Пазарна економија, слободна конкуренција...wait what?

Day 1,448, 18:03 Published in North Macedonia North Macedonia by Martinco88

Во контекст на последните обиди за "подобрување" на нашата е-економија т.е намалување на плати. Значи прво треба да ни биде јасно на сите дека во играва постои совршен пазар-совршена конкуренција тие што студирале економија знаат што значи овој поим, за другите е доволно да знаат дека се се определува под влијание на две работи, понуда и побарувачка. Прочитав од човекот кој ја презентираше целава идеја за намалување на плати (не ми текнува на nick-ot извинете) дека поенатата е да се намалат цените на производите за да немаме толкав одлив на злато се тоа е добро намерно но според мене грешно па и на штета на просечните граѓани, како мене. Е сеа, цената на финалните производи која треба да се намали зависи од три работи

1. Цената на основните ресурси
2. Платата на вработените
3. Профитната маржа т.е разликата помеѓу финалната цена и збирот на овие две погоре

За да се намали крајната цена треба да се намали кој било од овие 3 погоре, цената на основните ресурси ќе се намали само доколку произведуваме повеќе или трошиме помалце, сигурно нема да трошиме помалце (плус помала потрошувачка лошо за економски развој) а за да произведуваме повеќе ни требаат нови ресурси-територии.
Значи точка еден е решена, т.е не може вештачки да влијаееме на тоа.
Сега моето прашање е зашто од изборот помеѓу намалување на плата и намалување на профит, сопствениците на фирмите се решаваат за намалување на платите. Ако убаво се сеќавам прочитав дека со q5 фирма и плата од 160 мкд. профитот е околу 60 ден. Па зашто сопствениците на фирмите не си ја намалат профитната маржа од 60 мкд на 15 мкд? Го добиваме истиот ефект на намалени цени и намален увоз, без намалување на плати, па кај ние обичните смртници не можеме ни вработени да имаме во фирмите, уште ни се намалуваат приходите за разликата да оди кај тие со q4-q5 фирми.

Океј сфаќам дека не е ова заговор за да се богатат "олигарсиве" 😃 на наш грб, сфаќам дека поентата е да се намалат и цените, само што платите секогаш ке паѓаат во поголем процент од цените (губат вработените, профитраат менаџерите).
Цената на златото нема да ја бутнете, како и другите работи и таа зависи САМО од понуда и побарувачка, побарувачката варира еве во моментов има постигнато некоја рамнотежа од circa 980 мкд значи за да падне цената ни треба поголем прилив на злато во играта, поише злато од медал, нови медали и повеќе злато од нов левел (yea right, сигурно тоа ќе го напраи плато).

И доаѓам блиску до поентата. Пред да ги изгубиме ресурсите и да се намалат платите зимавме 160 мкд = 0,17 злато, коа ги изгубивме ресурсите реално требаше да паднат и платите но и да рипне цената на златото(би се корегирал пазарот за неколку дена) со што ќе зимаме помалце дневно злато но не толку малце колку што имаме и со планираново намалување. Е сега со намалувањето на платите, кога ќе сфатат луѓето дека во македонија работат за 120 мкд = 0.12 залто(уште ќе паѓа ако не ги вратиме ресурсите, бидејќи цената на златото ќе рипа), а во други држави, пример србија може да добиваат 80 рсд = 0,18 злато може да се случи масовно иселување.

Ова што се обидувате да го направите е планирана економија, постоела во комунизмот (советски сојуз) и не опстанала со причина, оставете ги пазарните сили да дејствуваат и пазарот сам ќе се корегира.

Друга работа, никој нема право да ги критикува тие што покачуваат плати. Додека им се исплати и работат за профит немате право да ги нарекувате нестрпливи, предавници и не знам што. Основата за здрава економија е слободна конкуренција, ако тие со повисока плата можат да остварат профит значи прават нешто подобро од вас, поминуваат повеќе време на играта на пример, и заслужуваат да бидат наградени со тоа што ќе земат повеќе вработени и ќе имаат поголем дневен профит. Сигурно не се будали да работат со загуба само за да ви ги земат вработените.

За крај, ако сакате да го намалите увозот зголемете ги царините, ваљда може тоа да се направи во играва, ако не може да треба да го замараме плато да го обозможи тоа. Економијата не е магична наука што ќе ја направи државата поконкурентна и попродуктивна, економијата ни помага да сфатиме како работат пазарите за ние поефикасно да дејстуваме на нив.


EDIT 1: Како што пишав во коментар вчера бев малце изморен па заборавив да спомнам уште една важна точка, симнување на цената на raw на најниско ниво во есветот.

Еве да речеме дека се друго ќе се оствари, цивилите нема да ја напуштат земјата, сите работодавци со намалување на плати пропорционално намалуваат и цени и стигаме до 0.30 мкд (мислам беше предложената цена), и цел свет купува од кај нас. Е сеа што понатаму? Ние иако би ја имале најниската цена таа ќе биде поставена вештачки, тоа значи дека ние нема да имаме доволна понуда на raw за да се оправда таа цена, побарувачката далеку ќе ја надминува понудата и пазарните сили ќе се стремат да ја зголемат цената, од оваа точка ќе имаме две опции:

1. Вештачки да ја одржуваме цената на истото ниско ниво (да продолжиме со истото што сме го правеле до тогаш)
а) ако го направиме ова другите држави ќе го откупуваат поголемиот дел од наша понуда на raw т.е нема да остане доволно за нашите фирми да произведуваат леб и оружје за ние да се тепаме секојдневно
б) ќе ги продаваме производите под нивната реална цена т.е ќе губиме на профит

2. Да дозволиме пазарните сили сами да ја определат новата цена под дејство на зголемена побарувачка
а) во овој случај цените на raw ќе рипнат и тоа првично на повисоко ниво од тоа на кое биле пред да се намалат платите па следствено нашите производи нема повеќе да бидат најефтини во светот и извозот ќе ни се врати на старото ниско ниво и со тек на време ќе се вратиме на цена на raw која ја имавме пред намалување на плати т.е баш ништо не сме постигнале

Ако сметате дека моите претпоставки не се точни, или пак според вашето размислување ќе се најдеме во скроз друга ситуација, или пак сметате дека некоја од моите горни претпоставки би била економски здрава и исплатлива би сакал да ги слушнам вашите аргументи 🙂