Кандитатура за претседател -Vssa87

Day 2,501, 12:07 Published in North Macedonia North Macedonia by Vssa87

Здраво на сите еМакедонци и еМакедонки. По долготрајното играње на оваа игра од три и пол години се решив за да се кандидирам за Претседател на еМакедонија. Ако ми е единствена цел да добием медал на оваа игра немаше воопшто да се кандидиран овој месец покрај претходните две објавени кандидатури од моите против кандидати, значи моја цел не е само да го добием тој медал односно да го имам на мојот профил.

Најпрвин ќе напишам за моите почетоци во оваа игра се регистирав преку линк од United Macedonia кој го имаше постирано на форумот кајгана, по неговото постирање на линкот за негов реферал на оваа игра и прочитани постови од други играчи кој ја играле оваа играчи кој ја играле оваа игра ми привлече внимание и ја да се регистирам воедно да помогнем на еМакедонија која тогаш имаше само четири месеци додадено на оваа игра. Како почетник на оваа игра само играв дво клик односно само тренирав и работев, дека со малку сила не помогав воопшто односно само без потребно ќе го трошев голдот што го имав за леб. Како секој почетник на оваа игра и мене не ме привлече некое големо внимание затоа што си ги следев советите од постарите играчи да не пукам само да бидам во двоклик. По одреден период односно едем месец од моето играње моето играње почнав да се активирам повеќе со влегување на чатот на нашиот официјален македонски канал #emkd (кој во жалост сега е во изумирање) и со запознавањето на нови играчи односно стекнување на нови виртуелни пријатели кој денес во голем процент се знаем со нив во РЛ, стана оваа игра многу поинтересна за мене. Како почетник со тогашни 700-800 сила неможеше да се најде некоја воена единица за да бидем регрутиран, тоа време се бараше миниум 1500 сила да имаш за да влезеш во некоја воена единица, но благодарение на мојот виртуелен пријател marjansp кој ме повика да бидем регрутиран во воената единица Demons кој до ден денешен сум во неа и не сум во план да ја сменим оваа единица. Откако влегов во единицата се стекнав со нови виртуелни пријатели кој денес се знаем и лично во РЛ преку собиранките што ги организиравме, кој сите имавме една единствена цел да ја играме оваа игра колку можемо активно и да помогнемо на еМакедонија.

Кандидиран сум за претседател на еМакедонија од партиите Revolutionary partu of MK, V M R O i Rastur Sistem.
Сега ќе напишам за мојата кандидатура најпрвин сакам да се активирамо сите играчи кој играмо моментално, односно да не бидаат само во дво клик туку секојдневно да помогаат со пукање која ќе биде добредојдено за сите моментално активни играчи (моментално има голем број на играчи кој се во двоклик), со правење на еПопис на сите играчи Македонци и Македонки без разлика дали сега имаат еМакедонско државјанство или државјанство на друга еДржава. Да се организирамо сите во 4 групни пораки, односно за секоја дивизија да има своја групна порака и секојдневно да бидаат известени кај треба да се пука, и ако потребноо организирано пукање да бидаат известени некогаш и 2-3 дена унапред. Ако се активирамо сите играчи, и ако на нас ни биде интересна оваа игра секој играч би било пожелно да донесе по некој нов играч (најмалку барем по еден играч), односно
постепено да се направи нов baby-boom на оваа игра кој ќе биде како во наша корист, така и во корист на новите играчи кој ќе ја почнаат оваа игра. Имам предлог да се воведаат пак заедничките удари дали ќе бидемо активни преку чат или
преку постови напишани не е важно само да биде организирано и заедничко пукање во една одредена битка одредена според нивната дивизија.

Во однос на нашите пријателства односно земјите сојузнички треба да се заборави минатото, затоа што во моево играње освен со еЧиле и еИндонезија се немамо замерено, со сите други појаки или послаби држави се имамо замерено, тоа што било
во минато да се заборави да се гледа сегашноста и иднината, ако гледамо во минато ништо нема да постигнемо. Исто така да се зајакнаат односите со моменталните наши сојузници, и да се стекнаат нови пријателства колку ќе им помагамо кога треба на
нив толку ќе ни биде возратено и на нас, а доколку не помагамо на нашите сојузници пукамо каде што не треба односно секој си пука каде што сака со тоа ништо не правимо, секогаш треба да се гледа која битка е најприоритетна, а после да се пука во други помалку приоритетни битки, ако нема тогаш приоритетни битки за нас и за нашите сојузници може да се пука за БХ медалот кој доста играчи го сакаат али некогаш тие 5 голд што ќе ги добијаат лично само еден играч со таа помош може да се помогне во некоја битка кој ќе добиаат сите играли на таа држава и држави сојузници.

Имам прва цел да се ослободимо од нашите јужни троседи, односно да ги имамо оригиналните региони слободни, а подноцна која ќе биде следна цел ќе видимо од моменталната ситуација. За ослободување од нашите јужни троседи ќе бидаат известени сите играчи ако е потребно 2-3 дена унапред преку порака и статија и ќе ја знаат која е нашата следна цел после тоа, ако бидемо сите сложни и сите активни ќе постигнемо ако не нема ништо да постигнемо значи сите треба да бидемо сложни без разлика од која воена единица е, која партија е, дали има моментално македонски државјанство или не, тоа не е важно во најмала мера најважно е сложноста на сите играчи и без препукување на самите играчи.

Ќе се залагам да најдем нови играчи кој ќе донираат леб, оружје или мкд во донаторската акција организирана од страна на LazarosaMKD.

Мојот тим за следниот месец е составен од играчи од мојата единица Demons, како и играчи кој се активни кој добро се знаем со нив како во играта така и во РЛ, кој секогаш во своите можности ќе ми помагаат: Stole lazarov, Mane komita, Bojan aka t-Mac, Tomidam, Zovani, Mirce-mak, DGKukusev, temelce, don tas, darkan7, goodbeer, Boban Panovski (циглата), loader (danakmkd), Persej Makedonski, Avramovski Slave, marjansp, warriormkd, mojov, Red stefan, dDejan, Nikola Gruevski Makedonec, BucephalusIII, El Che G, Alexandar Makedonski III, thedragon, outoffspace i Ace Veles. Секој друг кој сака да помогне слободно нема ме контактира и е добредојден во мојот тим за нареден месец.

Ќе бидем благодарен ако вашиот глас го дададе за мене за претседател на еМакедонија о7.