Македонија vs Италија ( Пандев vs Лотито - Лацио ) !!!

Day 1,219, 13:00 Published in North Macedonia North Macedonia by MKHero

Македонија – Италија 21:0. Епа народе ... многу сме јаки 🙂 Замислете па и да се напневме, да удревме со цела сила, армија, сојузници ... парталииииии 🙂

Да преминеме на главното. Имено нашиот дописник од терен, јавува дека Клаудио Лотито ( Сопственикот на ФК Лацио ) е во голема паника. Да се потсетиме !!!



На 29/06/2009 година, кога нашиот Пандев се трудеше да премине во Интер и со тоа да напредува во кариерата, Лотито изјави:
“Ако сака да игра остро, тогаш Лацио ќе врати со иста мера. Тие (Пандев и агентот) се закануваат со напуштање по завршетокот на договорот, но јас ќе го заковам (Пандев) на клупата на Олимпико за цела година.“ - се закани тогаш претседателот на Лацио.



Така и беше, Пандев не играше за Лацио цела полусезона, НО на крај пак премина во Интер, без Лацио да добие скршен денар ( Лацио го изгуби судскиот спор ).



Сега како што може да се види на сликата подоле, Лотито се храни со последните резерви на Италија, скриен од нашите тенкови во некоја дупка.



Според последните информации Лотито се плаши дека ова е одмзада за Пандев, па ги пакува куферите, стравувајќи дека Горан ќе влезе во Лацио заедно со нашата армија.



Лотито ЧУВАЈСЕ !!! Правдата секогаш на крај излегува како победник.