 7500 илјади години, а Кирил и Методиј само го реформирале, а пак Грците го имаат превземено одкога се населуваат на Балканот.

vip1215
vip1215 Day 2,113, 05:24

HTTP 404
страницата која ја баравте е привремено недостапна, преименувана или воопшто не постои !
Всички сме чели пълни с фалшификации и манипулации учебници. Това за някакви славяни населили целия Балканскиполуостров е поредната измислица.
Винаги съм мислел за безкрайно глупаво пораждането на неприятни чуства между българи и македонци. Ако, няккой тук казва, че сме един или сродни народи, то няма как да е с лоши чувства (без значение доколко е вярно).
Вярно, не си разбираме всичко, но с всички други си пишем на английски, ако не знаем езикът им.

FILIP VI Makedonski
FILIP VI Makedonski Day 2,113, 05:36

Хмммм абе јас ја добивам страницава ??? Ај види пак, ама сега копирај го линкот и направи му "paste" во интернет прегледувач.
http://www.unet.com.mk/ancient-macedonians/govrlevo.htm

FILIP VI Makedonski
FILIP VI Makedonski Day 2,113, 05:38

еве види и овде:
http://www.unet.com.mk/ancient-macedonians/lac.htm

vip1215
vip1215 Day 2,113, 07:27

Отворих го. Да, на Балканите е била най древната цивилизация (по досега намерените доказателства). В съвремието обаче товa не ни помага много. А ние (бг) имаме и правителство да сваляме този месец :}

cakiMK
cakiMK Day 2,112, 04:12

Thank you wikipedia

VardarEgejPirinMacedonia
VardarEgejPirinMacedonia Day 2,112, 04:30

Kako moze covek koj se custvuva Makedonec da pisuva za ovoj, e istoto kako evreite da pisuvaat za hitler, no nasata prikazna e potragucna ovoj bil Makedonec koj sakal Makedoncite da gi napravi bugari, toa e tragedija sto se velici deloto na eden degen

pesticid
pesticid Day 2,112, 06:43

Грешкја ти се тезите, очигледно не си читал доволно за овој период. Тодор Александров не е овек кој сакал македонците да ги направи бугари туку е човек кој спречил србите од македонците да направат срби! Токму затоа во Југославија и не учеа дека е бугараш затоа што им пречеше на "браќата" срби. Жално е што денес многу малку си ја знаеме историјата а и не ги проверуваме фактите.

VardarEgejPirinMacedonia
VardarEgejPirinMacedonia Day 2,112, 11:12

Значи и лубчо георгиевски е во прво и е херој како него нели и тој не будеше и не освестуваше од комунистите дека не сме македонци туку бугари, а југославија ја сочинувале повеќе нации и не биле само србите но тоа е друг моабет, нема јас што да ти кажувам дали сум читан или не како ти што се фалиш особено не на игра, но од ова што го кажа се ми е јасно

pesticid
pesticid Day 2,112, 17:05

Не знам како муабетов од историскиот лик Тодор Александров се префрли на дневно партиска политика и Љубчо Георгиевски? Верјатно е некој твој екс ју каубојски стил. xD Тебе можеби ти се чини дека се ти е јасно ама од она што го прочитав во твоите коментари воопшто не изгледа така.

VardarEgejPirinMacedonia Day 2,113, 02:38

Comment deleted

VardarEgejPirinMacedonia
VardarEgejPirinMacedonia Day 2,113, 02:40

toa ti e prost primer i ke ja vidis vrednosta na dvata lika, no nema sto da se zamaram so tebe dovolno kaza za samiot sebesi i za znaenjeto i koga se gubis so fakti vednas preminuvas na navredi, gore imas napisano : кој јасно се бори за Македонија како Швајцарија на Балканите. kako provo nikade vo Makedonskiot Jazik ne se upotrebuva zborot Балканите se upotrebuva zborot Балканци, kako vtoro dokolku bideme svajcaria toa znaci drzavata da bide podelena na kantoni, sto i ne e neostvarlivo se odi na taa politika, moze da bideme podeleni na 3 kantona siptarski-bugarski posto ima mnogu makedonci so bugarski pasos i mnogu ja sakaat bugarija i najmaliot CISTI MAKEDONCI kako mene, no da ja vidime celata politika koga ke bide kantonizirana zemjata avtomatski nemame INDETITET i JAZIK toa e i celta na nasite sosedi no za zal nema da bideme kako svajcarija tuku kako bosna i uste pogolema beda, toj nikogas ne se borel za Makedonija no premnogu gledate dokumentarni za vmro na mtv i kanal 5+ tamu e 80% izmisleno za da se palat tinejdzeri i luge bez golemo IQ

pesticid
pesticid Day 2,113, 16:28

VardarEgejPirinMacedonia@ Многу малку гледам телевизија , затоа и сум ги пропуштил документарките што ги спомна. За твоја информација читам повеке независна литература претежно странска. Не знам од што се најде навреден дали од мојата сугестија кон тебе подобро да се информираш? Не гледам ништо лошо во тоа. Едноставно според комен тарите твои гледам само неоснована предрасуда за тој период од македонската историја која не е баш поткрепена со аргументи, наместо тоа повлекуваш паралела од тоа време со денешни актуелни политичари, лишен си од логика, бегаш од темата на најлош можен начин, притоа пласирајки неиздржлива замена на тези! Како после тоа да те сватам сериозно?

VardarEgejPirinMacedonia Day 2,114, 03:01

Comment deleted

VardarEgejPirinMacedonia
VardarEgejPirinMacedonia Day 2,114, 10:42

praj sto znaes samo znam, deka Makedonija patela i ke pati od takvi kako tebe i za toa ke nemame drzava,@@@ bev na mobilen i me mrzese da pisuvam no da ti repliciram- bidejki jas neznam i ne sum citan neznam sto e kniga, a i deka ne ja iznesov poentata deka Швајцарија на Балканите e celta vo Makedonija da ima se, samo Makedonci ne i deka tvojot idol se zalagal za toa site makedonci da bidat bugari a ne srbi sto doaga isto samo makedonci da ne se kako prikaznata od ezop- koga na eden konj mu dosol elen na pasisteto a konjot nemozel nikako da go otrgne konjot se dogovoril so covek, no covekot mu pobaral pod eden uslov da mu pomogne na konjot, a toa e da go zasedla i da go javne za da mozel podobro da go izbrka elenot, kazi mi kako zavrsil konjot ? taa e celta uste od pred 100 godini do denes da nepostojat Makedonci nitu jazik nitu indetitet, bidejki ne sum logicar i sum glup a ti si tolku mnogu obrazovan sto nemozes da poglednes i da ja vidis celata slika toa e tvoj problem, istata politika se vodi kon Makedonija izminative 100 godini, ne sakam da navleguvam i da begam od temata kako ti sto sakas da pisuvam za jugoslavija i komunizmot zatoa sto toa i ti e celta za da izbegas od ovaa tema, no kazi mi koj se tie knigi i koj im se avtori licno sum zainteresiran

pesticid
pesticid Day 2,114, 17:52

Доволно е да ги прочиташ преродбениците од крајот на 18 до почетокот на 20 век како и мемоарите на ВМРО-четниците, за почеток. Според твоите коментари очигледно дека не си ги читал.

Тезата Македонија Швајцарија на балканите своевремено ја афирмираше и првиот претседател на РМ Киро Глигоров, ако си повозрасен сигурно се секаваш. Го прави ли и него тоа предавник и немакедонец?
Треба еднаш за секогаш да се научиме да не ги делиме македонските борци на добри и лоши на патриоти и предавници. Сите тие се бореле за слобода на Македонија само идеологијата била различна. Нешто слично како ВМРО и СДСМ и двете партии ја гледаат РМ во НАТО И ЕУ ама методите и начинот им се различни.
И не се наогај засегнат, па и јас имам уште многу за читање. Книгите се многу , а времето е малку.

VardarEgejPirinMacedonia
VardarEgejPirinMacedonia Day 2,115, 02:35

jas ti kazuvam druga poenta, i kiro rece deka sme sloveni, ne se soglasuvam so tebe vo mnogu nesta no veke nema smisla da se prepukuvame se nadevam deka ke ja vidis golemata slika iako bi ti predlozil da citas poveke prakticni knigi koi bi ti pomognale odkolku knigi za nesto sto se slucilo odamna, pobednicite ja pisuvaat istorijata no i predavnicite osobeno za memoarite od vmro ubeden sum deka 80% e izmisleno, i konecno se soglasuvam so tebe za имам уште многу за читање. Книгите се многу , а времето е малку. samo treba da napravis lista na prioritetni knigi inaku ke bides zaglaven dolgo vreme

pesticid Day 2,115, 07:53

Comment deleted

pesticid
pesticid Day 2,115, 08:00

Е де, баш оти победниците, србите, ни ја пишале тука историјата од 50-тите навака, затоа читај ги ВМРО војводите, нивните мемоари, и преродбениците-т.е будителите на нацијата, а тие не се далечна историја, тие се пред југословенската пропагандна машинерија да навлезе овде. Затоа ти ги препорачав, гледам оти не си ги читал. Проичитај па ке збориме, се друго е мрсење муда шо викат северните.

 
Post your comment

What is this?

You are reading an article written by a citizen of eRepublik, an immersive multiplayer strategy game based on real life countries. Create your own character and help your country achieve its glory while establishing yourself as a war hero, renowned publisher or finance guru.