ИДЕАЛИ vs. ИДОЛИ

Day 1,442, 06:55 Published in North Macedonia Chile by AlexSkopje

Денешниов ден со сите препукувања помеѓу нас а поврзани со заминувањето на ScymeX, самиот по себе провоцира да се напише статија.
Она што сакам да го кажам е дека не треба да се прави ИДОЛ од никого, ниту од ScymeX, нити од Aexil, Mudash, Don TAs и така натаму ( се извикани и признати еМакедонци) затоа што на идолите им се поклонуваме, пред нив сме понизни, обезглавени. Претходно наведените играчи, а и дузина како нив треба да ни бидат ИДЕАЛИ(секако ова се однесува на играва, затоа што во РЖ не ги познавам), затоа што идеалите се тие кои се следат, претставуваат цел кон која секојдневно се стремиме.
Едновремено сакам да ги повикам нашите највлијателни единици PanzeR и ArMakedon да ја спуштат топката, да ги смират страстите и оладат главите, затоа што едно е сигурно, сите се бориме за еМакедонија. Нема потреба од навреди и надмудрување по shouti и статии, паметни сте и едните и другите, јаки сте и едните и другите ама појаки ќе бидете доколку сте заедно и со сите нас. И едните и другите имате претставници во воената и политичка елита на државава така да средете го ова недоразбирање по мирен пат.
Што се однесува на ScymeX вратата на оваа наша еМакедонија му е секогаш отворена и го очекуваме во најскоро време да ни се врати.

За крај уште еднаш повикувам на разум, во спротивно се што се градело ќе се сруши како кула од карти