55 Неверојатни Факти

Day 1,319, 05:44 Published in North Macedonia North Macedonia by fuzzy0wuzzy

Во оваа статија ќе објавам 55 Неверојатни факти кои можеби сте ги чуле или не,ако знаете некои други напишете ги во коментари ќе ги објавиме во следната статија.

1.Не можете да си го лизнете лактот.
2.Крокодилите не можат да се плазат.
3.Срцето на шкампата е во нејзината глава.
4.Кога ќе кивнете, вашето срце запира за милисекунда.
5.Физички е невозможно свињите да можат да погледнат во небото.
6.Стаорците и коњите не можат да повраќаат.
7.Повеќе од 50 проценти од луѓето во светот никогаш не добиле телефонски повик.
8.Ако кивнете премногу силно, може да си скршите ребро.
9.Ако се обидете да се воздржите од кивање, може да ви пукне некој крвен сад во главата или вратот што може да предизвика смрт.
10.Ако сосила ги држите очите отворени додека кивате, може да ви излета очно јаболко.
11.Стаорците се множат толку брзо што два стаорци за 18 месеци можат да имаат преку милион потомци.
12.Носењето слушалки за само еден час го покачува нивото на бактерии во вашите уши за цели 700 пати.
13.Запалката била измислена пред кибритот.
14.23 проценти од дефектите на машините за копирање се предизвикани од луѓе коишто седеле на нив фотокопирајќи си ги нивните задници.
15.Во просек, во текот на вашиот живот додека спиете ќе изедете околу 70 инсекти од разни видови, и околу десет пајаци.
16.Ако количеството на вода во вашето тело се намали за еден процент, чувствувате жед. Ако се намали за десет проценти – умирате.
17.Секоја година 98 проценти од атомите во вашето тело се заменети со нови.
Топлата вода е потешка од студената.
18.Кога би биле исфрлени во вселената, попрво ќе се случи да експлодирате наместо да се задушите, бидејќи нема воздушен притисок.
19.Звукот се пренесува за петнаесет пати побрзо преку челик отколку преку воздух.
20.Ајкулите и раите се единствените животни за кои со сигурност се знае дека не можат да добијат рак. Научниците веруваат дека тоа е поради тоа што тие немаат коски, туку ‘рскавица.
21.Морските свињи, после човекот, се најинтелегентните суштества на планетата.
22.Пилулите за контрола на бременоста имаат дејство и кај горилите.
23.Во просек 12 новороденчиња дневно се даваат на погрешни родители.
24.Стриповите со Пајо Паторот биле забранети во Финска, бидејќи Пајо не носи гаќи.
25.Во казината во Лас Вегас нема часовници.
26.Името Венди за првпат се појавило во книгата Петар Пан. Пред тоа не постоело.
27.И од најмало количество алкохол скорпијата полудува и се боде себеси до смрт.
28.Жвакањето мастика додека лупите кромид може да го спречи солзењето.
29.Црвите имаат вкус на пржена сланина.
30.Човечките бутни коски се поцврсти од бетон.
31.Деснораките во просек живеат девет години подолго од левучарите.
32.Слонот е единствениот цицач којшто не може да скока.
33.Жените трепкаат двојно повеќе од мажите.
34.Адолф Хитлер бил вегетаријанец, и имал само еден тестис.
35.Медот е единствената храна што не се расипува. Медот најден во гробниците на египетските фараони се уште може да се јаде.
36.Месеците што почнуваат во недела секогаш ќе имаат петок 13 – ти.
37.Очите на магарето се поставени така што секогаш може да си ги види сите четири нозе.
38.Жирафата може да си ги чисти ушите со својот јазик.
39.Оргазмот на свињата трае триесет минути.
40.Некои лавови се парат преку педесет пати дневно.
41.Најчестото име во светот е Мухамед.
42.Нил и Амазон се двете најдолги реки во светот, но никој не знае која од нив е подолга.
43.Хавајската азбука има само дванаесет букви.
44.Мажите имаат подобар вид, а жените подобар слух.
45.Статуата на слободата не е во Њујорк, туку е во Њу Џерси.
46.Човекот е единственото животно што плаче.
47.Ладнокрвните животни не сонуваат.
48.Ескимите никогаш не се коцкаат.
49.Бебето плаче без солзи се додека не наполни три месеци.
50.Вашиот нос и уши никогаш не престануваат да растат.
51.После триесеттата започнувате да се смалувате.
52.Мажите почесто икаат од жените.
53.Секогаш кога ќе лизнете поштенска марка, внесувате 1/10 калории.
54.Според статистиката, 75 проценти од луѓето во светот на коишто им било кажано дека не можат да си го лизнат лактот веднаш се обиделе да го сторат тоа.
55.Никој неможе против Чак Норис 😃