Интервју со United Macedonia!

Day 1,315, 03:27 Published in North Macedonia North Macedonia by KralMakedonski

Здраво на сите,после вчерашното интервју на еПолска.
Денес ке ви го претсавам интервјуто со United Macedonia! 🙂

1.Кој е United Macedonia во РЛ?Раскажете нешто за него!

17 години.. сеуште ученик и живее во Велес

2.Какво е чуството да се биде претседател на еМакедонија?

Па добро е во секој случај што си ја имаш подршката на избори, но исто така и е голема одговорност зошто бара да ги исполниш очекувањата на гласачите и општо на сите играчи.

3.Според ваше мислење,за време на кој најмногу зајакна еМакедонија?

Не би можел да издвојам ниеден мандат зошто се работи за различни временски интервали, но во глобала во сите мислам дека поминавме добро без некои големи последици иако грешки имаше секогаш.

4.Како ги осудувате изборите?

Па не ги осудувам зошто се дел од механизмот на играта, сепак нивото на културата во нашава држава па и на Балканот си го прави своето.. купување гласови на секој чекор, понуди на шаути и слични работи кои воопшто не ми се допаѓаат посебно она јавно нудење на пари за гласови.

5.Што мислите,дали намерно ги пуштивме гејците да се ослободат,само да добиеме НЕ,или тоа е наша грешка?

Не верувам дека е намерно за 1 ден да имаме природен непријател туку се ослободија затоа што мислам дека малце се уморивме, сепак после ослободувањето ќе си ја сватиме повторно уште поозбилно работава и ќе ги вратиме каде што припаѓаат.. ништо страшно важно.


6.Каква ни е економијата во државата?

Како и во сите други земји (нијанси се во прашање), економскиот модул одамна изумре во играва и сега админите ги контролираат нашите економии со пуштање на фејк денари и слични работи за слабеење на денарот.

И за крај оставете порака до Македонскиот народ.

Да бидат сложни, да се почитуваат и да не го сфаќаат премногу сериозно политичкиот модул 🙂

Тоа беше се,фала на вниманието 🙂