Штетата оди на еМакедонија! [VOIX]

Day 1,728, 05:23 Published in North Macedonia North Macedonia by Voix of Macedonia

Здраво Македонијо!

Искрено незнам како да ја започнам оваа статија и поради тоа ќе ја започнам едноставно како ќе ми дојде 🙂!

Не е ништо ново кај нас да има поделби помеѓу власта и народот и секогаш некој е виновен за нешто! За власта виновен е народот кој не ги слуша и не ги следи нивните замисли. Додека пак за народот е секогаш виновна власта поради разно-разни причини. Во случајов и двете се во право, но и двете имаат кривица!
Кривицата е една и единствена! Си гледаат за себе!
Секој гледа да наштети на тој што го “заебал“, а претежно кога се прави такво нешто секогаш на крај СТРАДА еМакедонија!

Претседателот ќе си замине!

Народот ќе се смири и ќе се фокусира на следниот претседател!

НО, тоа што ќе остане ќе биде ШТЕТАТА направена врз Македонија!

Утре ќе се заборави се! Сме имале многу такви случаеви кога претседателот бил премногу плукан за негов мандат, па фала богу останал еЖив и еЗдрав и сега никој не ги плука!
Но, тоа што ќе им го направиме на сојузниците, макар биле и мали и послаби држави... Никогаш нема да го заборават!

Во моментов имаме се што посакувавме! Ресурси, Територии...

Но, играва не е завршена за нас! Ќе се игра уште и треба да го искористиме моментов и сите да се зајакнеме економски и воено!

Грците сега одмараат! Но, само пред повторно да удриме на нив! Тоа ни е целта во играта, тоа ќе остане! Имаме еден природен непријател во играва! Да се припремиме за него! Сме го направиле тоа неколку пати! Следната битка со нив ќе биде многу интересна и драматична! А, ќе ја има!

Наместо да се трошите поради некој непотребен инает, да се чуваме за ВИСТИНСКАТА ВОЈНА!

Македонци нека ова биде затишје пред бура!!!

о/