Достоинство! [VOIX]

Day 1,553, 01:42 Published in North Macedonia North Macedonia by Voix of Macedonia

Здраво Македонијо!

После подолго време се решив да пишам статија, во период кој е тежок не само за нас, туку и за целиот наш сојуз. Не е тајна дека ЕДЕН не тепа како сака и кога сака! Тоа неможе да го смени ниту еден претседател од ОНЕ, но можеби би можел некој од ЕДЕН што знаеме 🙂. Но не ми беше тоа муабетот...

Долго време немаше колење и глумење патриоти, кој од кој е поголем... и да ви кажам право иако губевме секаде, мене ми беше 100 пати поинтересно, отколку кога ќе почнете да се докажувате кој бил патриот, а кој бил предавник!
Највеќе ми е криво што сето ова се прави во мандатот на ДаркоДимовски кој е еден од најактивните претседатели што еМакедонија ги имала... штом на негов мандат тој го дочека тоа, тогаш заслужуваме никој да не се кандидира за претседател, или пак некој кој вистински ќе ја испразни НБРМ и ќе си замине, само тоа го заслужуваме!

Вчера како никогаш до сега почувствував нервоза од играва... искрено не сакам да се нервирам за игра и поради тоа и пуштив шаут ваков:



Тоа и го мислев во моментот, а сигурен сум дека и многу други го мислеле... затоа што ниеден човек што толку се труди за некоја работа не заслужува ние кои еднаш или 2 пати влегуваме во играва да кажуваме дека не чинел... со ваков сојуз кој сака нека дојде неможе да направи ништо отколку да се бори за гол живот! Навистина во овој момент ќе користев и малце повулгарни зборови, но нема да паѓам на такво ниво...

Соберете ја храброста веќе еднаш!!!

ЕДЕН беше на нашава позиција една година и пак остана како сојуз!!! А ние после 2-3 месеци и готово морал да се менува сојузот...

Грција ја чувавме 3 месеци без да се ослободи и сигурен сум дека тогашните нивни претседателе трпеле помали идиоти од нашиве!

Глумите дека сте патриоти некои и дека ви е гајле за еМакедонија... само незнам со кој образ го кажувате тоа, кога со вашите постапки само ја носите еМакедонија кон поделба и внатрешно уништување! Доста веќе го храните тоа ваше виртуелно ЕГО!!

Размислете што ви е поважно... Државата или Егото!! Тогаш дојдите и кажите ми дека сте патриоти!! А не само за збор!!

А можеби и сакате да се растури еМакедонија што знам... да си заминат силните играчи на кои навистина им значи нешто...