12 ХЕРОИ НА МАКЕДОНИЈА

Day 1,396, 04:40 Published in North Macedonia North Macedonia by Vladce
ХЕРОИ НА МАКЕДОНИЈА КОИ ЗАСЛУЖУВААТ ОГРОМНА ПОЧИТ ! ! !
ИЗЛЕЗИ ПЕРО ПРАВО НА ТЕРАСА! ТИ СИ ХЕРОЈ, А БО Е НАША РАСА ! КРЕНЕТЕ РАЦЕ ЛИТВАНИЈА Е БЕДНА, ЕВРОПА КЛЕКНА, А ШПАНИЈА Е СЛЕДНА. АЛЕ АЛЕ АЛЕ
Перо Антиќ капитен на Македонската кошаркарска репрезентација вистински лидер, страв и трепет за противничките играчи.Еден од најдобрите скокачи на Европското првенство. Роден 29.07.1982 г. висина 209 см позиција крилен центар


Владо Илиевски повратник во репрезенатцијата во вистинско време и човекот кој ја постигна победничката тројка на мечот против Литванија. Човекот со најголемо време поминато на паркетот на ова првенство. Роден 19.01.1980 висина 190 см позиција бек


Тодор Гечевски (кавардачанецот) најискусниот, најборбениот, човекот кој не се штеди кога игра за својата земја и го остава срцето на паркетот.Трагично и жалосно е што не е повеќе на располагање поради здобиената повреда. Роден 28.08.1977 висина 209 см позиција центар


Војдан Стојановски од натпревар во наптпревар се подобар и подобар главниот крадец во нашата екипа(играчот со најмногу украдени топки на ова првенство), секоја чест дечко. Роден 9.12.1987 висок 198 см позиција бек



Лестер Бо Меккејлеб или Бошко(Борче) Македонски цела МАКЕДОНИЈА е благодарна на твојот допринос, човекот со најмногу постигнати поени на ова првенство. ФАЛА ТИ БОШКО. Роден 4.05.1985 висок 185 цм позиција бек


Предраг Самарџиски(во младински кадри имам играно против него да се пофалам 5 лични за 5 минути 32 цм е повисок од мене) највисокиот играч во нашиот тим кој достојно го заменува Тоше. Роден 11.04.1986 висок 215 цм позиција центар


Ѓорѓи Чековски бикот во тимот дечково гине за Македонија така и треба нема да ги заборавиме тројките против гејлада брату. Роден 11.12.1979 висок 202 цм позиција крилен центар


Дамјан Стојановски џокер во екипата кој секогаш дава значаен допринос. Роден 9.12.1987 висок 197 цм позиција бек


Дарко Соколов добар си брату само многу банани изеде, но сепак достојно го менуваш Илиевски. Роден 8.051986 г. висок 185 цм позиција бек


Димитар Мираковски играч кој не доби голема минутажа меѓутоа се сеќаваме на товите одлични игри во 2009 г.. Роден 14.05.1981 г. висина 178 цм позиција бек


Марко Симоновски не го видовме да влезе на првенството меѓутоа млад играч во кој има голема надеж. Роден 28.06.1989 г. висина 192 см позиција бек


Ивица Димчевски исто како Симоновски не доби шанса за настап и дојде како замена за Кирил Николовски кој за жал се здоби со повреда неколку дена пред почетокот на првенството и е голем хендикеп за нас.


Марин Докузовски тренерот и човекот кој постигна историски успех одлична тактика на нашиот стратег.


Марјан Лазовски асистент на селекторот


Марјан Србиновски асистент на селекторот
[img]http://www.vreme.com.mk/images/Image/srbinovski.JPG[/img]

Врбица Стефанов спортски директор на Македонската кошаркарска репрезентација човекот кој сите добро го познаваме јунак во нашиот тим на првенството во 2009 г.. Главниот виновник за Бошко Македонски што наспапува за нашиот тим. СЕКОЈА ЧЕСТ ЦАРЕ.


Ќе заборавев да кажам збор два и за човекот кој го ни го пренесува ова првенство ЛЕГЕНДАТА ИГОР ТРПЕВСКИ секогаш знае да ме насмее во најтешките моменти особено кога судијата Ла Моника имал вербален контакт со наш Трпе со очи. И благодарност до Сител за преносот на првенството.


КАКО НИВ ТРЕБА СИТЕ ДА СЕ БОРИМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ! ! !
ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА Е СО ВАС ! ! !
ДЕНЕС ВО 16 И 30 ДА НАВИВАМЕ СИТЕ ЗА НИВ ! ! !