Претседателско обраќање [UNISTUVAC MKD]

Day 2,147, 10:31 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija



Почитувани граѓани на еРепублика Македонија !

Прво сакам да им се заблагодарам на сите што ме подржаа и гласаа за мене. А оние кои не гласаа се знае, ГОЛИ ОТОК (со по неколку фуфи). Уште не започнат мандатот почнаа луѓе да ми пишуваат кои ми се плановите за во иднина, какви идеи имам, па до таму отидоа што уште нестанат Преседател на еРепублика Македонија почнаа да ми се закануваат со БАН и Импич. За тие што ми се закануваа само ќе им кажам БЛАГОДАРАМ, а на другите ќе им ги кажам дека моите планови се исти како и на сите предходни ЦПа.

Па да образложам за моите идеи и планови:

Обавзна музичка подлога

За идеите ќе го почекаме Субрата Рој, тој е човекот со идеите додека ние сме ти работни луѓе, работиме со планови. Мојот прв план е да видам кои од овие ГАЗДИВЕ на ерепублик не плаќа данок, исто така кој вработува по родбински линии и на крај али не и неважно, кој ги малтретира работниците ! За таа цел ќе им испратам УЈП, Пазарна и Трудова инспекција да проверат се живо и диво. Понатака во план ми е да ја вратам еМакедонија на мапата, ако неможам со сила, ќе си испечатам моја мапа на која еМакедонија ќе биде најголема и најјака. Ќе ја поделам низ народот и сите ќе бидеме задоволни. Ако и тоа не ми успее ќе платам неколку патриоти да кренат востание (по можност во Крушево) а други ќе пукаат со пушки во Куманово и Прилеп, колку за одвлекување на штетата од аскерот. Ако треба ќе идам и со новава мода и ќе пратам терористи да се бунтуваат по другите држави колку за подгревање на тензиите. Исто така ќе отворам во секој регион Народни кујни за ТОПОЛ ОБРОК бидејки бајатиов леб од Плато кај е скап таму е бајат и сув и не се трпи веќе. Исто така НБРМ ќе ја отворам за обичните смртници, а не само за еАкадемците. Кој сака да земе кредит (од МЕДот) ќе треба да донесе изводи од плата, 3 жиранти вработени во државна администрација, последни платени сметки на ерепублик и НАЈВАЖНО доказ дека гласале за мене.

П.С.

Дечки ова е игра и играјте ја како таква, бидејќи три години е иста и нема сега да се смени.

П.С.С.

Изрека само за играва :

ДЕНЕСКА СИ ЦАР, УТРЕ СИ ГОВЕДАР !!!

И за на сам крај ги молам плукачите и тролачите да почнат да си ја вршат работата !


EDIT :

Под присила бев да отворам ново министерство, такозвано "PRC"
Во него почесни членови ќе бидат :
ScymeX
Aexil Kong PRC
Red Tornado
Volk 1975

.
.
.
.
.