8 Март - Ден на жената !

Day 1,204, 05:57 Published in North Macedonia North Macedonia by simplyTHEbest

Паравоената единица "МАКЕДОНСКА ФАЛАНГА" на сите припаднички на понежниот пол во eRepublik им го честита денот на жената 8-МАРТ.

Меѓународниот ден на жената е меѓународен празник што се одбележува на 8 март секоја година. Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.
Идејата за одбележување на посебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20-от век, а на неа посебно инсистираше социјалистичкото движење. Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. Во 1910 под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум. Следната година, на 19 март 1911, овој празник по прв пат е прославен од страна на повеќе од милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија. На 8 март 1913 година жените ширум Европа одржуваат мировни собири.
Почитта е важна не е важна вредноста на подарокот , затоа почитувајте ги ...