14 ГОД ДЕВОЈЧЕ ОД ЗАГРЕБ ИМАЛА СЕКС СО 100 МАЖИ ПОРАДИ КЛАДБА

Day 1,890, 11:53 Published in North Macedonia Greece by bossman2
Ученици во осмо одделение од Загреб организирале натпревар за тоа кој ќе спие со повеќе момчиња или девојчиња.

Настанот се случил во 2011, но сега излегува во јавност информацијата до која мера бил сериозен овој скандал. Неколку осмоодделенци учествувале и сите имале сексуални односи поради кладбата, а 14-годишно девојче од Загреб имало сексуални односи со 100 партнери за еден месец, поради овој натпревар и наводно ,,победила во кладбата,, по што и се дознало за случајот бидејќи се говорело низ училиштето.

-Се сеќавам на случајот кога цело одделение се кладеше за бројот на сексуални односи. Победи девојче, кое во еден месец имала сто сексуални партнери , раскажала Гордана Булјан Фландер, психолог и директор на Одделот за заштита на децата во Загреб која сега ја обелоденува приказната со детали.

-Секој денешен магазин е полн со насилство и сексуална содржина, така што овие пораки им се наметнуваат на децата.На децата треба да им се покажат други вредности, некои други херои. Тие не смеат да бараат популарност низ сексуалност и насилство, вели Фландер.