Половина Година од ДБК [VOIX]

Day 1,436, 04:33 Published in North Macedonia North Macedonia by Voix of Macedonia

Здраво еМакедонијо!

Ехх како да почнам...
Беше тоа некаде пред 26ти април кога се запознав со DiplomatMk или сега попознат како мега бот! Јас бев цивил а и тој беше цивил и ми вика: “Брат абе знаеш јас голема желба имам да имам единица“ и јас му викам: “Абе бегај таму незнаеш што обавеза е тоа и губење време“
И после некое време или поточно 26ти Април го среќавам на чат и ми вика брат направив единица, “сакам да влезеш со мене затоа што ти имаш тенкара а јас имам лебара и таман ќе биде“ и јас му викам да ми покаже МУто и што ќе видам.... сите со сила 200 или 300 леле леле! И почна реконструкција на единицата и почнаа да доаѓаат drakalbt - Нашиот фотошоп мастер!,

Ivan Bot - Перверзен и луд до даска, кога е најлоша атмосферата знае да ја крене!

Dedo Mraz - Спие на канал 24/7 секогаш достапен, а богами и со дебели живци!

Th3Terminator- Лојален на единицата од самиот почеток па се до сега.. прав пример

GV1983 - Премногу помагаше кога беше густо во единицава и сеуште помага кога има потреба

Toniey - Најбаниран човек од моја страна 🙂

denigv - На времето беше доста поактивен, но сега има РЖ обврски

LeRade - Човекот кој ни ги правеше сите табели и такви срања!

vojislavp - Нашиот најискусен член, човек кој е од самиот почеток во единицава и баш низ времињата кога се делеше по 3 тенка на 3 дена! Никогаш не побарал тенк ако сами не му дадеме! Почит!

Matejsh - Човекот кој многупат сакаше да се откаже од ерепублик, но никогаш од ДБК!

CikoMKD - Најсилниот наш член на почетокот! Го бараа многу единици, но тој остана во ДБК иако ќе имаше повеќе ќар во други единици!

Значи овие беа тие што се од самиот почеток во ДБК и останаа тука! Ама ми ја потекоа главата од спамање!!! Тогаш давав највеќе банови и кикови 😁
Од тогаш и сега главен командант на ДБК беше Dedo Mraz лудиот дедо кој што дреме на играва по 24 часа 😁!
И така ние си теравме со 4-5 милиони инфлуенс, но тоа беше додека не дојде:
ShadowStalkerr - Сенката!! Одговорен и посветен секогаш... многумина го знаете и кога беше во МОД тимот од месец септември, нема што многу да се објаснува за него, се знаете!
Дојде во единица и одма почна да ми мрчи како единицата била неорганизирана и дека требало да се прави елита, но јас го игнорирав и одолеав на неговите напади, НО за кратко! Кога ми рече дека елитата ќе биде на негова одговорност, јас прифатив! И богами направи права елита, сега сме многу блиску и до Панзер, АрМакедон и Волци (МТО неможеме да ги стигнеме затоа што тие ги имаат боговите)!

Од ден на ден правиме се поголем инфлуенс, на собирите се собираме и по 40 души на канал (зборувам само за елита) и правиме доста голема разлика во ѕидот! Исто така морам да ги спомнам el1temkd кој заедно со Toniey му се лева и десна рака на Сенката! Исто така морам да го споменам Prokopie, кој иако е баран од многу единици, тој остана во ДБК и сигурен сум дека својот еЖивот ќе го помине во оваа единица! Исто така ќе го споменам и Grand Admiral Kristijan човекот на кој му работат копчињата за кб и исто така 4 месеци во министерство за економија и Prilep4an4e кој иако е многу избувлив и многу се има карано со мене, сепак ја сака единицава како да е негова.. Респект! Но дали може да помине вакво нешто без да ги споменам поранешните претседатели:
Контраверзниот Makedonija Do Indija исто така познат како голем трол🙂 и Непофторливиот и до сега најуспешен претседател на еМакедонија, човекот кој сакаше да стане агент и ние тоа му го овозможивме....Strumjanin!

За крај специјален поздрав до нашите дами во единицата Skopjankaxx и ArenaMK кои ги користиме за специјални шпијунски мисии... затоа што како што знаете најдобро за да фатиш криминалец е да му испратиш женска! Овие две дами се залагаат за единицата исто како и за еМакедонија... ве сакаме девојки!!!

Имајте едно на ум... оваа единица ќе расте уште и ќе се бори и ќе работи за еМакедонија!!!

Регрутација

ДБК врши регрутација за сите заинтересирани!!

ДБК обичната - над 2500 сила обратете се кај Дедо Мраз!

ДБК елита - над 3500 сила обратете се кај Сенката!