Македонски менталитет + Предлог до влада [VOIX]

Day 1,339, 08:05 Published in North Macedonia North Macedonia by Voix of Macedonia

Драги читатели!
Последно време скоро секој ден пишувам статии и се извинувам што денес оваа ми е втора статија, но чувствувам обврска дека морам да ја напишам!

1.МАКЕДОНСКИ МЕНТАЛИТЕТ!!

Прво ќе ве навратам на некој месец назад уште на времето кога Струмјанин беше последен пат претседател на еМакедонија кога почнавме походот на еГрција и кога долго време немавме изгубено битка и се беше “совршено“, па дури ви беше и досадно и сакавте да се откажете од играва затоа што премногу сме победувале. Сега кога почнавме да губиме и не фати криза (што е нормално секого го фаќа криза) почнавте сите да плачете, а од друга страна се правите лавови и војници... е да ви кажам нешто(секако за тие што плачат) вие не сте ништо друго само обични п***и, извинете што така се изразувам ама што е многу многу е!!!
Велика Британија изгубија 4 региони а не видов ни еден Британец да плаче по шаути и да плука по се што стигне! Значи да се разбереме немам ништо против да се каже своето мислење, но секогаш си има време кога тоа треба да се направи, а не баш во време кога тоа најмалце треба!. Во очи ми падна оваа статија која што неможеше авторот да избере полош период да ја објави ( можеше кога било само не сега) наместо кога губиме, ние да се обидеме да излеземе од таа ситуација и сите заедно да пробаме да излеземе на површина, ние како да се обидуваме да се потонеме самите себеси.
Па добро бе Македончиња дали вие имате мозок во главата ваша??? Дали еднаш во вашите животи ќе го користите мозокот и ќе кажувате работи кога треба да се кажат? Само едно нешто сега ќе кажам!!!! Немојте да се чудите зошто никој не не почитува и не не сака!! Ние сами незнаеме да се сакаме, па очекуваме некој друг да не сака??? После зошто ОНЕ не ни помагал? За кого да помага ајде кажите?? На ваков народ ни јас не би сакал да помогнам што сум Македонец па не некои странци. Ако сакате да излеземе од ситуацијава, средите го мозокот и оладете малце... ако сте дошле на оваа игра за Македонија, барем така однесувајте се!!
Сето ова го зборувам и морам да ви покажам нешто:


Линк за поголема слика

Незнам која е причината за ова што го гледам на сликата (можеби недоразбирање, а можеби и информацијата која излегла во весникот кој го извадив во линк погоре), но со ова може само да се оди надолу, нагоре никако! И ако еден ден не избришат да знаете дека ОНЕ нема да биде крив туку самата наша малоумност и предавничка крв во душата што ја имаме. И во очите на другите секогаш ќе си останеме Безименковци и нација без корен затоа што и самите не си го знаеме коренот наш!!!
Во врска со ова толку од мене сега да преминеме на предлогот со кој наместо да плачеме можеме нешто да смениме!!!

2. ПРЕДЛОГ
Прво морам да кажам дека огромна инспирација за овој предлог имав од овој Македонец кој за разлика од другите се решил да најде излез од оваа ситуација!!! Секоја чест до него!

Вака на што се состои оваа идеа!!! Знаеме дека пред едни измени во НБРМ имавме државни тенкари и фабрики за храна, но сега поради лимитот на магацините во организациите тие се префрлени кај Струмјанин и требаше да се стават на аукција, но од тоа ништо не излезе и сега барем тие тенкари може да се употребат за нешто покорисно!! Секако за ова да испадне како што треба Струмјанин треба да има време, а ако тој нема време тогаш да се дадат тенкарите на некој што има доста време да помине на играва ( и секако да биде човек од доверба). Значи што е планот!

Во тие 3 тенкари и 2 лебари секој ден може да работат цивили за минимална плата и после нивното работење да бидат избркани од тој што ќе ги има фирмите во тој момент и на нивно место да се вработат други 5 души ( сега најголем проблем во овој предлог е координацијата, но мислам дека и тоа може да се среди со шаутирање од претседателот и членовите на владата). Значи со бркањето од работа на тие 5 души, поточно 15 души во тенкара и 10 души во лебара вкупно може на ден да се произведат околу 4000 тенкови и 160 000 здравје кое истото ќе биде искористено како рефунд за цивилите и за да бидат опремени поголем број од цивилите ( а зошто да не и некои членови на единици кои имаат голема сила). Значи со ова ништо не губите затоа што после работењето таму ќе си се вработите во друга фирма и готово никому ништо!!! Ајде да го направиме предлогов реалност (секако ако ви се допадна) !!!

Поздрав Македонци и ве молам исчистете го тој менталитет и покажите дека сме Обединети... Јас ја играм играва за Македонија а ти???